Месец ноември го посветивме на принципите што го прават Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) првиот практичен ИТ-факултет во Македонија.
Дел од новостите од минатиот месец беа најголемиот Brainster Live хакатон на кој учествуваа нашите студенти од втора година на студиската програма Софтверско инженерство и иновации и Q&A сесијата со Филип Арсов, првиот гостински предавач од серијалот настани кои ги нарековме Brainster Next Talks. Воедно, ги издвоивме принципите што нè разликуваат од останатите факултети и се потсетивме на неколку значајни моменти од првата студиска година како презентирањето на финалните решенија што нашите студенти ги работеа за време на практикантската програма во Brainster, нивното прво хакатонско искуство и уникатните веб-апликации што ги изработија на предметот Имплементација на решение.
Во продолжение, прочитај повеќе за последните новости од Brainster Next College

- Студенти од Brainster Next College и Brainster академиите здружени во борбата против загадениот воздух во Скопје на најголемиот live хакатон
Со многу возбуда, овации и смеа, во трка со времето и техничките можности, над 150 студенти силно мотивирани викендов го креираа својот најзначаен код – кој ќе ни помогне на сите подобро да дишеме. Најголемиот live хакатон досега во регионот, кој истовремено беше и најдолг, траејќи 49 часа, се одржа викендов во организација на водечката едукативно-технолошка организација Brainster (Бреинстер), во партнерство со стартапот AirCare (Мој Воздух).
Во динамичен амбиент, исполнет со многу емоции, тимска работа и научени многу нешта, се натпреваруваа, но и соработуваа студентите од студиската програма Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College, заедно со студентите од Brainster академиите за Front-End програмрање, Full-Stack програмирање, Data Science, Software Testing и Project & Product Management.
„Драго ми е што имав можност да го применам наученото од колеџот во тимови комбинирани со студенти од повеќе академии на Brainster. Се радувам што можев да помогнам на повеќе места. Ова е несекојдневно и значајно искуство за мене. Темата е многу интересна, бидејќи креираме апликација со која помагаме на целото оштеството. Се надевам дека благодарение на Breathe.mk Скопје ќе дише почист воздух“, ни сподели Сергеј Бојковски, студент на Brainster Next College.
Прочитај повеќе за атмосферата на AirCare хакатонот и како си поминаа нашите студенти.

- Brainster Next Talks со Филип Арсов, косопственик на Synapse Aviation, компанија чиј софтвер го користи авиокомпанија Lufthansa
Како прв акредитиран практичен ИТ-факултет во Македонија се залагаме за редифинирање на учењето и креирање на едно поинакво и подобро студентско искуство. Како една од придобивките што ја имаат студентите на Brainster Next College е достапноста до експерти од индустријата и можност за учење од најдобрите. Затоа и ги започнавме настаните кои ги нарековме Brainster Next Talks на кои нашите студенти ќе имаат шанса да слушнат успешни приказни и многу корисни совети.
Овие настани им овозможуваат на нашите студенти неверојатна можност, пред сè да дознаат повеќе за ИТ-светот од влијателни личности во оваа област, а секако и да остваруваат значајни контакти и да се вклучат во заедница на истомисленици.
„Формулата за успех е упорност и учење или љубов и дисциплина. Секогаш во сите можни аспекти, во животот е важно да знаете да избалансирате два елементи – љубов и дисциплина. Патот кон успехот е кулминација на упорноста и знаењето. Вие сте на право место бидејќи овде го добивате знаењето, а за упорноста сте одговорни самите вие“, сподели Филип.
Прочитај ги 5-те работи што ги научивме од гостинското предавање на Филип Арсов

- Што го прави Brainster Next College поинаков од останатите факултети?
По постојано достигнување на нови височини и успеси, лидерот во неформалното образование, Brainster, во 2019 година заплива во нови води и го отвори првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, Brainster Next College.
Целта на нашиот основач Brainster е да додаде скалило коешто ќе ја намали длабочината на јазот
Со Brainster Next College се фокусираме го намалиме јазот помеѓу образованието и пазарот на труд, односно да изградиме еден мост преку кој ефективно ќе ги подготвиме младите за транзицијата од академскиот во професионалниот свет и адекватно ќе ги поткрепиме со најбараните вештини и знаења од дигиталната сфера и информатичките технологии.

- Кога студентите добиваат можност да бидат сослушани, секогаш ќе се најдат соодветни акции и решенија
Една од придобивките што ги добиваат студентите на Brainster Next College е токму индивидуалното внимание кое им се посветува од страна на целосен тим посветен само за нивното студентско искуство.
Наместо класичната студентска администрација или популарно наречените „студентски прашања“ како кај останатите факултети, Brainster Next College има Student Success тим чијашто цел е да ги следи и да им помага на студентите за време на целото нивно академско патување.
„Независно од проблемот со кој студентот или група на студенти се соочуваат, првиот чекор е секогаш отворена комуникација. Кога студентите добиваат можност да бидат ислушани, секогаш доаѓаме до заеднички прифатливи акции кои ќе ги преземеме за да го решиме проблемот. Студентите во различни периоди од академската година се соочуваат со различни видови на проблеми, затоа секогаш сум подготвена за разговор, совет, истражување на проблем или наоѓање конкретни решенија кои на студентите ќе им овозможат непречен фокус на студиите“, објасни Александра Димкова, Student Success Coordinator на Brainster Next College.

- Нашите предавачи се комбинација на најдоброто од академскиот свет и ИТ-индустријата
Во областа на образованието, спојот на академската моќ и искуството од реалниот свет создава уникатно искуство за секој студент што не може да се научи од ниту еден учебник или книга. Предавачите на Brainster Next College предавањата ги збогатуваат своето оргомно искуство, практични примери од секојдневната работа, организирање работилници и интересни проекти и задачи кои ги предизвикуваат нашите студенти. Всушност, станува збор за практично учење кое повеќе личи на подготовка за идната професија отколку на меморирање на факти.

- Уникатната вредност на студиската програма UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College
Со постојаното развивање на технологијата и иновациите, потребата за креирање на врвно, практично образование е една од најважните работи за создавање на квалитетна иднина.
По успешното завршување на првата година на студентите од студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College, на почетокот на оваа студиска години покрај тоа што ги отворивме вратите за нашите нови идни софтверски инженери, за првпат ги пречекавме и студентите од новата уникатна акредитирана програма по UX/UI и графички дизајн.

- Нашите студенти работат на проекти со кои прават промени во општеството
На крајот од секоја година, последниот предмет што го полагаат студентите е Имплементација на решение, кој всушност е круната на сè што тие имаат научено и преку овој предмет имаат можност тоа да го покажат во пракса.
Целта на предметот е студентите да го применат стекнатото знаење во претходните семестри за креирање комплетно апликативно решение. Со користење на програмските јазици и работните рамки и под менторство на своите професори, студентите креираат апликативно решение за реални клиенти.
„Кога ние завршувавме прва година, не знаевме ниту половина од ова што вие го знаете сега. Не можев ни да замислам дека на крај на прва година може да направам нешто вакво. Ова што вие го направивте сега, јас го научив дури во трета година“, изјави Ивица Пешовски, професор на Brainster Next College.
Дознај повеќе за апликацијата што ја создадоа нашите студенти.

- Само една година на Brainster Next College, а веќе со портфолио полно со работа на реални проекти
Веб-страница на скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“, веб-платформа за организирање на хакатони, Bitbite.mk – апликација наменета за угостителски локали што сакаат да го дигитализираат нивното хартиено мени… По само една година учење на програмата Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College, нашите студенти со помош на нивните ментори успеаа да изработат софтверски продукти. Дел од студентите беа на платена летна пракса во Brainster на која ги работеа овие проекти.
За време на практикантското искуство, студентите беа под менторство на Ивица Пешовски, кој ни сподели дека поради тоа што цела студиска година бил со студентите за време на трите предмети што им ги предавал, знаел што да очекува од нив и дека се спремни за изработка на софтверски продукти.
„Практикантските програми во многу компании се на лош глас дека се само за практикантите да следат онлајн туторијали, да помагаат со тривијални работи и да бидат неми набљудувачи на работната средина. Јас не верувам во таква практикантска програма, особено имајќи го предвид курикулумот што го направивме за студентите на прва година за студиската програма по Софтверско инженерство и иновации. Поради тоа уште кога со студентите ги договаравме условите за самата пракса им посочив што се очекува од нив, кои се одговорностите што ќе ги имаат, кои се задачите на што ќе работат и што ќе научат за време на нивната пракса“, изјави Ивица.

- Улогата на хакатоните во современото образование
На хакатонот за SCiDEV Албанија учество земаа 16 наши студенти кои заедно со студентите од 5 академии на Brainster – UX/UI дизајн, Front-End, Full-Stack, Software Testing & Project & Product Management пробуваа да изнајдат идеално решение со кое ќе го импресионираат клиентот.
Хакатонот на нашите студенти им даде можност да работат во групи, поттикнувајќи соработка, ефективна комуникација и тимска работа. Ова за повеќето од нив претставуваше највредното нешто што ќе го понесат со себе. Дел од нив ни раскажаа како се чувствувале додека работеле, со што се соочиле и беа пресреќни што имавме шанса да се подружиме со нив и да им ги дадеме сертификатите.
Прочитај што ни споделија студентите за своето прво хакатонско искуство.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.
Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!