Каква професија е Software Testing?
Професија чија побарувачка постојано расте на глобално ниво
Помеѓу различните домени во ИТ-светот постои интересен факт – полето за тестирање на софтвер никогаш не се соочило со намалена побарувачка. Напротив, побарувачката за квалитетни софтвер тестери од година на година бележи вртоглав пораст на глобално ниво. Веќе и компаниите се свесни за последиците на нивниот бизнис доколку не го сфатат сериозно тестирањето на софтверите. Историјата е преполна со примери на успешни компании кои изгубиле милиони само затоа што не се погрижиле ефективно да обезбедат квалитет на производот. Денешните компании се паметни и не сакаат да ги повторат грешките на другите, па затоа издвојуваат исклучително време и напори со цел да креираат добар тим на софтвер тестери.
Предизвикувачка професија чија цел е секој продукт да е проверен од страна на софтвер тестер
Денес, повеќе од било кога досега, корисниците имаат огромен избор на продукти на пазарот. Ако не им се допаѓа опцијата А поради некоја причина (непријатен интерфејс, грешки, проблеми со перформансите), тие многу лесно ќе ја занемарат таа опција и ќе се префрлат на некоја којашто ќе биде во согласност со нивните барања и очекувања. Токму поради ова, компаниите се свесни дека секој продукт мора да е проверен од страна на софтвер тестер доколку сакаат да ја преживеат жестоката конкуренција.
Една од најважните професии бидејќи секоја компанија зависи од квалитетот на својот продукт
Квалитетот на продуктите им помага на компаниите да заработат лојалност на корисниците, да воспостават препознатливост на брендот и да управуваат со трошоците. Корисниците најчесто купуваат повеќе од компании на кои им веруваат, а со тоа компаниите можат да ги намалат трошоците поврзани со враќањето на продуктите поради дефекти при неговото користење. Секој продукт не е комплетен без да се изврши потребното тестирање коешто вклучува анализа на софтверот во однос на неговите индустриски стандарди, нивото на задоволство на корисниците и наоѓање на грешки и нивно поправање. Без тоа, производот не е одобрен како употреблив и не се пушта во продажба сé додека не ги помине сите потребни тестови од страна на софтвер тестерот.
Зошто да студираш Software Testing?
Развој на вештини за решавање проблеми
Тестирањето на софтвер бара критичко размислување и вештини за решавање проблеми. Студирањето на Software Testing, ќе ти помогне да ги идентификуваш и анализираш софтверските проблеми и грешки, што може да ти помогне да развиеш логичен и аналитички начин на размислување. Секако, овие вештини со сигурност ќе ти служат и ќе можеш да ги примениш во други области од твојот живот и ќе ти бидат од корист во секоја ситуација за решавање проблеми.
Поголемо внимание на детали
Тестирањето на софтвер бара високо ниво на внимание на деталите. Студирајќи Software Testing ќе научиш да обрнуваш големо внимание на деталите и да ги идентификуваш суптилните промени во однесувањето на софтверот.
Подобрени комуникациски вештини
Една од клучните вештини што треба да ги има секој софтвер тестер е ефективна комуникација. Ќе научиш како ефективно да комуницираш со членовите од твојот и од останатите тимови, јасно да ги пријавуваш проблемите што ќе ги наоѓаш во софтверите и како најефективно да ја документираш твојата работа.
Подобро управување со времето
Тестирањето на софтвер бара ефикасни вештини за управување со времето. Додека учиш како да ги решаваш проблемите ќе стекнеш вештини и за подобро управување со времето, односно која задача, софтвер или проблем е најприоритетен за решавање. Овие вештини може да се применат и во други области од твојот живот, како на пример кога треба да балансираш помеѓу учењето и личниот живот.
Континуирано учење
За сите што сакаат постојано да учат, ова е вистинската сфера за надградување на своите вештини. Software Testing-от е поле кое постојано се развива, со нови алатки и технологии кои редовно се појавуваат. Ќе бидеш изложен на најновите трендови и најдобри практики во индустријата на коишто ќе треба постојано да ги следип и да се прилагодуваш.
Како да станеш успешен Software Tester за 0 денари, а да плаќаш по вработувањето?
Секој матурант и иден студент кој сака да се стекне со вештини и има желба да работи во динамичната ИТ-индустрија, за првпат во земјава има можност да се запише на високообразовна институција и да не потроши ниту денар за тоа додека учи. Звучи премногу добро за да биде вистинито? Верувај, Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) – првиот акредитиран практичен ИТ-факултет во Македонија ја нуди оваа уникатна можност со која секој иден студент може да студира на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации за 0 денари, а да плаќа по вработувањето, на рати, без камата.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!