Со постојаното развивање на технологијата и иновациите, потребата за креирање на врвно, практично образование е една од најважните работи за создавање на квалитетна иднина.
По успешното завршување на првата година на студентите од студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), на почетокот на оваа студиска години покрај тоа што ги отворивме вратите за нашите нови идни софтверски инженери, за првпат ги пречекавме и студентите од новата уникатна акредитирана програма по UX/UI и графички дизајн.
Следење на потребите на индустријата
Во свет воден од дигитални искуства, побарувачката за квалификувани UX/UI и професионалци за графички дизајн постојано расте.
Оваа уникатна додипломска програма која ги опфаќа и UX/UI дизајнот и графичкиот дизајн како комплементарни области е единствената од ваков тип што е достапна за студентите во Македонија. Истата се фокусира на софтверските алатки и примената на информатичка технологија во овие области и ќе им овозможи на дипломираните студенти да поседуваат знаење и компетенции кои се барани на пазарот на труд, не само во Македонија туку и глобално.
Студиската програма UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College е прецизно изработена за да се грижи за реалните барања на индустријата. Креирана е со фокус не само на теоретското знаење, туку и на неговата практична примена, обезбедувајќи им на дипломираните студенти да поседуваат практична експертиза уште пред првото вработување.

Што ја прави уникатна?
Студиската програма на Brainster Next College UX/UI и графички дизајн е единствената програма која го комбинира изучувањето на информатичката технологија и дизајнот на корисничкото искуство/интерфејс со принципите на графичкиот дизајн. Програмата ги подготвува студентите за кариери во ИТ-индустријата или други улоги во технолошката индустрија кои вклучуваат создавање дигитални производи кои се прифатливи за корисниците и се визуелно привлечни.
Моментално на нашиот пазар нема ваков тип на практична додипломска програма која ги опфаќа и UX/UI дизајнот и графичкиот дизајн како комплементарни области, која се фокусира на софтверските алатки и примената на информатичка технологија во овие делови и која ќе понуди дипломирани студенти што ќе поседуваат знаење и компетенции кои се барани на пазарот на труд, не само во Македонија туку и глобално.
„Ова е единствена и уникатна додипломска студиска програма кај нас бидејќи во својот курикулум содржи предмети од областа на графичкиoт дизајн, UX/UI дизајнот (дизајнирање на кориснички интерфејс и искуство), фронтенд програмирање, 3Д моделирање и анимации кои како вештини и компетенции се барани од страна на компаниите. Ние сме и практичен ИТ-факултет, што значи дека овие предмети ќе се изучуваат практично, преку работа на реални проекти, решавање на практични предизвици и работа со мали групи на студенти. Секако дека нема да ја занемариме и теоријата, меѓутоа таа е во служба на праксата на нашиот колеџ, вели Александар Клашниновски, генерален менаџер на факултетот.

Практично учење и проекти од реалниот свет
Еден од темелите на програмата, како и на факултетот е фокусот на практичното учење. Наставната програма е дизајнирана со многу проекти од реалниот свет, поттикнувајќи средина каде теоретското знаење се спојува со практични вештини. Овој пристап на учење им дава сет на вештини и знаење студентите самоуверено да се справат со предизвиците во индустријата и да посегнат кон кариерата од соништата.
Оваа студиска програма се изучува на практичен начин преку здобивање на практични вештини за работа на повеќе видови софтвери во делот на UX/UI дизајн, графички дизајн, анимација, 3D моделирање, како и изучување на фронтенд прогрaмски јазици како технички вештини кои компаниите ги бараат во огласите за работа за графички и UX/UI дизајнери, не само во Македонија туку и глобално.
Сите овие софтвери и вештини, исто како во прва година, покрај што ќе се изучуваат практично за време на соодветните предмети, ќе бидат имплементирани во реални проекти на крајот на секоја година и како дел од дипломската теза што ќе им овозможи на нашите студенти all-round практични знаења и вештини барани на пазарот на труд што ќе им овозможи веднаш да ја започнат својата ИТ-кариера како графички или UX/UI дизајнери.
Наставен кадар – реномирани експерти од кај нас и странство
Наставниот кадар што ќе ја спроведува програмата е сочинет од професори кои се реномирани експерти во ИТ-индустријата односно во делот на UX/UI и графички дизајн, не само во нашата држава туку и во странство, и имаат реално и практично искуство покрај академската титула која ја поседуваат.
Во оваа насока, професорите кои се дел од редовниот наставен кадар се грижат не само за пренесување на зададената материја во рамки на еден предмет или пак дел од програмата, туку се грижат и за пренесување на нивните стручни знаења и меки вештини стекнати во текот на нивното долгогодишно искуство како професионалци во областа на ИТ-секторот.
„Од голема важност е да се посочи дека покрај нивното професионално портфолио и академски достигнувања, нашите професори се воедно и исклучителни предавачи, кои индивидуално ќе се посветуваат на менторирање на секој од студентите при изведбата на практичната настава и работата на реалните проекти. Покрај редовните професори и експертите од ИТ индуструјата, а со цел да се даде дополнителна интернационална димензија на наставата, ќе бидат вклучени и гости предавачи во рамки на одредени предмети од глобални ИТ гиганти, како и претприемачи и професори од познати светски универзитети“, објаснува и Ема Кастратовиќ, академски координатор на факултетот.

Запознај ги дел од идните UX/UI и графички дизајн генијалци
Белма, Анисија, Сара, Андреј, Ана Марија и Ивана се само дел од студентите на студиската програма UX/UI и графички дизајн што со спој на креативност, ентузијазам и желба да го совладаат предизвикот што ги очекува, возбудено ги започнаа предавањата од првиот блок предмети.
Сите со различна позадина, но со една иста цел – да го вложат максимумот и за три години да станат успешни дипломирани UX/UI и графички дизајнери. Ние ви посакуваме многу успех, знаење, пријателства и незаборавни моменти во текот на студиите!
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.
Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!