Завршувањето на средното образование е еден од највозбудливите периоди за секој ученик, исполнето со многу учење, пријателства и прашања поврзани за идните студии и најперспективните кариерни можности.
Доколку уште размислувате кој е вашиот следен чекор по завршување на средното образование – не грижете се, бидејќи големи се шансите и вашите врсници да се соочуваат со истиот предизвик.
Живееме во време на дигитализација, а вештините на денешницата не соодвествуваат на работните позиции на иднината. Со таа цел го создадовме Brainster Next колеџот – за воедно и да им помогнеме на сегашните матуранти и идните студенти да ја донесат правилната одлука за нивниот следен чекор.
Дополнително, Brainster Next College им овозможува на матурантите и младите лица да добијат можност да станат дел од првата генерација коишто ќе се запишат оваа есен, а за студиите ќе почнат да плаќаат по вработувањето. Тоа го прави Brainster Next College првиот применет ИТ колеџ кој спроведува ваков финансиски модел со цел да им помогне на идните студенти полесно да обезбедат сигурна кариера и подобра иднина.
Целта на овој проект е да ги пронајдеме матурантите и младите лица кои сакаат да зачекорат во професиите на иднината, а се одликуваат како проактивни, амбициозни и доволно мотивирани за да се соочат со предизвикот, како и на истите да им пружиме поддршка уште од самиот почеток.
Доколку се одликуваш со овие карактеристики и сакаш да добиеш можност да студираш на Brainster Next College и да го искористиш новиот модел за финансирање на твоите студии, дознај повеќе во продолжение!
Што претставува моделот „Студирај сега, плаќај по вработување“?
„Студирај сега, плаќај по вработување“ е флексибилен модел на финансирање на твоите студии кој започнува по твоето дипломирање или вработување – во било која фаза на времетраење на твоите студии или пак по нивното завршување и нуди флексибилност во однос на исплаќањето на школарината.
Со тоа, овој проект, прв и единствен од ваков тип кај нас, им нуди шанса на сите матуранти и млади лица да се запишат на додипломски студии по Софтверско инженерство и иновации на Бреинстер Некст колеџот и да ги поминат 3 годишните студии без никакво финансиско оптоварување и со 0 денари дополнителни трошоци сé додека не дипломираат или не се вработат.
Воедно, ова е единствениот концепт за финансиска поволност за студентите кој не се базира на рангирање и пресметки за минатиот труд (оценките од средното образование и резулатите од полагањето на државната матура) туку напротив, на нивните компетенции, способности, афинитети и желба да се постигне повеќе и да се напредува.
Поради тоа, условот за да се стекне студентот со можноста да ја искористи оваа уникатна поволност е да се вклучи во квалификационо тестирање за компетенции и способности, коешто ќе започне да се спроведува од страна на колеџот.
Како да аплицираш на Brainster Next колеџот и да го искористиш „Студирај сега, плаќај по вработување“ моделот на финансирање?
Како што напоменавме погоре, процесот за искористување на оваа уникатна можност е едноставен и првиот чекор е да се вклучиш во прелиминарното квалификационо тестирање кое започнува на 26 Април 2022.
Решавање на тестот за компетенции со кој ќе имаш шанса да добиеш можност да студираш на Brainster Next колеџот и да го искористиш новиот модел за финансирање на студиската програма „Софтверско инженерство и иновации“ воопшто не е комплициран процес, но она што треба да го знаеш е дека е потребна посветеност и време во кое ќе можеш максимално да се посветиш на тестот.
Преку платформата којашто ја создадовме, потенцијалните студенти ќе можат да одговорат на вкупно 40 прашања и да ги стават на тест своите вештини. Сите учесници ќе имаат на располагање 30 минути за решавање на тестот.
Дополнително, доколку истече времето за решавање на тестот, тестот се затвара и корисникот нема да може да продолжи понатаму. Тестот нема да биде земен предвид доколку истече времето и не се комплетирани сите прашања.
Понатаму, преку персонализиран процес на селекција, највисокорангираните ќе бидат повикани на onsite тест и/или интервју пред комисија, по што ќе следува објавување на финалните резултати и на учесниците кои се квалификувани за упис на додипломските студии за Софтверско Инженерство и Иновации и моделот „Студирај сега, плаќај по вработување“.