Студентите поминаа два викенда за да ја изградат OutLearn, платформа за средношколци

Share

Во Brainster Next факултетот веруваме дека најдобро се учи преку пракса, работа и преку акција. Нашите хакатони можеби се познати по својот натрпеватувачки дух, но тие се и интензивни, 48-часовни искуства кои ги туркаат студентите да ги претворат теоретските концепти во релевантни решенија. Ова е нашата лабораторија за иновации, каде студентите од студиската програма Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн, рамо до рамо со колегите од академиите на Brainster, ги тестираат границите на своите способности на реални проекти.

Хакатонот за OutLearn, едукациска платформа за средношколци, во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, беше совршен пример за ова. Првиот викенд ги донесе креативните идеи со студентите од креативните академиите од Brainster и студентите UX/UI и графички дизајн на Brainster Next факултетот, а вториот – нивната реализација со техничките академии и студентите од студиската програма Софтверско инженерство и иновации. Победничкиот тим од првиот викенд – тим 1, го постави темелот со својата визија за едукативна платформа за средношколци, а нашите студенти од Brainster Next, заедно со колегите од академиите, ја презедоа работата во свои раце и ја претворија идејата во функционален производ.

Студентите ги комбинираа своите различни вештини, од фронт-енд и бек-енд развој до дизајн на корисничко искуство, работејќи под менторство на искусни професионалци. Тие не само што ги применуваа своите постоечки вештини, туку и активно учеа нови, соочувајќи се со реални проблеми и наоѓајќи иновативни решенија. Заедно, тие ја изградија OutLearn платформата од почеток, секој член на тимот придонесувајќи со својата уникатна експертиза и вештина.

“Чувството да се работи на хакатон е извонредно, многу интересно, забрзано, турбо, динамично, идеи летаат насекаде, се довикуваме… Мислам дека ова е нешто што секој треба да го доживее барем еднаш во неговиот живот и кариера,”

споделува Јован Јорданов, студент на UX/UI и графички дизајн на Brainster Next, доловувајќи ја интензивната и инспиративна атмосфера.

Крајниот резултат? Функционална платформа OutLearn! Овој проект не само што им обезбедува вреден ресурс на средношколците, туку и ги подготвува нашите студенти за предизвиците на реалниот свет.

OutLearn ќе продолжи да расте, нудејќи разновидни курсеви кои го прилагодуваат учењето на потребите на секој средношколец. Ние во Brainster Next факултетот веруваме дека образованието треба да биде динамично и релевантно, а овој хакатон е доказ дека сме на вистинскиот пат.

Ако си матурант/ка кој/а сака да студира преку работа на реални проекти и да учествуваш на вакви хакатони, тогаш ова е твојата можност да се приклучиш на нашата заедница. Новиот уписен рок е отворен – реши го приемниот тест! Оваа година примаме само 125 студенти!

Доколку си родител, закажи информативна средба и дознај повеќе за нашите студиски програми, како и за иновативниот финанси модел: „Студирај бесплатно, плаќај по вработување“.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Приемниот тест е отворен!

      Студирај бесплатно на Brainster Next факултет

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!