Студенти од Brainster Next создадоа бета верзија на модел за предвидување стечај на компаниите за ТАРГЕТ ГРУП

Share

Студентите го креираа првиот чекор кон развој на производ кој во иднина може да стане критична алатка за финансискиот сектор.

По летната напредна пракса кај партнерската компанија ТАРГЕТ ГРУП, дел од студентите од трета година на Софтверско инженерство и иновации презентираа значајно достигнување.

Како резултат на праксата, студентите успешно создадоа бета верзија на иновативен модел што предвидува кои компании имаат најголема веројатност да влезат во стечај во следните три години. Моделот кој се потпира на анализа од 60 000 компании, е првиот ваков проект реализиран во Македонија.

Студентите работеа со ТАРГЕТ ГРУП, првата бонитетна агенција во земјата, која е специјализирана за анализа на финансиски податоци на компании од земјата и регионот. ТАРГЕТ ГРУП соработува со над 2 000 клиенти и нуди значајни и релевантни информации, потребни на компаниите за носење на секојдневни бизнис одлуки. Тимот од студенти дојде до фасцинантни резултати и успеа да создаде иновативно решение со модел на точност од 89%.


Студирај практично! Студирај IT! – Закажи инфо средба!


Практикантите од Бреинстер Некст факултетот не само што се соочија со реална работна средина и тимска работа, туку и применија напредни алгоритми за машинско учење и аналитички методи за да ги пресметаат ризиците на бизнисите.

ТАРГЕТ ГРУП беа воодушевени од високата точност на предикциите:

„Соработката којашто ја имавме навистина ги надмина моите очекувања. Првенствено од ентузијазмот и посветеноста на студентите што беше евидентна уште од првата заедничка средба каде што ги споделивме заедничките очекувања.

Резултатот постигнат од студентите, е одлична основа за градење на нешто што ќе биде вистински бум во македонскиот пазар и неопходна алатка во работата на секоја компанија и финансиска институција“. – Марија Јовановска, оперативна директорка на ТАРГЕТ ГРУП.

„Немаме експертиза во областа на ова што се работеше, нашата експертиза е во податоци. Сетот на податоци го имавме и сакавме да направиме продукт којшто ќе им биде, пред сѐ, корисен на финансискиот сектор во државата, probability of default за проценка на бизниси.

Она што имаат направено студентите е фасцинантно и искрено неочекувано за мене, да дојдеме до проценка од 89% точност“. – Огнен Огненовски, основач на Бизнис Мрежа и ТАРГЕТ ГРУП.

Напредната практична работа во рамки на студиската програма за Софтверско инженерство и иновации на Бреинстер Некст факултетот придонесе студентите не само да ги усовршат своите технички вештини, туку и да постигнат реални достигнувања. Со креирањето на модел што може да предвиди стечај, студентите го отворија патот за идни иновации кои ќе имаат огромно значење за компаниите и финансиските институции во земјата.

„Работевме со многу ентузијазам и со визија да направиме нешто што ќе има реален импакт. Видовме колку клиентите од ТАРГЕТ ГРУП беа воодушевени и тоа ни го крева ентузијазмот за понатаму“ – Лео Новковски, Софтверско инженерство и иновации.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Приемниот тест е отворен!

      Студирај бесплатно на Brainster Next факултет

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!