Успешната кариера започнува со вистинско практично искуство. Затоа на студентите на Brainster Next факултетот им овозможивме уникатна можност да учат од најдобрите во индустријата – професионалците од Johnson Matthey, најпрофитабилната компанија во земјата. Компанијата се истакнува со својата лидерска позиција во изработката на катализатори и иновации во одржливоста.
Соработката помеѓу Brainster Next факултетот и Johnson Matthey им овозможи на нашите студенти да учествуваат во практична настава во нивните простори, каде го доживеаја процесот на изработка на катализатори и стекнаа непосреден увид во сложените процеси кои стојат зад напредните технологии.
Како што вели Кристина Кенковска, LEAD Graduate Programme – Quality во Johnson Matthey : „Овој предмет им овозможува на студентите да го навигираат процесот на транзиција од академија до индустрија! Сметам дека голем број од традиционалните академски институции немаат доволно фокус на пракса. Преку овој предмет, студентите ќе добијат увид во самата индустрија и тоа што ќе се работи.“
Тоа е токму она што го разликува Brainster Next факултетот: нашата посветеност на интегрирање на теоријата со практиката и подготовка на студентите за вистинските предизвици во индустријата.
Како дел од индустријата, Johnson Matthey има за цел да инвестира во идните генерации, создавајќи можности за млади таленти кои ќе помогнат во реализацијата на нивната визија – создавање на поздрава и почиста средина. Според Марија Глигоровска, советник за човечки ресурси во Johnson Matthey, „Индустријата инвестира во идните генерации затоа што ни се потребни млади ентузијасти коишто ќе помогнат во нашата визија и нашата цел – поздрава и почиста средина. Токму и заради ова и ја започнавме соработката со Brainster Next факултетот.“
Со овој предмет, студентите на Brainster Next не само што добиваат предност во своето образование, туку и вредно искуство кое ќе ги подготви за кариера во некои од најпрофитабилните и најиновативни компании во земјата и светот. Подготовката за индустријата започнува денес, и нашите студенти веќе се на пат да ја обликуваат индустријата.