Како Некст платформата ќе помогне во вашето кариерно насочување

Изборот за идните студии, кариерата а и професијата која ќе ве исполнува е секогаш возбудлив но и збунувачки процес. Некст платформата на Бреинстер Некст колеџот е тука за да ви помогне како алатка за кариерно насочување.
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Дали е време за да ги одберете вашите идни студии? Да ја стартувате вашата кариера, но сé уште не знаете по кој кариерен правец да тргнете? Дали сте незадоволни од вашиот моментален кариерен избор? Или, пак, сметате дека трансформација на професијата е вистинскиот чекор за вас?

Да, нема ништо позбунувачко, но во исто време и повозбудливо од процесот да се одлучите за идните студии и кариера. На крајот на денот, треба да одберете професија којашто навистина ќе ја сакате за да ја вложите целата енергија, знаење и креативност во неа.

The NEXT Platform ќе ви помогне токму во тоа! 

Оваа платформа е креирана од страна на Brainster Next колеџот со цел да може да помогне токму онаму каде што понекогаш и најмногу е потребна помош, а тоа е при изборот на соодветна студиска програма која води до професија која ќе ве исполнува.

Станува збор за платформа со концизни онлајн курсеви со којашто ќе можете да се тестирате себеси за да дознаете во што сте добри и кои се вашите полиња на интерес. Со други зборови, ова е бесплатна алатка за кариерно насочување што ќе ви помогне да го најдете патот до вашата идеална кариера.

Подолу, издвоивме неколку начини како Некст платформата може да ви помогне во кариерното насочување уште денеска.

1. Го поттикнува љубопитниот дух

Дали некогаш сте се запрашале што се изчува во насока на дигиталните и информациските науки и како всушност функционираат дигиталните индустрии, но не сте имале време или начин како да ги истражите? Се прашувате можеби кои се знаењата и со што точно се бави еден програмер или дигитален маркетер можеби?

Некст платформата ќе ви одговори на сите прашања со само неколку клика. На овој начин, ќе може од блиску да дознаете како функционираат дигиталните индустрии. Зошто да не проверите дали тие ќе ви ги исполнат очекувањата, или можеби ќе ги надминат истите?

2. Не бара финансиска инвестиција

Финансиските ресурси не се повеќе изговор за да направите значителна промена во кариерата, или пак да дознаете што точно се изучува во рамки на програмите од дигиталната струка.

Преку Некст платформата, сублимираното знаење од реномирани инструктори во својата област го имате на дланка и тоа бесплатно.

Се што ви е потребно е само да најдете слободно време и да имате силна желба за учење. 

3. Можност за тестирање колку сте добри во одредена област

Има ли нешто подобро од тоа да дознаеш дали нешто навистина ве интересира и дали ги имате потребните вештини уште пред да почнете да го работите тоа?

Курсевите на Некст платформата се специјално дизајнирани за не само да ви го дадат основното знаење што ви е потребно, туку и да ви овозможат да се тестирате себеси колку сте добри во одредена област. 

Никогаш не можете да знаете дали ви одговара одредена струка додека не ја пробате, така?

4. Курсеви што се достапни 24/7 

За да можете да ги посетувате курсевите во време кога најдобро ви се вклопува во распоредот, овозможивме истите да бидат достапни до вас 24/7.

Ова значи дека можете да се вратите на поединечна лекција, секција или курс кога вам ви одговара или да ги прегледате неколку пати за да си го повторите знаењето.

5. Кариерен квиз како дел од платформата

За сите оние коишто досега не го изработиле Кариерниот квиз на Бреинстер или сакаат од почеток да го сторат тоа, го вклучивме квизот на самиот почеток на Некст платформата.

Кариерниот квиз е дизајниран со цел да помогне да откриете каков тип на личност сте, да ги идентификува вашите врвни професионални квалитети и да ви помогне да изберете кариери кои се усогласени со нив. 

6. Постојано надградување

Оваа платформа постојано ќе се надградува и надополнува со нови области за учење, нови секции, лекции курсеви и содржини од областа на најбараните професии на денешницата а и иднината.

Ова ќе помогне не само во вашето кариерно насоување и изборот на идни студии, туку и на вашето постојано надградување во одредени области кои ви се од интерес или можат да ви помогнат за да стекнете повеќе знаење и вештини за специфични поединости од една професија.

Наоѓањето на вистинската кариера е стресно, но ние сме тука да ви помогнеме во секој чекор! 

Се што треба е да се регистрирате на Некст платформата со што ќе направите чекор напред кон пронаоѓање на вашата кариера од соништата.

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!