Стани Front-End програмер за 0 денари, а плаќај по вработувањето

Дознај како Brainster Next College, ќе ти овозможи да станеш Front-End програмер за 0 денари, а да плаќаш по вработувањето.
stani-front-end-programer-za-0-denari-a-plakjaj-po-vrabotuvanje | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Каква професија е Front-End програмирањето?

Професија со постојано зголемување на побарувачката на глобално ниво

Front-End програмерите имаат една општа одговорност – да се осигураат дека посетителите на веб-страниците можат лесно да комуницираат со страницата. Тие го прават тоа преку комбинација на дизајн, технологија и кодирање на изгледот на веб-страницата, а воедно се грижат и за решавање на одредени багови коишто би можеле да се појават. Секогаш кога ќе посетиш одредена веб-страница, сè што ќе видиш и кликнеш е дело на Front-End програмерите.

Знаејќи го фактот дека 94% од првиот впечаток на еден корисник се базира на искуството што го има со одредена веб-страница или апликација, Front-End програмерите стануваат дел од секоја компанија, а нивната побарувачка продолжува да расте на глобално ниво.

Ако ги погледнеш веб-страниците за регрутирање како што е Indeed, ќе најдеш не помалку од 4.000 до 7.000 огласи за работни места за Front-End програмери. Тоа е неверојатна бројка која од година до година драстично се зголемува.

Дополнително, ако ги погледнеш светските трендови на Google од декември 2011 година, ќе откриеш дека терминот за пребарување за напредни програмери се зголемил за речиси за 300% во изминативе 12 години.

Со овие две статистики, комотно можеме да кажеме дека работната позиција за Front-End програмери во иднина ќе биде сè повеќе и повеќе барана.

Креативна професија со многу кариерни можности

Ако спаѓаш во онаа група на луѓе кои бараат возбудлива кариера, исполнета со многу кариерни можности со цел да ги истакнеш своите таленти, тогаш Front-End програмирањето е таква сфера каде што ќе добиеш неограничени можности за да ја покажеш твојата креативна страна и технички вештини.

Eве дел од задачите на Front-End програмерите кои ги прават незаменлив ресурс во секоја компанија:

  • Приоритетизирање на корисничкото искуство;
  • Оживување на концептите со HTML, CSS и JavaScript;
  • Креирање и одржување на веб-страници и кориснички интерфејси на веб-апликации;
  • Создавање алатки кои ја подобруваат интеракцијата со страницата во кој било прелистувач;
  • Имплементација на дизајн за мобилни сајтови;
  • Тестирање на страницата за употребливост и поправка на какви било грешки.
Предизвикувачка професија која бара креирање на високо квалитетни и респонзивни веб-страници и решенија

Front-End програмерите користат комбинација од јазици како HTML и CSS и алатки како React, за да создадат интерактивно и пријатно корисничко искуство. Тие се фокусираат на создавање на високо квалитетни и респонзивни веб-страници, користејќи методи и дизајни кои одговараат на пристапот насочен кон корисникот.

Управувајќи со низа на активности, вклучувајќи ги и боите и фонтовите, и дизајнерските аспекти како што се slider и drop-down менија, тие се одговорни за искуството на корисниците на веб-страниците коешто е клучно за перформансите на една компанија.

Зошто да студираш Front-End програмирање?

Совршен спој на програмирање и креативност

Front-End програмирањето е одличен начин да ја изразиш твојата креативност преку веб дизајн и корисничко искуство, а воедно и да ја вклучиш твојата аналитичност и пасија кон програмирање.

Континуирано учење

Front-End програмирањето е поле кое брзо се развива. Тоа значи дека секогаш има нешто ново за учење и истражување, така да биди сигурен дека учејќи ги најбараните вештини за оваа професија никогаш нема да ти биде здодевно.

Флексибилност

Front-End програмирањето е многу флексибилна професија што ја прави совршена за freelance. Секако со самата флексибилност ти се овозможени дополнителни придобивки како во работата, така и во приватниот живот.

Кариерен напредок

Со знаењата и вештините од Front-End програмирањето ќе имаш потенцијал веднаш да се впуштиш кон стекнување на практично искуство и за кратко време да преминеш кон повисоки функции.

Разновидност и соработка со други тимови

Front-End програмирањето ти нуди широк спектар на можности, вклучувајќи работа во различни индустрии или на различни видови проекти. Исто така, оваа професија често бара соработка со членовите од другите тимови, обезбедувајќи ти можност за градење односи и работа во тимско опкружување.

Како да станеш успешен Front-End програмер за 0 денари, а да плаќаш по вработувањето?

Во денешно време квалитетните ИТ-студии можат да претставуваат голем финансиски товар за матурантите и нивните родители. Затоа, Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) го воведе уникатниот финансиски модел „Студирај сега, плаќај по вработување“ со кој секој студент има можност да започне со студии оваа есен, а за целокупните 3-годишни студии да плаќа по вработувањето, на рати, без камата.

„Целта на овој проект е да ги пронајдеме матурантите и младите лица кои сакаат да зачекорат во професиите на иднината, а се одликуваат како проактивни, амбициозни и доволно мотивирани за да се соочат со предизвикот, како и на истите да им пружиме поддршка уште од самиот почеток“, вели Александар Клашниновски – генерален менаџер на Brainster Next College.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!