Во месец јуни, најголемата новост беа презентациите на финалните решенија по предметот Имплементација на решение на студентите од првата генерација на Brainster Next College.
Дел од новостите од минатиот месец беа како хакатоните го јакнат образованието и првиот хакатон за студентите од Brainster Next College, запознавање со професорите на Brainster Next College, како и сè што треба да знаеш за Python и 5 елементи за развивање на UX/UI размислување.
Во продолжение, прочитај повеќе за последните новости од Brainster Next College
Студентите од прва година од Brainster Next College ги презентираа своите финални реални проекти по предметот Имплементација на решение – последниот предмет во годината и покажаа дека може да направат апликација.
Иако само што завршија прва година на студиите по Софтверско инженерство и иновации, нашите студенти покажаа врвно знаење и за само 5 недели успеаја самостојно да направат веб-апликации наменети за реалните клиенти Че, Калдрма, Кантина и Fat Kitchen.
Прочитај што споделија нашите студенти за овој начин на практично учење.
За да им овозможиме уникатно и неверојатно искуство на нашите студенти од студиската програма по Софтверско инженерство и иновации употребуваме една од најмоќните „алатки“ за стекнување на знаење, справување со предизвици и решавање на реални проблеми, излегувајќи од традиционалниот амбиент што го нуди училницата – учество на 48-часовен хакатон во живо.
Она што дополнително го добија студентите на Brainster Next College како вредност е тоа што за првпат имаа можност да работат со студенти од aкадемиите на нашиот основач, Brainster (Бреинстер), да се запознаат со нови колеги и да почувствуваат колку се важни сите аспекти од програмирањето за да станат софтверски инженер, да го проверат своето знаење, но и да научат нешто ново.
Студентите од Brainster Next College учествуваа на својот прв хакатон каде што работеа на изработка на едукативна веб-платформа за клиентот SCiDEV Албанија.
Прочитај што споделија нашите студенти за учеството на својот прв хакатон.
- Запознај се со дел од наставниот кадар на Brainster Next College
– Ивица Пешовски
Ивица Пешовски уште пред почетокот на предавањата, за време на отворениот ден на Brainster Next College, ги освои срцата на студентите токму со неговата непосредност, пријателски однос и пасија за пренесување на знаењето.
Студентите на Brainster Next College, на редовни анкети каде што можат да го искажат своето искуство од програмата и професорите, го оценија Ивица со оценка 4.81.
– Петар Јолакоски
Петар е помлад истражувач во применети области од математиката, кој своите познавања ги надградува во полето на случајните процеси и напредните методи на податочна анализа.
Студентите на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), на редовни анкети каде што можат да го искажат своето искуство од програмата и професорите, го оценија Петар со оценка 4.64.
Прочитај повеќе за Петар и какви совети има тој за студентите.
– Никола Кусибојоски
Никола Кусибојоски е искусен и мотивиран веб-девелопер, особено умешен во Back-Еnd технологиите кој со задоволство сите свои знаења и вештини ги пренесува на студентите на Brainster Next College.
Студентите на Brainster Next College, на редовни анкети каде што можат да го искажат своето искуство од програмата и професорите, го оценија Никола со оценка 4.73.
Прочитај повеќе за работното искуство на Никола и што тој им порачува на студентите.
– Анја Макеска
Анја e магистер во областа на Финансиски менаџмент со два завршени факултети, за меѓународни односи во Софија и правни науки во Скопје. Има искуство и во претприемништвото, основач е на еден стартап и ко-основач на друг. Имајќи го предвид целото практично знаење и искуство во оваа сфера, Анја е одличен предавач на предметот Професионални вештини на Brainster Next College.
Студентите на Brainster Next College, на редовни анкети каде што можат да го искажат своето искуство од програмата и професорите, ја оценија Анја со оценка 5.00.
– Горјан Поповски
Горјан Поповски уште од 2011 година се бави со competitive programming, долго пред тоа со математика, а од лани, целото свое знаење го пренесува на студентите на Brainster Next College.
Студентите на Brainster Next College, на редовни анкети каде што можат да го искажат своето искуство од програмата и професорите, го оценија Горјан со оценка 4.89.
Прочитај повеќе за неговата работа и интереси.
Python е програмски јазик кој е познат по својата едноставност, читливост и разновидност. Python е дизајниран да биде лесен за учење, што го прави достапен за почетниците, додека пак од друга страна останува доволно моќен за искусни програмери.
Развивањето на соодветно UX/UI размислување е од витално значење за секој UX/UI ентузијаст. Прифаќањето на овој начин на размислување ќе ти овозможи да го префрлиш твојот фокус кон разбирање на корисниците, а тоа ќе ти овозможи да креираш производи и услуги кои им даваат приоритет на нивните потреби, преференции и цели. Дизајнерскиот пристап фокусиран на корисникот гарантира дека искустватата што ќе ги создадеш се интуитивни, привлечни и пријатни. Ова, пак, води до поголемо задоволство на корисниците, зголемен ангажман и поголема ретенција (задржување) на клиентите.
Дознај како да развиеш правилен начин на UX/UI размислување.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!