На студентите на Brainster Next факултетот од студиската програма UX/UI и графички дизајн им беше доверен предизвикот да создадат нов бренд идентитет за култниот фестивал „Таксират“. Овој проект се одржа како дел од последниот годишен испит за студентите, под името „Имплементација на решение“, и резултираше со извонредни креативни решенија.
Фестивалот „Таксират“ не е само културен настан, туку и движечка сила во музичката и уметничката сцена во Скопје и Македонија. Со повеќе од две децении традиција, „Пасворд Продукција“ и „Таксират“ го негуваат и развиваат културното наследство, организираат значајни настани и промовираат нови таленти, како во музиката, така и во други креативни индустрии. Визијата на „Таксират“ е да продолжи да го развива културниот активизам и да ги поврзува различните етнички групи во земјата преку уметноста и културата.
Победничкиот проект дојде од студентката Бојана Коцевска, која го создаде концептот и креативниот дизајн за фестивалот „Таксират“. Таа го искористи својот испит и работата на реален проект за да отстапи од постоечките норми и да креира нешто што е уникатно и свежо. Дизајнот на Бојана е смел, оригинален и со огромен потенцијал за адаптирање за потребите на фестивалот.
„Од сите понудени решенија, дизајнот на Бојана имаше најголем потенцијал за адаптација на многуте програмски сегменти кои треба да се искомуницираат во склоп на едно креативно решение. Дизајнот на Бојана беше смел исчекор надвор од нормите на Таксират до сега и имаше искористено елементи кои беа уникатни и различни од она што веќе било видено, нешто што секогаш го поттикнуваме“. – Нела Пешевска, менаџерка на „Пасворд Продукција“
Нела работи на букирање артисти и најголеми фестивали во Македонија како „Таксират“, „Д Фестивал“ и „ПИН Музичка конференција“. Според Нела, фестивалот „Таксират“ секогаш бил фокусиран на поддршка на новите таленти, не само во музиката, туку и во сите области на креативните индустрии. Затоа, соработката со Brainster Next факултетот, кој е признат по своето висококвалитетно образование на младите, беше природен избор. „Сметавме дека може да се добие добар продукт ако се поврземе со идните таленти кои што ги негува Brainster Next факултетот,“ изјави Нела.
Работата на Brainster Next – првиот практичен IT факултет се заснова на учење преку работа на реални проекти кои истовремено и придонесуваат за заедницата. Со мрежа од 200+ партнерски компании, продолжуваме да соработуваме со компаниите со цел да креираме релеванти проекти и можности за нашите студенти.
„Секоја нова идеја доаѓа од младите. Младите студенти и кративци воопшто не се за потценување и работат на професионално ниво. „Таксират“ генерално е за помлади генерации и убаво е кога тие учествуваат во креирањето на имиџот на фестивалот.“ – Нела.
.