Марко Велиновски и Мартина Соколеска од студиската група Софтверско инженерство и иновации, летото го поминаа на пракса кај нашите партнери Blockia Labs.
Blockia Labs е нова, интернационална компанија со седиште во Естонија која има локално присуство и во Македонија. Се работи за консалтинг компанија за ИТ услуги, со најнови технологии во светот кои вклучуваат блокчеијн иновативни технологии и трендови.
Како си поминаа Марко и Мартина на двомесечната пракса?
Студирај практично! Студирај IT! – Закажи инфо средба!
Поразговаравме и со основачот на Blockia Labs – Панче Исијаски.
Тој ни сподели за искуството со практикантите, како и за менторската програма која ја нуди нивната компанија.
1. Зошто се одлучивте за соработка со Brainster Next факултетот?
Се одлучив за соработка затоа што и јас бев дел од Бреинстер Некст факултетот како предавач на предметот Web3. Brainster и студентите се во чекор со новите технолошки трендoви. За мене ова беше изненадување затоа што не очекував некој во Македонија да ги следи овие технологии, а особено да бидат дел од образовна програма.
Паралелно додека предавав, ја формиравме и Blockia Labs и така дојдовме до идејата да соработуваме со Brainster, пред сѐ во овој домен на нови иновативни технологии.
2. Нашите студенти Марко и Мартина од Софтверско инженерство и иновации беа дел од Вашиот тим како практиканти. Какво беше нивното интегрирање во Blockia Labs?
Марко и Мартина се фокусираа на блокчејн технологии и поминаа одлично како дел од нашиот тим. На пракса, дојдоа генерално со добра подготовка и предзнаење од она што претходно го имаат поминато на факултетот.
Но, ние имаме и добра менторска програма затоа што една од нашите цели е да го шириме интересот за овие технологии. Веќе имаме создадено добра база на менторство, како и интерно знаење. Кога самите практикнати ќе се приклучат на нашиот тим веќе имаат дефинирано што треба да работат и што треба да читаат.
Тие имаат предвид што треба да работат во следните месеци и кои се нивните предвидени задачи.
3. Освен практикнати од Brainster Next факултетот, во Вашиот тим се приклучија и двајца наши алумни студенти од Академијата за дигитален маркетинг. Каква е нивната улога во Blockia Labs?
Алумни студентите од Академијата за дигитален маркетинг се снаоѓаат одлично, а најмногу во делот на контент маркетинг. Една од нашите цели е едуцирање на нашите практиканти, а практикантите коишто се дојдени од Brainster веќе имаат доста солидна подлога за ваков тип на маркетинг: продуцирање контент, бизнис постови, newsletter и сл. Практикантите од Brainster се доста активни и ажурни и продуцираат одличен контент.