Топ 5 Software Testing трендови за 2023 година

Трендовите во секоја индустрија се менуваат од година за година. Во овој блог пост ги издвоивме најважните 5 трендови за Software Testing за 2023 година.
trendovi-2023-software-trending | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Software Testing индустријата доживеа брз раст во текот на изминатата година, поттикната од континуираното појавување на нови методологии, алатки и практики за тестирање. Но, исто така, се соочи и со огромен број на предизвици.

Денес, во ера на дигиталната трансформација, организациите мора да се погрижат да ги тестираат своите софтверски производи со цел да ги задоволат потребите на потрошувачите и успешно да ги лансираат на пазарот.

Иако предизвиците продолжуваат и понатаму, она на што можат да се потпрат компаниите се трендовите во софтверското тестирање што ќе заземат фокус во наредните месеци и ќе имаат големо влијание во светот на Software Testing.

Во продолжение, дознај кои се топ 5 трендови во полето на Software Testing за 2023 година.

Користење на AI за тестирање

Вештачката интелигенција се потпира на машинското учење и е од клучно значење за software testing поради способноста да собира податоци и да учи со текот на времето. AI може да ги намали репетитивните задачи во процесот на тестирање на софтверот и да го поедностави животниот циклус за развој на еден софтвер. Со напредни алгоритми за машинско учење, AI системот учи од минатите егзекуции, соодветно птимизира test cases и може да генерира подобри податоци, извештаи и test cases.

Agile & DevOps

На технологијата секогаш и e потребна брза промена на барањата и извонредна брзина. Agile е најприфатливиот начин кој може да се спротистави на барањата кои брзо се менуваат, а DevOps е начин како да се постигнат најдобрите перформанси. Од изминатата година наваму, можеме да видиме поголема популарност на овој клучен метод за постигнување на брзина и квалитет заедно при тестирањето.

Автоматско тестирање без скрипти

Автоматското тестирање без скрипти користи софтвер за извршување на тестови без пишување на конкретни скрипти. Општо земено, автоматското тестирање без скрипти функционира така што снима како корисниците комуницираат со одреден софтвер или веб-сајт и потоа репродуцира слично однесување. Автоматското тестирање без скрипти е корисно бидејќи бара минимален напор за поставување и може да се користи дури и од членовите на тимот кои имаат минимално техничко знаење.

Автоматизација за мобилни тестови

Трендот на развој на мобилни апликации продолжува да расте бидејќи мобилните уреди се сè поспособни. За целосна поддршка на DevOps, автоматизацијата на мобилните тестови мора да биде дел од синџирот на алатки DevOps. Меѓутоа, сегашното искористување на автоматизацијата за мобилни тестови е многу ниско, делумно поради недостатокот на методи и алатки. Трендот на автоматското тестирање за мобилни апликации продолжува да расте. Овој тренд е поттикнат од потребата да се скрати времето за излегување на пазарот и од појавата на понапредните методи и алатки за автоматизација на мобилни тестови.

Тестирање на сајбер безбедноста

Во најновите трендови во тестирањето на софтверот е вклучено и тестирањето на сајбер безбедноста. Со континуираниот напредок на технологијата и начинот на кој повеќето денешни организации се прилагодуваат на дигиталната трансформација, тестирањето на сајбер безбедноста игра интегрална улога во обезбедувањето на безбедноста на податоците. Целта е да се осигура дека апликациите се безбедни и можат да издржат малициозни напади.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации, и UI/UX и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации, закажи средба сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!