Како што податоците ја обликуваат иднината, побарувачката на висококвалитетни професионалци за Data Science бележи вртоглав раст.
Ако идејата да ги претвориш податоците во одредена акција ти звучи интересно, тогаш Data Science е вистинскиот кариерен избор за тебе!
Доколку размислуваш за додипломски студии во ИТ-сверата, те охрабруваме да се предизвикаш себеси и да го започнеш своето кариерно патување во светот на Data Science. Ќе биде потребно да вложиш многу време, енергија и посветеност за да ги совладаш сите предизвици коишто ќе ги сретнеш на патот, но со сигурност можеме да кажеме дека ќе бидешгорд на твоето достигнување и дека целиот труд којшто ќе го вложиш ќе се исплати.
Во продолжение, прочитај кои се 5-те причини зошто да почнеш да учиш Data Science.
Една од најплатените и најбараните професии на глобално ниво
Data Science експертите се потребни во речиси секоја област, од технологија, безбедност до апликации за запознавање. Преземањето на чекор за започнување на кариера во Data Science е паметен потег. Не само затоа што работните места во областа на Data Science се модерни, а платата е над просекот (просечната плата може да достигне 139.840 долари годишно), туку затоа што податоците се клучната почетна точка на која се врти целата економија.
Еве дел од најбараните работни позиции како data scientist:
- Data Scientist (Просечна плата: $139,840);
- Machine Learning Engineer (Просечна плата: $114,826);
- Machine Learning Scientist (Просечна плата: $114,121);
- Applications Architect (Просечна плата: $113,757);
- Enterprise Architect (Просечна плата: $110,663);
- Data Architect (Просечна плата: $108,278);
- Data Engineer (Просечна плата: $102,864);
- Data Analyst (Просечна плата: $62, 453).
Компаниите се фокусираат кон донесување data-driven одлуки
Човечката историја никогаш не видела ваква информативна експлозија. Целата ситуација со пандемијата штотуку помогна при проширување на податоците. Настаната ситуација им ја покажа на бизнисите и на економиите ширум светот, итноста и важноста да се соберат релевантни податоци и да се искористат за да се постигнат целите.
За да останат конкурентни во оваа средина која брзо се менува, бизнисите сега не можат да си дозволат да планираат години нанапред и да се држат до фиксна стратегија. Наместо тоа, тие треба да се фокусираат на податоци во реално време и предвидлива аналитика. На овој начин, тие можат да ги прилагодат своите следни чекори врз основа на тоа што им треба и што сакаат нивните клиенти.
Сите оние бизниси кои не се подготвени да се прилагодат на брзите промени и ја занемаруваат важноста на одлуките засновани на податоци наскоро ќе исчезнат од пазарот.
Податоците и нивната анализа можат да го направат светот подобро место
Податоците и аналитиката се користат секојдневно за да им помогнат на бизнисите да постигнат ефикасност, да добијат подлабоки оперативни сознанија и на крајот да генерираат повеќе приходи. Сепак, влијанието на Data Science достигнува многу подалеку од деловниот сектор и помага да се решат некои од најважните прашања на човештвото.
Податоците играат клучна улога при решавање на проблеми од најразлични сфери. Од спречување на оштетување на видот, па сè до подобрување на земјоделските перформанси и решавање на големите проблеми со климатските проблеми, токму Data Scientists се оние коишто помагаат преку анализа на податоците да го направат светот подобро место за живеење.
Голема популарност на вештачка интелигенција и машинско учење
Денешниот пазар се менува на неверојатни начини со зголемен фокус околу вештачката интелигенција и машинското учење. Data Science им помага на овие нови технологии со пронаоѓање решенија за проблемите преку поврзување на слични податоци за идна употреба. Пример за ова е системот за препознавање лица на Facebook кој со текот на времето собира многу податоци за постоечките корисници и ги применува истите техники за препознавање лица со новите корисници. Како што алатките продолжуваат да се развиваат, така техниките на Data Science стануваат полесни за користење од корисниците.
Професија на иднината
Како што кажавме и претходно Data Science е област која важи за една од најплатените и најбараните кариери. Како што податоците ја обликуваат иднината, побарувачката за сет на вештини за Data Science се проширува, што значи дека овие вештините ќе продолжат да бидат едни од најбараните и во иднина.
Исто така, Data Science може многу да ти помогне за лична употреба. На пример, можеш да го користиш овој сет на вештини за да ги анализираш твоите месечни трошоци и да извлечеш значајни увиди од него. Секогаш ќе имаш можност и знаење да изградиш модели за лична употреба и да ги предвидиш претстојните настани. Опциите овде се неограничени, а најважна е твојата креативност!
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
За повеќе информации, закажи средба сега!