Студентите од Brainster Next факултетот им презентираа на Johnson Matthey

Share

Студентите од втора година од студиската програма Софтверско инженерство и иновации на факултетот Brainster Next  имаа можност да го презентираат својот завршен проект за Предмет од индустрија пред партнерите од Johnson Matthey, најпрофитабилната компанија во нашата земја.

Во рамки на предметот, студентите работеа 7 недели на развој на апликација која ќе им помогне на вработените во Johnson Matthey поефикасно да ги организираат своите секојдневни обврски. Ова беше одлична можност за нив да ги применат стекнатите знаења во пракса и да работат на реален проект за компанија од ваков калибар.

„Соработуваме со Brainster Next како единствен факултет од ваков тип во земјата. Нашата главна цел помеѓу оваа соработка е да направиме мост помеѓу индустријата и образованието, односно да доближиме она што реално се случува во деловниот свет.

Денес заокружуваме една фаза од нашата соработка помеѓу Johnson Matthey и Brainster Next со претставување на завршните проекти на вас, студентите, за Предмет од индустрија којшто е поддржан од Johnson Matthey. Нашата компанија постојано вложува, како во своите вработени, така и во млади ентузијасти.“ – Ана Апостолова, претставничка на Johnson Matthey

На презентацијата, студентите имаа можност да ги демонстрираат своите вештини и креативност, како и да добијат повратни информации од професионалци од индустријата. Ова искуство ќе им биде од голема корист во нивниот понатамошен развој како софтверски инженери.

Во Brainster Next факултетот веруваме во учење преку пракса и затоа им овозможуваме на нашите студенти да се стекнат со реално искуство уште за време на студиите. Соработката со компании како Johnson Matthey е од исклучителна важност за нашите студенти, бидејќи им овозможува да се запознаат со реалните потреби на индустријата и да развијат вештини кои се барани на пазарот на труд.

За потребите на предметот, студентите имаа можност и да присуствуваат во простории на Johnson Matthey каде го доживеаја процесот на изработка на катализатори и стекнаа непосреден увид во сложените процеси кои стојат зад напредните технологии.

Честитки за нашите студенти за успешно завршениот проект и се надеваме дека ова е само почеток на нивната успешна кариера во софтверско инженерство!

Ако си матурант/ка кој/а сака да учи од индустријата додека студира, тогаш ова е твојата можност да се приклучиш на нашата заедница. Новиот уписен рок е отворен – реши го приемниот тест! Оваа година примаме само 125 студенти!

Доколку си родител, закажи информативна средба и дознај повеќе за нашите студиски програми, како и за иновативниот финанси модел: „Студирај бесплатно, плаќај по вработување“.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Приемниот тест е отворен!

      Студирај бесплатно на Brainster Next факултет

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!