Каде на пракса? Во Таргет Груп и Нетворкер!

Share

Студентите на Бреинстер Некст факултетот ги очекува динамично и продуктивно лето! Заедно со нашите партнер-компании се погриживме да им дадеме нова можност за практично учење и ВИСТИНСКО работно искуство!

По успешно завршените два семестри, најталентираните студенти од двете студиските програми заслужено добија двомесечна пракса. Пред да започнат со работа, решивме сите да се собереме на едно место: ние, студентите и основачите на Таргет Груп и Нетворкер и да поразговараме за тоа што нѐ очекува во претстојниот период.

На собирот, беше очигледно дека сите се возбудени да започнат. Студентите за своето прво работно искуство, а компаниите за да започнат да работат со нови таленти. Оваа размена ќе им помогне и на двете страни да учат една од друга: студентите од искусните претприемачи, а компаниите од младите сили во индустријата.

Двомесечната пракса е уникатна можност којашто важи само за студентите на Некст факултетот. Праксата ќе им помогне да излезат малку од кутијата и од она што им е во академскиот календар, како што најави Јана Тодоровска, лидерка на „Партнерства“ на почетокот на настанот. Таа потенцираше дека сега ќе научат да работат автономно, сами да раководат со своето време и да научат сами да комуницираат со партнерите од компаниитите.

По претставувањето на Таргет Груп и Нетворкер, секој од практикантите имаше можност поединечно да се претстави и да постави прашање. Се разви интересна дискусија и помеѓу основачите на компаниите, а студентите веќе научија многу за бизнис-климата и стартапите во земјата. Самиот овој настан за лансирање на праксите им помогна на практикантите во насоките за размислување, работење и за претприемачкиот дух.

„Сите од мојата група ги познавам лично и знам дека сите сме возбудени и едвај чекаме да почнеме. Тоа е супер и покажува дека имаме голема желба да направиме нешто големо. Досега имаме соработувано заедно на неколку проекти, и можам да кажам дека сите сме добри тимски играчи“ – сподели Кристијан Кралевски, тимскиот лидер на групата практиканти во Нетворкер.

Студентите веќе се добро запознаени помеѓу себе и со работата на реални проекти, испити кои се полагаат практично, презентации и хакатони веќе се свесни за динамиката на нивната соработка. 

„Благодарна сум за честа да бидам тимски лидер на мојата група, сите сме спремни да започнеме и секој од нас е амбицизен. Огромна благодарност за оваа шанса!“ – Атанасија Ѓорѓиевски, лидерка на групата практиканти во Таргет Груп.


Одбери факултет што ќе те поврзе со компаниите кои ти требаат за твојата кариера. Аплицирај за последната студентска група за Софтверско инженерество и иновации!


„Тоа што сте тука говори за вашиот ентузијазам да работите на проектот. Можеби за вас некои бизнис термини се непознати, но ние ќе се потрудиме на наједноставен начин да ви ги пренесеме. Обавезно прашувајте, нема глупави прашања! Може нешто да сметате дека е небитно или минорно, но да ви влијае на генералната слика“. – Марија Јовановска, оперативна директорка на Таргет Груп.

„Од вас очекуваме да бидете пријателски расположени и да нѐ гледате како колеги, да имаме отворена комуникација, отворен и искрен однос без никаков притисок. Освен тоа што барам да го дадете максимумот од вас, ништо друго не очекувам. Не сакам да има притисок. Бидете храбри и не се плашете, бидете деца и играјте си со податоците“. – Огнен Огненовски, основач на Бизнис Мрежа и Таргет Груп.

Исклучителните претприемачи го сфаќаат значењето на соработката со млади, амбициозни таленти коишто се во почетокот на својата кариера. Колку што се спремни да даваат фидбек и да ги обликуваат идните кадри, исто толку се спремни и да слушаат свежи предлози и идеи.

„Не само што не треба ви биде непријатно – потребно е да поставувате повеќе прашања. Тоа што сте избрале ваков тип на едукација како Бреинстер Некст факултетот веќе покажува дека размислувате надвор од кутијата. Сакам да ги гледате работите низ ваша призма и да ги споделите сите ваши предлози и идеи. Тоа се вреднува повеќе од сѐ друго! Ги очекувам вашите предлози!“ – Сања Митровска, основачка на Нетворкер.

По завршувањето на настанот, на сите присутни им беше јасно дека не очекуваат одлични два месеци на кои сите ќе бидеме горди. Студентите почнуваат со пракса, за вратите на Бреинстер се секогаш отворени за практикантите кога ќе им треба слободни простории за собирање и соработка.

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!