UltiMATH го прогласи првиот шампион: Дамјан Давков го освои математичкиот трон на Македонија и 10.000 евра

Share

Македонија го доби првиот ULTIMATH шампион, а тоа е средношколецот Дамјан Давков, кој покажа најголемо знаење при решавањето на математички проблеми и напредни математички задачи. Со освојувањето на првото место тој ја освои и наградата од 10.000 евра во кеш и 100% стипендија за Brainster Next факултетот. Воедно неговата победа донесе и награда од 1.500 евра за неговото училиште, ДСУ „Математичко-Информатичката“ гимназија од Скопје.

Првиот победник на UltiMATH, Дамјан Давков е одлично познат во светот на математиката бидејќи досега има освоено голем број на награди, а на Интернационалната математичка олимпијада во Англија, што се одржа во јули годинава го освои златниот медал. Второпласираниот Тасиќ на истата Олимпијада освои бронзен медал, додека Божиновски доби пофалница, што е само доказ дека UltiMATH ги собра на едно место најдобрите математичари во Македонија меѓу средношколците, а четирите рунди беа навистина интересни и максимално возбудливи.

„Дамјан, Алексеј и Ивано се инспирација за сите млади во Македонија. Нивните успеси покажуваат дека со труд и посветеност може да се постигне врвност и ние сме среќни што UltiMATH е платформа која го овозможи тоа. Овој натпревар ја потврди важноста на математиката како алатка за размислување, решавање на проблеми и градење аналитички вештини“, вели Петар Ниновски, основач на Brainster, Brainster Next факултетот и NU College за средношколци.

Тасиќ и Божиновски добија 50% стипендија за Brainster Next факултетот, а иста награда им припадна и на Дамјан Стојанов, Марко Серафимовски и Марко Митевски, кои се пласираа од 4. до 6. место. Покрај ова добија и ваучер за NU Колеџот за средношколци, а ваучер им припадна и на другите учесници кои беа во финалната рунда и се пласираа во Топ 10 UltiMATH математичари средношколци.

„Не помалку важни се и останатите учесници на UltiMATH кои се пласираа меѓу 10-те најдобри натпреварувачи. Нивното знаење и посветеност заслужуваат поддршка, бидејќи тие имаат огромен потенцијал за понатамошен успех. Сите 350 учесници на финалниот викенд покажаа дека иднината е светла, а улогата на образованието е клучна“, истакнува Ниновски.

Сите коишто беа дел од финалниот викенд и имаа свое место меѓу најдобрите 350 од околу 2500 средношколци кои се обидоа да се квалификуваат, добија сертификат за потврда за положен приемен испит за Brainster Next факултетот, но и ваучер за NU Колеџот за средношколци.

Меѓу најдобрите 25 според резултатите на првиот UltiMATH натпревар имаше од „Математичко-информатичката“ гимназија откаде што доаѓа и победникот, Давков. Дури 8 ученици доаѓаат од оваа гимназија, а следува ПСУ „Јахја Кемал“ со четири. По два ученици во Топ 25 имаа „Нова Меѓународно училиште“, ПСУ „Алгоритам“ и СОУ „Јосип Броз Тито“ од Битола. По еден кандидат имаат СУГС Гимназија „Орце Николов“ од Скопје,  СУ „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје, ОСТУ „Гостивар“, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани и  СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ до Прилеп .

„Сакам да упатам искрени честитки до сите училишта кои дадоа свој придонес во успехот на UltiMATH и чии ученици се пласираа помеѓу овие 350 учесници. Овие училишта се симбол на посветеност, квалитетно образование и поддршка за младите математички умови. Нивните ученици се пример за тоа што може да се постигне со упорност и напорна работа. Бреинстер ќе продолжи да вложува во нив за да ги мотивираме да ги следат своите интереси и таленти“, истакна Ниновски.

Радува фактот што меѓу најдобрите 25 имаше и средношколци од прва година (4 проценти). Од втора година во Топ 25 се најдоа 12 проценти, додека со 32 проценти беа застапени средношколците кои сега се трета година. Матурантите се најбројни со 52 проценти. Во однос на пол, 80 проценти беа машки, а 20 проценти женски.

Ова беше прво издание на натпреварот UltiMATH, а идејата е да прерасне во годишен натпревар. Предизвикот на UltiMATH го прифатија околу 2.500 средношколци од 28 градови од Македонија кои учествуваа во квалификациската рунда, што се одвиваше онлајн. Од нив, 350 продолжија во четирите рудни кои викендов се одржаа во Ист Гејт Мол.

Натпреварот почна во саботата во 11 часот кога 350-те средношколци го имаа првиот тест од 25 прашања кои ги решаваа во 90 минути. Од нив 150 се квалификуваа за попладневната сесија и имаа посложени задачи кои требаше исто така да ги решат за време од 90 минути.

Најдобрите 56 се квалификуваа за вториот ден, кога добија 5 комплексни задачи и за нив имаа точно два часа. Ова беше последниот филтер за да се добијат најдобрите 10 кои во финалето добија на располагање време од 3 часа, по кои беше добиен првиот UltiMATH шампион на Македонија.

UltiMATH доби поддршка од повеќе средни училишта во Македонија и од компании и организации, како Ист Гејт Мол, WVP Fund Management, iBorn, The Beetles, Горска, Urban FM, МОФ – Младински образовен форум и други. UltiMATH е поддржан и од Активноста на USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности – Youth Actively Create Opportunities.

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!