Brainster Next College е првиот акредитиран применет ИТ колеџ во државата. Основан е од страна на Brainster – најдобро рангиран образовен центар во Македонија според независната платформа за рангирање од страна на алумни и тековни студенти – 99Schools.mk во конкуренција од 150 формални и неформални едукативни центри во државата. Целта на создавањето на колеџот е да се надмине оној јаз кој е настанат помеѓу реалната потреба за вештини на пазарот на труд и моменталната понуда на студиски програми во рамки на високообразовниот систем, преку нудење на студиски програми и курикулум кој е во тек со глобалните трендови и креиран во соработка со ИТ индустријата.
Во продолжение, ги издвоивме клучните 7 причини зошто да го решиш компетитивниот тест за финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработување!“ и да студираш на Brainster Next College
1. Brainster Next College е првиот практичен ИТ-факултет во нашата држава
Дали знаеш дека концептот на применетите ИТ колеџи ги бележи своите корени во Германија, каде што за првпат се појавил терминот Fachhochschule, односно College/School of Applied Sciences во рамки на образовниот систем, кој набрзо станал општоприфатен низ цела Европа, но и во светот?
Историски гледано, применетите колеџи се најраспространети во Западна Европа, во земји како што се Германија, Австрија и Холандија, но многу од нив ги има и во Соединетите Американски Држави. Дури и еден од најпознатите и најреномираните технички универзитети во светот – MIT (Massachusetts Institute of Technology) ги бележи своите почетоци применувајќи го токму овој модел на применето високо образование.
Поконретно, станува збор за високообразовни институции кои се специфично насочени кон изучување на професионални вештини и практична апликација на стекнатото знаење, но се еквивалентни во степенот на формално образование со останатите факултети. Овие високообразовни институции може да се сретнат според својата форма како вокациони, стручни, политехнички или пак применети школи, колеџи, факултети и универзитети.
Она што ги прави поинакви од останатите високообразовни институции е самиот факт дека се обично конкретно насочени кон науки во областа на технологијата со фокус на практичната примена на стекнатите знаења во апликативни решенија. Воедно, тие се во многу тесна и длабока поврзаност со компании од секторот во кој нудат студии, кои не само што обезбедуваат пракса за студентите, туку се и директни учесници во самата креација на наставните програми, развојот на курикулумот и проектите на кои работат студентите во рамки на своите студии.
Токму ваков тип на применет ИТ колеџ е и Brainster Next College. Нашите студиски програми се креирани врз основа на овие гореспоменати принципи и преку нашиот Индустриски Борд и блиската соработка со партнерските компании, можеме да понудиме студии кои со својата апликативна примена соодветствуваат на она што е навистина потребно во индустријата од аспект на вештини и знаења, правејќи ги нашите студенти вработливи уште пред самото дипломирање.
Затоа, Brainster Next College е формиран со цел матурантите и идните студенти да не го бараат решението во високобразовните институции во странство, туку да им се понуди таков тип на студиска програма преку која ќе се стекнат со квалитетно и применето високо образование кај нас.
2. Можност за квалитетни студии без финансиско оптоварување до дипломирање или вработување
Проектот „Join Generation Next – Студирај сега, плаќај по вработување!“ e прв од овој тип во нашата држава, а можеби пак и пошироко во регионот.
За реализацијата на овој проект е направена инвестиција од 2.5 милиони евра, а главниот мотив зад оваа инвестиција на Brainster Next College и отпочнувањето на овој проект е да ја оттргне примарната грижа на студентите и нивните родители при одлуката за избор на студии – финансиите. Овој фактор при изборот на институцијата и областа на студирање е оној кој најчесто ги одвлекува студентите од посегнување по квалитетни и напредни програми. Преку уникатниот модел „Студирај сега, плаќај по вработување!“, Brainster Next College ја дава можноста и сигурноста овој фактор повеќе да не претставува проблем.
Во однос на самата инвестиција, станува збор за директно вложени сопствени средства обезбедени од страна на Brainster – основачот на Brainster Next College, со цел да се покријат оперативните трошоци како и да се обезбеди ликвидност на институцијата, којашто инаку би ја обезбедиле школарините на студентите. Со тоа, ние се откажуваме од приходите во текот на траењето на студиите, со цел истите да бидат вратени на рати, но безкаматно, со 0 денари дополнителни трошоци, дури по вработувањето или дипломирањето на нашите студенти.
3. Финансиска поволност базирана на компетенции, способности и афинитети, а не на досегашни резултати и оценки
Во Brainster Next College веруваме во индивидуалните способности и интереси на нашите идни студенти, па затоа ги отфрливме досегашните резултати и оценки како предуслов за освојување на овој финансиски модел. Тоа значи дека без разлика на оценките во досегашното образование и резултатите од положената државна матура ќе можеш да се квалификуваш за освојување на овој финансиски модел и запишување на студии на Brainster Next College.
Ова го прави овој проект единствен концепт за финансиска поволност за студентите кој не се базира на рангирање и пресметки за минатиот труд, туку напротив, на нивните компетенции, способности, афинитети и желба да се постигне повеќе и да се напредува.
Доколку сакаш да се обидеш да ја освоиш оваа неверојатна можност за квалитетни и безгрижни студии потребно е да ги покажеш своите компетенции, способности и афинитети на 40 прашања поврзани со решавање на проблеми, логички и нумерички прашања, логички игри и прашања од општо знаење (problem solving, logical reasoning, numerical reasoning, logic puzzles & general knowledge). Ваквиот тип на прашања се далеку применувани во голем број на странски високообразовни институции, а online можеш да најдеш безброј вакви примери доколку сакаш да добиеш подабар увид во начинот на кој се структурирани прашањата коишто можат да те доведат чекор поблиску до врвно, квалитетно и безгрижно студирање. Воедно, доколку сé уште се соочуваш со одредени нејаснотии или пак сакаш дополнително да ти биде објаснет начинот на кој ќе се одвива тестот, тимот на Brainster Next College ти стои на располагање во секое време и можеш слободно да нé контактираш на телефонскиот број или по e-mail.
4. Современа студиска програма која ќе те подготви за твојата идна кариера
Доколку и ти си еден од многуте идни студенти коишто стравуваат дека ќе ги поминат своите студии со предавања според застарени практики и учење на предмети што нема да ти бидат потребни во кариерата во иднина, Brainster Next College е вистинската одлука за твоите идни студии.
Студиската програма на Brainster Next College се состои од предмети кои ги покриваат знаењата и вештините од најбараните, најбрзорастечките и најпрофитабилните професии на денешницата и во иднина со кои ќе стекнеш цврсти познавања кои ќе ти овозможат да просперираш и да ја градиш својата иднина. Предавањата се состојат како од теоретска настава, така и од практична настава коишто заедно во комбинација ќе ти го овозможат совршениот спој за да ги стекнеш најпотребните вештини и да увидиш каков е начинот на работење во индустријата.
Студиската програма е креирана според најновите трендови и актуелности во денешницата, а дел од предметите и вештините со коишто ќе се стекнеш вклучуваат: веб 3.0, Internet of Things, криптовалути и вештачка интелигенција.
5. Искусни професори и посветено менторство за совладување на сите потребни алатки и вештини
Како што споменавме и претходно, покрај теоретската настава, за време на студиите ќе имаш можност да работиш на реални проекти и да реализираш пракси кај некои од нашите 100+ партнери кои се веќе докажани и успешни на пазарот со што би добил увид во вистинската работна средина уште за време на студиите и ќе се стекнеш со компетитивни вештини кои ќе те направат вработлив уште пред твоето дипломирање.
Наставниот кадар којшто ќе ја спроведува програмата е сочинет од професори кои се реномирани експерти во ИТ индустријата, не само во нашата држава туку и во странство, и имаат реално и практично искуство покрај академската титула која ја поседуваат. Во оваа насока, професорите кои се дел од редовниот наставен кадар ќе се погрижат не само да ја пренесат зададената материја во рамките на еден предмет, туку и ќе ги дадат сите свои напори да ти ги пренесат нивните стручни знаења и меки вештини стекнати во текот на нивното долгогодишно искуство како професионалци во областа на ИТ секторот.
Покрај нивното професионално портфолио и академски достигнувања, нашите професори се воедно и исклучителни предавачи, коишто индивидуално ќе се посветуваат на менторирање на секој од студентите при изведбата на практичната настава и работата на реалните проекти.
6. Предавања од вработени во Google, Apple и Facebook кои ќе ги споделуваат со тебе своите знаења и најдобрите практики за успех
Доколку некогаш си слушнал за извонредните успешни приказни од локални херои коишто успеале да лансираат неверојатни кариери во некои од најреномираните глобални гиганти, неизбежно е да се запрашаш која е тајната за таков огромен успех.
Во Brainster Next College, покрај редовните професори, и со цел да се даде дополнителна интернационална димензија на наставата, во рамките на одредени предмети ќе бидат вклучени и гости предавачи од глобални ИТ гиганти како што се Google, Facebook, Apple и многу други, како и претприемачи и иноватори од областа на дигиталните индустрии.
Овие гости предавачи, покрај тоа што ќе ги споделуваат со тебе своите стручни знаења и искуства, ќе ти помогнат и во градење на твоите меки вештини коишто тие ги стекнале во текот на нивното долгогодишно искуство како професионалци во својата област.
Ќе научиш како да бидеш упорен, љубопитен и никогаш да не се откажуваш од своите соништа, затоа што со вистинските предавачи и ментори покрај себе, многу труд и желба за успех, секоја препрека може да се помине и секој сон може да стане реалност.
7. Пристап до заедница на таленти со кои заедно ќе иновираш и ќе се надградуваш
Во Brainster Next College ќе имаш пристап до голема заедница на таленти со кои ќе придонесуваш во трансформација на постоечката ИКТ и дигитална индустрија од проектно ориентирана, во продуктно ориентирана. Ќе бидеш дел од интердисциплинарна истражувачка култура која гради мостови меѓу повеќе различни области и профили на луѓе кои работат заедно на конкретни проблеми.
Ќе бидеш дел од заедница на истражувачи, предавачи и соработници со кои заедно ќе работиш на проекти од повеќе дисциплини кои вклучуваат роботика, машинско учење, вештачка интелигенција, образование и образовни модели, примена на ИТ алатки во различни области, комуникациски модели, одржливост, визуелни уметности и индустрија 3.0.
Ќе се сретнеш со работа на реални предизвици и проекти кои вклучуваат можни решенија на важни општествени проблеми од типот на оптимизација на јавен превоз, мотивација за алтернативни типови на превоз, намалување на загадувањето и слично преку спој на уметност, наука, дизајн и технологија во средина дизајнирана за соработка и инспирација.
Реши го тестот за компетенции и добиј ја можноста да студираш на Brainster Next College преку финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработување!“.
Со мали квоти целиме кон квалитет наспроти квантитет на кадарот кој го создаваме.
Уписите се отворени, а местата – ограничени, затоа аплицирај навреме!
Закажи средба, студирај по најсовремена програма, обезбеди си сигурна кариера и создади подобра иднина.