Првпат во Македонија: UltiMATH натпреварот со 350 учесници го крунисува најдобриот математичар средношколец

Share

На 1 декември, Македонија ќе го добие најдобриот математичар меѓу средношколците, на најголемиот натпревар што некогаш бил организиран од ваков тип – UltiMATH, а финалето ќе се одржи во Ист Гејт Мол во Скопје. Викендов 350 средношколци кои го поминаа првиот филтер, од вкупно 2500 кандидати, ќе поминат низ уште три филтри за да стигнат до финалето и борбата за престижните награди кои ги доделуваат организаторите Brainster NEXT факултет, NU Kолеџот за средношколци и партнерите на настанот.

Ова е прв натпревар од ваков тип во Македонија и настан кој на едно место ќе ги собере најдобрите математичари од земјата меѓу средношколците. Квалификациите се одвиваа од 29 октомври до 26 ноември, а иако голем број на кандидати го имаа потребниот минимум поени за квалификување, сепак, летвичката мораше да биде крената повисоко бидејќи место во завршните рунди имаше само за 350 средношколци.

„Горди сме што успеавме да привлечеме неколку илјади средношколци, од кои 350 веќе покажаа исклучителни вештини и ја поминаа квалификациската фаза. Ова е доказ дека во Македонија има млади умови со исклучителни способности и амбиции, а наша цел е да ги инспирираме и да го наградиме нивниот успех. Со UltiMATH сакаме да создадеме традиција што ќе поттикнува таленти кои својот академски и кариерен развој ќе го насочат кон СТЕМ областите“, вели Петар Ниновски, основач на образовниот центар Бреинстер, на првиот практичен ИТ факултет Бреинстер НЕКСТ и на NU Колеџот за средношколци.

Викенд со многу предизвици и награди

Следува викенд со многу предизвици бидејќи за период од околу 24 часа ќе треба да се поминат уште три филтри за да бидат одбрани ТОП 10 математичари средношколци, кои во недела од 14 часот ќе се најдат во финалната рунда.

Стартот е в сабота во 11 часот кога 350 кандидати ќе решаваат задачи кои ќе ги тестираат нивните логички, брзински и аналитички способности. Во Супер финалето в недела ќе се најдат најдобрите 50. Тие ќе имаат уште поголем предизвик бидејќи ќе се соочат со напредни математички задачи, што ќе биде последниот филтер и чекор до главното финале каде ќе бидат само 10 кандидати.

Супер ТОП 10 финалистите ќе имаат за решавање комплексни математички проблеми, а ќе се борат за главната награда од 10.000 евра, што е највисоката награда која е доделена некогаш за ваков тип на натпревар во регионот. Покрај паричната награда најдобриот математичар ќе добие и 100% стипендија за Brainster NEXT факултетот. Предвидена е и донација за училиштето откаде што доаѓа победникот, а таа ќе биде во висина од 1.500 евра.

Вредни награди ќе има и за другите ученици кои ќе се пласираат во ТОП 10 и ќе добијат, сертификати, стипендии и ваучери за Brainster NEXT факултетот и NU Колеџот за средношколци. Исто така изненадувања и подароци ќе има и за сите 350 финалисти на UltiMATH натпреварот.

Скопје, Битола и Охрид со најмногу ученици

За време на квалификациската рунда беа посетени дваесетина училишта од целата земја со цел учениците директно да се запознаат со натпреварот. На истиот ќе има ученици од сите четири години и радува тоа што процентот е речиси израмнет така што ќе има директна конкуренција меѓу средношколци од 1 до 4 година.

Најголемиот дел од натпреварувачите доаѓаат од Скопје каде што се и најголемиот број на средни училишта во земјата, а веднаш потоа следуваат Битола и Охрид. Разликата е мала и во однос на момчиња и девојчиња, 52,3:47,7.

Дури 6 училишта имаат над 30 ученици кои се квалификуваа за завршните рунди од натпреварот, од кои четири се од Скопје и по едно училиште од Охрид и Битола. Во Топ 10 се наоѓаат и училишта од Гевгелија и Струмица и уште едно средно училиште од Охрид.

СУГС „Орце Николов“ од Скопје е единственото училиште со над 40 средношколци кои ја поминаа квалификациската рунда, а има само четири повеќе кандидати од СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид и ОСУ „Јосип Броз Тито“ од Битола.

Натпреварот UltiMATH доби поддршка од повеќе средни училишта, но и од компании и органиции како: Ист Гејт Мол, WVP Fund Management, iBorn, The Beetles, Горска, Urban FM, МОФ – Младински образовен форум и други. UltiMATH е поддржан и од Активноста на USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности – Youth Actively Create Opportunities.

*Иницијативата се спроведува во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници (IESC) во партнерство со Младински образовен форум и Центар за претприемачи и развој на менаџери Скопје.

Мислењата изразени во текстот им припаѓаат на авторите и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединентите Американски Држави.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Приемниот тест е отворен!

      Студирај бесплатно на Brainster Next факултет

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!