Brainster Next колеџот го отпочна проектот Join Generation Next со цел да овозможи уникатен и флексибилен модел на финансирање на студиите односно – Студирај сега, плаќај по вработување!
Со тоа, Brainster Next колеџот им овозможува на матурантите и младите лица да добијат можност да станат дел од првата генерација коишто ќе се запишат оваа есен, а за студиите ќе почнат да плаќаат по вработувањето. Тоа го прави Brainster Next колеџот првиот применет ИТ колеџ кој спроведува ваков финансиски модел со цел да им помогне на идните студенти полесно да обезбедат сигурна кариера и подобра иднина.
Целта на овој проект е да ги пронајдеме матурантите и младите лица кои сакаат да зачекорат во професиите на иднината, а се одликуваат како проактивни, амбициозни и доволно мотивирани за да се соочат со предизвикот, како и на истите да им пружиме поддршка уште од самиот почеток.
Доколку се одликуваш со овие карактеристики и сакаш да добиеш можност да студираш на Brainster Next колеџот и да го искористиш новиот модел за финансирање на твоите студии, дознај повеќе во продолжение!

Што претставува моделот „Студирај сега, плаќај по вработување“?
„Студирај сега, плаќај по вработување“ е флексибилен модел на финансирање на твоите студии кој започнува по твоето дипломирање или вработување – во било која фаза на времетраење на твоите студии или пак по нивното завршување и нуди флексибилност во однос на исплаќањето на школарината.
Со тоа, овој проект, прв и единствен од ваков тип кај нас, им нуди шанса на сите матуранти и млади лица да се запишат на додипломски студии по Софтверско инженерство и иновации на Бреинстер Некст колеџот и да ги поминат 3 годишните студии без никакво финансиско оптоварување и со 0 денари дополнителни трошоци сé додека не дипломираат или не се вработат.
Воедно, ова е единствениот концепт за финансиска поволност за студентите кој не се базира на рангирање и пресметки за минатиот труд (оценките од средното образование и резулатите од полагањето на државната матура) туку напротив, на нивните компетенции, способности, афинитети и желба да се постигне повеќе и да се напредува.
Поради тоа, условот за да се стекне студентот со можноста да ја искористи оваа уникатна поволност е да се вклучи во квалификационо тестирање за компетенции и способности, коешто ќе започнува токму денеска!
За каков тип на квалификационо тестирање станува збор?
Како што напоменавме погоре, процесот за искористување на оваа уникатна можност е едноставен и првиот чекор е да се вклучиш во прелиминарното квалификационо тестирање кое започнува денеска – на 26 април 2022!
Станува збор за решавање на онлајн тест за компетенции со кој ќе имаш шанса да добиеш можност да студираш на Brainster Next колеџот и да го искористиш новиот модел за финансирање на студиската програма „Софтверско инженерство и иновации“.
Овој процес воопшто не е комплициран, но она што треба да го знаеш е дека е потребна посветеност и време во кое ќе можеш максимално да се посветиш на тестот.
Преку платформата којашто ја создадовме, потенцијалните студенти ќе можат да одговорат на вкупно 40 прашања и да ги стават на тест своите вештини. Сите учесници ќе имаат на располагање 30 минути за решавање на тестот.
Дополнително, доколку истече времето за решавање на тестот, тестот се затвара и корисникот нема да може да продолжи понатаму. Тестот нема да биде земен предвид доколку истече времето и не се комплетирани сите прашања.
Понатаму, преку персонализиран процес на селекција, највисокорангираните ќе бидат повикани на onsite тест и/или интервју пред комисија, по што ќе следува објавување на финалните резултати и на учесниците кои се квалификувани за упис на додипломските студии за Софтверско Инженерство и Иновации и моделот „Студирај сега, плаќај по вработување“.
ОНЛАЈН ТЕСТОТ Е ДОСТАПЕН ТУКА!
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ПРАВИЛАТА, ОДВОЈТЕ 30 МИНУТИ ОД ВАШЕТО ВРЕМЕ, И ДОБИЈТЕ МОЖНОСТ ЗА СТУДИИ НА БРЕИНСТЕР НЕКСТ КОЛЕЏОТ!
Кој може да се пријави на тестот за компетенции?
На тестирањето можат да се пријават сите матуранти кои завршуваат четврта година во јавните или приватните средни училишта во нашата држава, кои се редовни ученици и сакаат да го продолжат своето образование во областа на Софтверското инженерство и иновации на Brainster Next колеџот, а воедно и младите лица кои досега не посегнале по високото образование, но се заинтересирани конкретно за моделот Студирај сега, плаќај по вработување! и самиот колеџ.
Повеќе околу резултатите и награди за најдобрите!
Откако ќе ги испратиш своите одговори од тестот, време е да се релаксираш и да ја чекаш листата со резултатите која ќе биде објавена по завршување на кампањата. По самото решавање на тестот секој учесник добива уникатен код на неговата е-маил адреса, според кој ќе може да види како е рангиран според резултатите од тестот. Конечниот список со резултати од online тестот ќе биде објавен на 25 мај 2022 година.
По оваа фаза, следува следниот чекор за избирање на кандидатите за колеџот. Највисоко рангираните, ќе бидат контактирани и повикани на онсајт тест и/или интервју пред комисија.
Тројцата највисоко рангирани кандидати, покрај тоа што ќе се запишат на Brainster Next колеџот и ќе можат да студираат според моделот Студирај сега, плаќај по вработувањето! ќе бидат дополнително наградени со ИТ опрема, односно:
- 1во место – лаптоп
- 2ро место – таблет
- 3то место – блутут слушалки
Студирај по најсовремена програма, обезбеди си сигурна кариера и создади подобра иднина.
Реши го тестот за компетенции и добиј можност да го искористиш новиот модел за финансирање и да студираш на Brainster Nеxt колеџот оваа есен, а да почнеш да ги исплаќаш студиите по вработување!