Во февруари, фокусот го ставивме на кои професии им се достапни на нашите студенти по дипломирање на новата студиска програма по Графички и UI/UX дизајн на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
Дел од новостите од минатиот месец беа и причините зошто да научиш графички дизајн, трендовите за Software Testing кои ќе ја одбележат 2023 година, најпопуларните Тик-ток профили за идни програмери и кои се најпопуларните Tech-кариерни патеки за секој креативец.
Во продолжение, прочитај повеќе за последните новости од Brainster Next College

- Кариери во ИТ по дипломирање на Brainster Next College
Со сигурност можеме да кажеме дека во ИТ-светот се „кријат“ најпопуларните и најпросперитетните кариери во денешницата. Прочитај за кариерните можности коишто им се достапни на нашите студенти по дипломирање на студиската програма по Графички и UI/UX дизајн на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ):
– Графички дизајн
Секоја компанија, организација или агенција која сака да ја пренесе својата порака и да ја раскаже својата приказна преку визуелна содржина, мора да има дизајн тим или графички дизајнер.
Додека некои графички дизајнери се генералисти и можат да работат на повеќе видови проекти, други се специјализирани за поспецифични видови на графички дизајн.
Вистинскиот избор на кариера зависи од многу фактори, како што се твоите вештини, интереси и хоби. Ако сметаш дека имаш уметнички ум и развиена имагинација, ова е вистинскиот кариерен избор за тебе.
Прочитај ги 7-те најпопуларни професии за графички дизајн тука.
– UI/UX дизајн
Зад секој успешен производ стои UI/UX дизајнер кој го создал изгледот на производот, како и чувството кое произлегува од истиот.
Корисничкото искуство (UX) и корисничкиот интерфејс (UI) се неверојатно важни, бидејќи не постои човек кој сака да користи непривлечни или тешки продукти за навигација.
Од таа причина, побарувачката на пазарот на труд за UI/UX дизајнери бележи вртоглав раст и овој тренд ќе продолжи да расте и во иднина.
Сè повеќе бизниси нудат конкуретни плати со цел да најдат проактивен и посветен дизајнер кој ќе се грижи за нивниот софтвер или веб-апликација.
Прочитај ги 7-те најпопуларни професии за графички дизајн тука.

Сите ние живееме во сè повеќе визуелно центричен свет. Опкружени сме со графички дизајн во секој можен момент. Од нашите уреди и социјалните медиуми до секој излог на секоја улица.
Ако креацијата на дизајни и изнаоѓање на паметни начини како да ги комуницираш пораките креирајќи визуелна содржина ти звучи интересно и привлечно, тогаш графичкиот дизајн е правилниот кариерен пат за тебе.
Причините за да го започнеш своето креативно кариерно патување во светот на графичкиот дизајн се многубројни, а во продолжение издвоивме 5 причини коишто ќе те приближат поблиску до убавината на оваа професија.
Прочитај ги 5-те причини зошто да почнеш да учиш графички дизајн тука.

UI/UX дизајнот (дизајн за кориснички интерфејс и искуство) е возбудливо и креативно поле кое има голема моќ да го промени начинот на кој комуницираме со технологијата. Целта на UI/UXдизајнот е да создаде беспрекорно и пријатно искуство за корисниците додека комуницираат со дигитални производи и услуги.
Од друга страна пак, секоја компанија, организација или агенција која сака да ја пренесе својата порака и да ја раскаже својата приказна преку визуелна содржина, мора да има дизајн тим или графички дизајнер. Ако на сите овие вештини ја додадеме и примената во информациско-комуникациските технологии, добиваме уникатна професија со бескрајни можности за сигурна кариера и иднина.
Токму сите овие вештини ќе ги стекнат идните студенти на Brainster Next College со новата додипломска студиска програма по Графички и UI/UX дизајн која го комбинира изучувањето на информатичката технологија и дизајнот на корисничкото искуство/интерфејс со принципите на графичкиот дизајн.
Прочитај повеќе тука.

Software Testing индустријата доживеа брз раст во текот на изминатата година, поттикната од континуираното појавување на нови методологии, алатки и практики за тестирање. Но, исто така, се соочи и со огромен број на предизвици.
Денес, во ера на дигиталната трансформација, организациите мора да се погрижат да ги тестираат своите софтверски производи со цел да ги задоволат потребите на потрошувачите и успешно да ги лансираат на пазарот.
Иако предизвиците продолжуваат и понатаму, она на што можат да се потпрат компаниите се трендовите во софтверското тестирање што ќе заземат фокус во наредните месеци и ќе имаат големо влијание во светот на Software Testing.
Дознај кои се топ 5 трендови во полето на Software Testing за 2023 година тука.

Тик-ток е популарен поради неколку причини, а дел од нив се: добриот кориснички интерфејс, широк спектар на дизајни за уредување и уникатниот алгоритам кој ја чува содржината врз основа на интересите на корисникот. Апликацијата е исто така многу зависна, со тоа што многумина уживаат безброј часови на платформата, скролувајќи низ бескрајната понуда на забавна и креативна содржина. Дополнително, Тик-ток стана центар за креативност и самоизразување, при што корисниците ја користат платформата за да ги покажат своите таленти и интереси.
Но, дали знаеш дека Тик-ток го револуционизира и светот на програмирањето? Од промовирање на квалитетен информативен контент за програмирање, понекогаш дури пропратен и со забавен елемент, до прикажување на најновите достигнувања во технологијата, Тик-ток брзо станува центар за програмската заедница.
Дознај кои се 5-те најпопуларни Тик-ток профили за идни програмери тука.

Без разлика на програмерското искуството, секој програмер се соочува со грешки во кодот. Дебагирањето (Debugging) е суштински дел од процесот на програмирање, а совладувањето на уметноста на дебагирање е од клучно значење за секој програмер. Дебагирањето е процес на наоѓање и поправање на грешки во кодот и може да биде задача која одзема многу време и фрустрира. Сепак, со соодветно знаење и алатки, можно е дебагирањето да се направи поефикасен и поефективен процес.
Прочитај кои се 5-те совети за наоѓање и поправање грешки во кодот тука.

Креативен си? Имаш око за дизајн? Или пак имаш големи амбиции и интереси за програмирање? Ако имаш уметничка душа, чувство за естетика и сакаш професија која ќе биде конкурентна на долг рок, тогаш овој блог пост е наменет токму за тебе.
Преку развивање на твојот креативен потенцијал можеш да дојдеш до една од најпросперитетните и најплатените креативни tech-кариери. А, најдоброто време за да почнеш да го надградуваш твојот креативен потенцијал и вештини е уште во факултетските клупи. Токму поради ова, на Brainster Next College – првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас, двете достапни додипломски студии се во областите на Графички и UX/UI дизајн и Софтверско инженерство и иновации.
Прочитај кои се 5-те најкреативни ИТ-кариерни патеки тука.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и Графички и UI/UX дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!