Работилница за лидери меѓу студентите | Каде на пракса?

Share

Во следните два месеци ќе ги следиме искуствата на студентите на Brainster Next факултетот како практиканти кај нашите партнер-компании. За да им помогнеме да се прилагодат што побрзо во новите работни средини и да одговорат најдобро што можат на новиот предизвик, им подготвивме неколку активности.

Студентите избраа тимски лидери од своите групи кои ќе бидат одговорни во текот на двомесечната пракса во Таргет Груп и Нетвторкер. Кристијан Кралевски заврши прва година на студиската програма на Софтверско инженерство и иновации и е тимскиот лидер на практикантите на Нетвторкер. Атанасија Ѓорѓиевски, пак, од истата програма, со завршена втора година ќе го предводи тимот на Таргет Груп. 

За да им помогнеме на Атанасија и Кристијан да бидат успешни и ефективни како тим-лидери на своите групи, организиравме дводневна работилница за проектен менаџмент предводена од Огнен Трипуноски, проектен менаџер со 15 годишно искуство. Огнен ги запозна студентите со тоа што значи да бидеш тим лидер и која ќе биде нивната улога.


Одбери факултет што ќе те поврзе со компаниите кои ти требаат за твојата кариера. Аплицирај за последната студентска група за Софтверско инженерество и иновации!


На работилницата се дискутираа стратегии за подобро организирање и комуникација со тимот и како да се прилагодат на работната средина. Меѓу другото, Атанасија и Кристијан се стекнаа со следните знаења:

– Знаење поврзано со проектен менаџмент;

–  Управување со тимот;

–  Управување со обемна работа на проекти;

–  Како се испорачуваат брзи резулати во краток рок; 

–  Како квалитетно да се работи на проектот.

Овие средби не само што ќе им помогнат на студентите во текот на праксата, туку претставуваат и една проба за како би изгледало понатаму да водат своја компанија или тим.

„За време на работилицата научив како треба да се води еден тим успешно и научив дека треба да се има добра комуникација со својот тим за еден проект да биде успешен“. – Кристијан

„Научив како да го организирам тимот, како да дефинирам јасни цели за колегите кои ќе работат и како да го следам прогресот на целиот тим“. – Атанасија

На Атанасија и Кристијан им посакуваме успешна работа и организација на тимот, да продолжат да ја мотивираат својата група и да останат амбициозни!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!