По постојано достигнување на нови височини и успеси, лидерот во неформалното образование, Brainster (Бреинстер), во 2019 година заплива во нови води и го отвори првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
Целта на нашиот основач Brainster е да додаде скалило коешто ќе ја намали длабочината на јазот помеѓу образованието и пазарот на труд и ќе овозможи полесно искачување до најбараните професиите со вештини кои се навистина барани на пазарот.
Додека пак, со Brainster Next College се фокусираме и да ја стесниме ширината на тој јаз, односно да изградиме еден мост преку кој ефективно ќе ги подготвиме младите за транзицијата од академскиот во професионалниот свет и адекватно ќе ги поткрепиме со најбараните вештини и знаења од дигиталната сфера и информатичките технологии.
По што се разликува Brainster Next College од останатите факултети
Уникатниот финансиски модел „Студирај сега, плаќај по вработување“ достапен за секој студент на Brainster Next College
Најпрво би почнал со концептот на финансирање „Студирај сега, плаќај по вработување“ е револуционерен, барем во наш, македонски контекст. Зошто сметам дека можеме да го употребиме овој силен збор? Бидејќи сме единствен факултет (приватен или државен) што нуди можност за студирање со 0 денари трошок сè до дипломирањето и вработувањето на студентите. Иако вакви проекти постојат во Европа и пошироко, зошто тврдиме дека ова е можеби единствен вакoв проект во Европа? Разликата е што ние им го нудиме овој модел на студирање на сите што ќе се квалификуваат да студираат на нашиот факултет. Ваквите модели во другите држави најчесто таргетираат дел од студентите на кои им се нуди оваа поволност (дали талентирани студенти или од ранливи социјални категории), додека оваа можност на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) им се нуди на сите студенти што ќе се квалификуваат за него.
Секој потенцијален студент што е заинтересиран за студирање на Brainster Next College треба да го реши најпрво тестот за компетенции, кој е составен од логички прашања и решавање математички и нематематички проблеми со цел да го одредиме потенцијалот на секој студент. Овој тест го аплицираме бидејќи не се водиме од успехот што го оствариле потенцијалните средношколци за време на средното образование, со оглед на фактот дека има огромна неконзистентност во квалитетот на наставата и тежината на оценките помеѓу различните училишта во Македонија.
Уште една уникатност е тоа што по дипломирањето, не се очекува целата сума веднаш да биде платена, туку ќе може да се плати до 36 рати. Ратата нема да биде повисока од 35-40% од почетната плата на софтверски инженер без искуство проектирана за 2026 година. И на крај, не само што сумата за школарина ќе може да се исплати на рати, туку истите ќе бидат и бескаматни, што овој модел на плаќање го прави фундаментално различен од т.н. student loans кои се широко распространети во САД. За сето ова да биде возможно, издвоивме 2,5 милиона евра инвестиција во наредните 5 години со цел да овозможиме пристап до квалитетно ИТ-образование за сите талентирани студенти, без разлика на нивните финансиски можности.
Прв практичен ИТ-факултет во Македонија
Што е друго уникатно за Brainster Next College – ние сме прв применет (практичен) ИТ-факултет во Македонија. Brainster Next College нуди две уникатни додипломски студиски програми по Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн. Во сржта на факултетот се праксата и реалните проекти. Наставната програма на секој од предметите е создадена така што прво се определува што треба практично да знае студентот по положувањето на испитот, па потоа со reverse engineering метод се креира програмата, при што 50-70% од неа е практична (вклучувајќи ги и испитните задачи). Теоријата, пак, служи да ѝ даде контекст на праксата.
Како практичен ИТ-факултет, соработката со локалната и глобалната ИТ-индустрија е клучна уште од самиот почеток на функционирање на факултетот. Секој пролетен семестар еден од предметите претставува работа на реален проект, спонзориран и менториран од партнерска компанија од ИТ-индустријата.
Домашни и странски професори – експерти во својата област
Друга особеност на нашиот факултет е дека имаме професори кои се со академска заднина и искуство од индустријата од земјата и од странство. Имајќи ја предвид практичноста на Brainster Next College како прв таков ИТ-факултет во Македонија, нашите full-time професори се комбинација на најдоброто од академскиот свет и ИТ-индустријата. Покрај нашите професори, дел од предметите ќе ги одржуваат предавачи кои се експерти од индустрија и кои како full-time вработени во нашите партнерски ИТ-компании ќе држат предмети кои се дел од нивната секојдневна работа и експертиза со цел да ги доближат тие предмети до студентите и да можат да им дадат слика како функционира тоа во реалната ИТ-индустрија.
Покрај македонските професори и предавачи, дел од нашиот професорски тим ќе бидат и странски професори кои предаваат на реномирани странски универзитети и кои ќе држат предмети на факултетот со цел пренесување на најдобрите практики од странство кај нас. Покрај странските професори, како гостински предавачи ќе бидат и експерти и професионалци од најголемите глобални ИТ-компании, како Meta, Airbnb, Apple, кои ќе држат гостински предавања на дел од предметите со цел нашите студенти да се сретнат со искуства од прва рака и да се здобијат со знаења од страна на професионалци кои работат на иновации и платформи што го движат светот.
Работа во мали групи и индивидуален и менторски пристап
Нашата методологија на учење е базирана на работа во мали групи и индивидуален и менторски пристап. На студиската програма Софтверско инженерство и иновации, максималната квота на годишни студенти која ја побаравме и ја добивме од страна на Министерството за образование и Одборот за акредитација е 75 студенти. Додека пак, на студиската програма по UX/UI и графички дизајн којашто сè уште е во процес на акредитација предвидени се 50 студенти. Причината за тоа е да се овозможи индивидуален пристап на секој студент и од страна на професорите и предавачите, меѓутоа, и од страна на нашиот тим за Student Success, како и од целокупниот тим на Brainster Next College. Практичниот начин на учење изискува работа во мали групи и тимови со цел подобро стекнување на знаењата предвидени со секој предмет и успешно имплементирање и завршување на реалните проекти. Поради тоа, нашиот професорски тим ќе има менторски пристап спрема студентите, каде што целта ќе биде тие да се предизвикаат да го дадат најдоброто од себе, за по завршувањето на студиите да бидат подготвени за предизвиците што ги очекуваат во глобалната ИТ-индустрија.
Student Success тим кој постојано го следи прогресот на нашите студенти
Последната особеност што би ја издвоил (има уште многу, меѓутоа, би сакале да се фокусираме на најважните) е постоењето на Student Success тим на нашиот факултет наместо класична студентска администрација. Како ИТ-факултет, целосната студентска администрација во Brainster Next College ќе се одвива електронски на нашиот интерен Learning Management System. Секој од студентите ќе си има свој студентски профил, електронски индекс, бележењето на присуствата ќе се врши со QR-кодови, пријавувањето на испитите ќе биде електронско, со цел овозможување непречено студентско искуство, како и намалување на употребата на хартија секаде каде што е можно. Наместо класичната студентска администрација или популарно наречените „студентски прашања“, факултетот ќе има Student Success тим, чија цел ќе биде да ги следи и помага студентите за време на целото нивно академско патување.
Сите овие особености се фокусираат на креирање најдобро можно студентско искуство кое ќе овозможи за неколку години да можеме со гордост да кажеме дека најдобрите ИТ-инженери и дизајнери дипломирале на Brainster Next College.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.
Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!