Долгите часови теорија не помагаат никому, а најмалку на студентите. Долгите, исцрпувачки часови, преполни со апстрактни концепти, честопати се сведуваат на монолог, каде студентите се пасивни слушатели, а не активни учесници во процесот на учење. Истражувањата, како она на Националниот центар за статистика на образованието во САД, јасно покажуваат дека студентите кои се вклучени во практични активности, како што се стажирања и проекти во соработка со индустријата, имаат значително поголеми шанси за вработување по дипломирањето.
Студентите кои учат преку работа, а не само преку теорија, се подобро подготвени за предизвиците на пазарот на трудот. Токму со оваа цел е отворен Brainster Next – првиот акредириран практичен IT факултет кај нас. Денес, кога технологијата и пазарот на трудот се менуваат со неверојатна брзина, традиционалните методи на образование веќе не се доволни. Студентите и професионалците се соочуваат со потреба од практични вештини и искуство за да бидат конкурентни. Затоа, учењето преку работа на реални проекти станува сè поважно и претставува „новото“ образование.
Brainster Next факултетот е основан со визија да го трансформира образованието во земјата, поставувајќи нови стандарди како прв акредитиран практичен IT факултет и се заснова на верувањето дека најдобриот начин за подготовка на студентите за реалниот професионален свет е преку интензивна практична работа.. Студиските програми се дизајнирани да им овозможат на студентите да се стекнат со реално искуство и вештини кои се барани на пазарот на трудот, со што ги подготвуваме за успешни кариери во IT индустријата.

Зошто реалните проекти се важни за студентите?
- Практично искуство: Учењето преку реални проекти им овозможува на студентите да ги применат теоретските знаења во пракса. Тие се соочуваат со вистински проблеми и предизвици, што им помага да развијат вештини за решавање проблеми и критичко размислување.
- Релевантност: Реалните проекти се често поврзани со актуелни проблеми и потреби на индустријата. Ова им овозможува на студентите да работат на проекти кои се релевантни за нивната идна кариера.
- Мотивација: Работата на реални проекти е често поинтересна и поинспиративна од традиционалните методи на учење. Студентите се мотивирани да работат на проекти кои имаат реално влијание и да ги видат резултатите од нивната работа.

- Вештини за соработка: Работата на реален проект бара соработка. Ова им овозможува на студентите да развијат вештини за соработка, комуникација и тимска работа, кои се од суштинско значење за успехот во денешниот пазар на трудот.
- Портфолио: Учеството во реални проекти им овозможува на студентите да изградат портфолио што ќе го покажат на потенцијалните работодавци. Ова им дава конкурентна предност при аплицирање за работа.
Студентите на Brainster Next активно учат преку реални проекти, креирајќи релевантни производи и соработувајќи со реномирани локални и интернационални компании преку нашата мрежа од 200+ партнерски компании. Еве само мал дел од реалните проекти преку кои студентите ги тестираат и ги развиваат своите вештини:
Учењето преку реални проекти е „новото“ образование. Студенти од Brainster Next не завршуваат факултет само со дипломи, туку и со докажано портфолио на реални проекти, што ги прави моментално барани од врвните компании. Оваа методологија е ефикасен начин за стекнување практични вештини и искуство, што е од суштинско значење за успехот во денешно време.