Што да очекуваш на онлајн Отворениот ден на Brainster Next College

Приклучи се на онлајн Отворениот ден на Brainster Next College на 12 април во 19:00 часот и дознај сè за првиот практичен ИТ-факултет во Македонија.
online-open-day-2023 | Brainster Next College
Share

Подготовките за државната матура се во тек и оваа тема заедно со прашањето „Дали знаеш каде ќе се запишеш на факултет?“ ќе бидат вклучени во секојдневието на матурантите во наредниве неколку месеци. Доколку сè уште немаш започнато да размислуваш на оваа тема или пак ти требаат дополнителни информации за студиските програми и факултетите коишто ти се на располагање, без грижи!

Како што се наближува периодот за носење на конечната одлука за факултет, така и ние се подготвуваме да ти ги пренесеме сите информации за Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) – првиот акредитиран практичен ИТ-факултет во Македонија.

Во продолжение, прочитај што можеш да очекуваш на онлајн Отворениот ден на Brainster Next College

Што претставува Brainster Next College

По 6 години успешно постоење, лидерот во неформалното образование, Brainster (Бреинстер), лани го отвори првиот акредитиран практичен ИТ-факултет во Македонија – Brainster Next College кој сега, на новата генерација матуранти им нуди две уникатни додипломски студиски програми:

Сите детали околу двете додипломски студиски програми ќе можеш да ги дознаеш на онлајн Отворениот ден.

Главните разлики помеѓу Brainster Next College и Brainster Академиите

Завршуваш со средно образование и сакаш да се стекнеш со знаења и вештини кои ќе те подготват за кариера во најбараните ИТ-вештини на 21-от век, но се двоумиш дали да се запишеш на факултет или пак Академија?

Без паника! Приклучи се на настанот, дознај ги главните разлики помеѓу Brainster Next College и Brainster Академиите и откриј што е вистинскиот избор за тебе.

Што го прави Brainster Next College поинаков од останатите факултети

Како прв и единствен практичен ИТ-факултет во Македонија, Brainster Next College, на своите студенти им нуди:

  • Практична наставна програма креирана според современите барања на индустријата;
  • Професори со академска позадина и искуство од индустријата од земјата и странство;
  • Методологија на учење базирана на работа во мали групи и индивидуален и менторски пристап;
  • Student Success тим наместо класична студентска администрација;
  • Загарантирано вработување на сите студенти по дипломирање.

Приклучи се на онлајн Отворениот ден на Brainster Next College и дознај повеќе за наставната програма, професорите, методологијата на учење, како и за нашата поддршка што ќе ја добијат студентите по дипломирање на Brainster Next College.

Како да студираш за 0 денари, а да плаќаш по вработувањето

Проектот „Студирај сега, плаќај по вработување“ нуди можност за студирање со 0 денари трошок сè до дипломирањето и вработувањето на студентите. Односно, Brainster Next College им нуди уникатна можност на сите студенти да студираат за 0 денари трошоци за време на 3-годишните студии, а да плаќаат по вработувањето, на рати, без камата.

Лани, овој проект се покажа како успешен и корисен за студентите. 70% од првата генерација студенти на програмата по Софтверско инженерство и иновации го започнаа своето студентско искуство без дополнителна грижа за финансирањето на своите студии.

Оваа година, проектот е повторно достапен и очекуваме со овој уникатен модел уште повеќе да ги мотивираме и да им дадеме поддршка на студентите за побезгрижни студии.

Иако вакви проекти постојат во Европа и пошироко, ова е единствениот проект од ваков тип кај нас. Приклучи се на настанот и дознај што го прави овој проект толку уникатен и добиј ги сите детали како можеш да аплицираш за истиот.

Каков е процесот за упишување на Brainster Next College

Процесот за упишување на Brainster Next College не е воопшто комплициран. Приклучи се на настанот и дознај како можеш да се запишеш на првиот акредитиран практичен ИТ-факултет во Македонија.

Прашај сè што те интересира

За крај, доколку имаш дополнителни прашања, тогаш ќе биде вистинското време да ги поставиш и биди сигурен дека генералниот менаџер на Brainster Next College – Александар Клашниновски и академскиот координатор – Ема Кастратовиќ со големо задоволство ќе одговорат на секое едно од нив.

Онлајн Отворениот ден на Brainster Next College ќе се одржи на 12 април 2023 (среда) со почеток во 19:00 часот.

Регистрирај се тука!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!