Во месец април, најголемиот фокус беше повторното отворање на уникатната финансиска поволност „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ – можност којашто е достапна за секој матурант и иден студент што сака да се запише на првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
Дел од новостите од минатиот месец беа и онлајн Отворениот ден на Brainster Next College, најпопуларните книги за Software Testing, дополнителни причини зошто да студираш Data Science, чекори за креирање на одличен UX дизајн и започнувањето на новата приказна на Brainster (Бреинстер) – основачот на Brainster Next College.
Во продолжение, прочитај повеќе за последните новости од Brainster Next College

„Студирај сега плаќај по вработување“ – проектот што го започнавме минатата година, при отварањето на првиот акредитиран практичен ИТ-факултет Brainster Next College и инвестицијата од 2.5 милиони евра, продолжува и оваа година.
Со тоа, со голема чест ти најавуваме дека тестот што ќе ти овозможи студии на една од двете наши додипломски студиски програми за 0 денари сѐ до дипломирањето или вработувањето е повторно отворен.
Оваа година, покрај додипломската акредитирана студиска програма по Софтверско инженерство и иновации, ја нудиме и новата студиска програма по UX/UI и графички дизајн.

Ти требаат дополнителни причини за да го решиш компетитивниот тест и да се придружиш на новата генерација студенти на Brainster Next College?
Во овој блог пост можеш да добиеш повеќе информации за Brainster Next College и финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“ кои со сигурност ќе ти дадат дополнителна причина за да го решиш компетитивниот тест.

Подготовките за државната матура се во тек и оваа тема заедно со прашањето „Дали знаеш каде ќе се запишеш на факултет?“ ќе бидат вклучени во секојдневието на матурантите во наредниве неколку месеци. Доколку сè уште немаш започнато да размислуваш на оваа тема или пак ти требаат дополнителни информации за студиските програми и факултетите коишто ти се на располагање, без паника!
На 12.04.2023 (среда) го одржавме онлајн Отворениот ден на Brainster Next College каде што присутните имаа можност да дознаат сè за првиот практичен ИТ-факултет и за опцијата „Студирај сега, плаќај по вработување“ и на крајот имавме многу продуктивна и забавна Q&A сесија којашто ни овозможи да се зближиме со заинтерсираните студенти и родители.
Не стигна да присуствуваш на настанот? Без грижи! Тука можеш да го погледнеш видеото од целиот настан и да дознаеш повеќе за Brainster Next College!

- Го креиравме серијалот кој ќе ти помогне да дознаеш како можеш да започнеш една од најбараните ИТ-кариери за 0 денари, а да плаќаш по вработувањето
Креиравме нов серијал со цел да ти ги претставиме убавините на најбараните и најпопуларните ИТ-кариери во денешницата и како првиот практичен ИТ-факултет кај нас, Brainster Next College, ќе ти овозможи да ги стекнеш најпотребните ИТ-вештини за 0 денари, а да плаќаш по вработувањето.
Прочитај повеќе за оваа можност и зошто треба да студираш:

Полето на Software Testing постојано се менува, а со тоа станува една од најпредизвикувачките и најинтересните области за работа.
Живееме во време кога литературата ни е лесно достапна и многу материјали ни стојат на располагање. А, еден од најефикасните начини за учење и развој на потребните вештини за унапредување на кариерата е да се биде во тек со последните трендови во индустријата и постојано информирање.
Без разлика дали си веќе длабоко навлезен во Software Testing светот или пак допрва стануваш ентузијаст за оваа свера, постојат многу книги кои можеш да ги прочиташ, а се во рамките на твојот интерес. Прочитај кои се најпопуларните книги за Software Testing.

Размислуваш за ИТ-студии и стекнување на Data Science вештини? Треба да знаеш дека како што податоците ја обликуваат иднината, побарувачката на висококвалитетни професионалци за Data Science бележи вртоглав раст.
Ако идејата да ги претвориш податоците во одредена акција ти звучи интересно, тогаш Data Science е вистинскиот кариерен избор за тебе!
Доколку размислуваш за додипломски студии во ИТ-сверата, те охрабруваме да се предизвикаш себеси и да го започнеш своето кариерно патување во светот на Data Science. Ќе биде потребно да вложиш многу време, енергија и посветеност за да ги совладаш сите предизвици коишто ќе ги сретнеш на патот, но со сигурност можеме да кажеме дека ќе бидешгорд на твоето достигнување и дека целиот труд којшто ќе го вложиш ќе се исплати. Прочитај ги овие 5 причини зошто да научиш Data Science.

Секое стапување во контакт и интеракција на една компанија со нејзините корисници на платформа, страница, апликација и сл. се нарекува UX. Може да ти изгледа како нешто „сложено“ за разбирање, но, наједноставно кажано е дека одличниот UX дизајн секогаш го става корисникот и неговото искуство на прво место.
80% од корисниците ја напуштаат платформата ако не им се допаѓа бидејќи не им е тешко да најдат замена за истата, оставајќи висок bounce rate. Знаејќи го овој факт, лесно е да се види зошто UX дизајнот е толку важен за сите продукти кои се наоѓаат на пазарот.
Структурираниот UX дизајн процес, не само што им овозможува на корисниците пристапно и пријатно искуство, туку им овозможува на дизајнерите да ја тестираат и усовршуваат својата работа. Дознај кои се чекорите за креирање на одличен UX дизајн.

Основачот на Brainster Next College, Brainster, отсега и во Албанија со Академија за Front-End програмирање.
„Возбудени сме што ќе ја понудиме нашата експертиза во образованието поврзана со новите технологии во Албанија. Експанзијата на Brainster во Албанија е доказ за посветеноста на организацијата за обезбедување квалитетно образование како и нејзиниот континуиран раст како лидер на пазарот во оваа област. Со нашето докажано искуство, подготвени сме да направиме значителен позитивен импакт врз албанската ИТ-индустрија“, вели Петар Ниновски – основач на Brainster Next College и Brainster.
На Академијата за Front-End програмирање ќе се учи преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори, со што на студентите им се овозможува подобра подготвеност за започнување на кариера во областа на веб-програмирањето. Целиот процес е менториран од страна на искусни инструктори кои се докажани професионалци во во оваа област. Прочитај повеќе за новите почетоци.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!