Стани графички дизајнер за 0 денари, а плаќај по вработувањето

Дознај како првиот практичен ИТ-факултет кај нас, Brainster Next College, ќе ти овозможи да станеш графички дизајнер за 0 денари, а да плаќаш по вработувањето.
stani-graficki-dizajner-za-0-denari-a-plakjaj-po-vrabotuvanje | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Share

Каква професија е графичкиот дизајн?

Една од најдобро платените професии на глобално ниво

Графичкиот дизајн игра клучна улога во модерната средина и претставува еден од факторите коишто им овозможуваат конкурентска предност на компаниите. Секоја компанија денес има потреба од услуги на графички дизајнери кои опфаќаат широк спектар на активности кои можат да ја донесат репутацијата на компанијата на едно повисоко ниво.

Улогата на графичките дизајнери е значајна не само за да создадат импресивни маркетинг материјали како брошури, веб-страници и дизајни на социјалните медиуми, туку и за ефективно пренесување на пораката до целната публика. Токму поради ова, графичките дизајнери се едни од најбараните на глобално ниво, а нивната побарувачка продолжува да расте од ден за ден.

Креативна професија со голема слобода на изразување

Доколку се сметаш за креативна личност не се задоволувај со професии коишто се водат по одредени строги правила и можат да ја задушат твојата креативност. Графичкиот дизајн е професија којашто ќе ти ја даде целата слобода во изразување и твојата креативност ќе може да излезе на виделина.

Оваа професија се вбројува во една од најкреативните области во светот токму поради тоа што улогата на графичките дизајнери е да создаваат визуелни комуникации секој ден низ целиот свет. Како што технологијата продолжува да се развива, графичките дизајнери имаат можност да работат со различни алатки и техники за да создадат визуелно привлечна содржина што е едноставна и лесна за разбирање.

Динамична професија

Природата и текот на настаните кои се дел од секојдневието на еден графички дизајнер ја прават професија во која ниту еден ден нема да ти биде идентичен со претходниот. Изборот на професијата како графички дизајнер е секогаш предизвик со нови работни проекти и задачи насекаде. Па, доколку сакаш да работиш работа со динамични и исполнети денови, те уверуваме дека графичкиот дизајн е правилната професија за тебе и чим еднаш се заљубиш во процесот на дизајнирање, никогаш нема да ти здосади.

Тоа што денес речиси во секоја индустрија се бара добар графички дизајнер ја прави оваа професија уште подинамична. Ќе имаш можност да работиш со различни типови на клиенти кои имаат различни проекти. Едноставно, графичкиот дизајн нуди бескрајни можности за дизајнерите.

Зошто да студираш графички дизајн?

Моќна алатка за комуникација

Графичкиот дизајн ќе ти овозможи ефективно да ги пренесуваш своите идеи, пораки и информации преку визуелни средства. Студирањето на графички дизајн ќе ти помогне да научиш како да ги изразиш своите идеи на јасен и концизен начин, правејќи ја нивната комуникација поефикасна.

Визуелна писменост

Во денешното дигитално доба, секојдневно сме бомбардирани со визуелни информации. Од суштинско значење е да се има разбирање за визуелната писменост, што значи способност за читање, толкување и разбирање на визуелните информации. Учејќи графички дизајн ќе ти помогне да ја развиеш оваа вештина учејќи за елементите и принципите на дизајнот.

Огромни можности за работа

Графичкиот дизајн е растечка индустрија со голема побарувачка за квалификувани професионалци. Вклучувањето на графичкиот дизајн во образованието ќе те подготви за кариера во различни индустрии.

Креативност и иновации

Графичкиот дизајн ќе ти помогне да ги развиеш своите вештини за креативно и критичко размислување, кои ќе можеш да ги примениш не само во работата како графички дизајнер, туку и во други области од својот живот.

Подобри технички вештини

Со напредокот на технологијата, графичкиот дизајн стана попристапен и полесен за учење. Ќе имаш можност да ги развиеш своите технички вештини и да бидеш во чекор со променливиот пејзаж на дигиталниот свет.

Како да станеш успешен графички дизајнер за 0 денари, а да плаќаш по вработувањето?

Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас. Факултетот нуди 3 годишни додипломски студии со 180 ЕКТС (европски кредит трансфер систем) во областа на информатичките и дигиталните технологии. Покрај веќе добро познатата студиска програма по Софтверско инженерство и иновации, неодамна беше лансирана и новата уникатна студиска програма по Графички и UI/UX дизајн.

Но, титулата за прв и единствен практичен ИТ-факултет во Македонија не е единствената уникатност по која е познат Brainster Next College.

Brainster Next College, покрај многуте поволности кои им се достапни на студентите, го нуди и револуционерниот модел за финансирање на студиите „Студирај сега, плаќај по вработување“. Овој финансиски модел, лани на кандидатите што го поминаа квалификацискиот тест им овозможи да ја искористат оваа поволност и да изберат студирањето да го исплаќаат на рати, по дипломирањето или вработувањето, а оваа година ќе биде достапен и за двете студиски програми.

Целта на овој модел на студирање е да им овозможиме на најдобрите студенти без разлика на финансиските можности да добијат пристап до квалитетно и практично ИТ-образование.

„Овој модел ја демонстрира довербата што ја имаме не само во нашите студенти туку и во квалитетот на сопственото образование бидејќи сме сигурни дека сите студенти што ќе успеат да дипломираат на Brainster Next College ќе бидат вработени пред или веднаш по дипломирањето“, вели Александар Клашниновски, генералниот менаџер на Brainster Next College.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и Графички и UI/UX дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!