Квалитетните додипломски студии што целосно ќе те подготват за предизвиците во динамичната ИТ-индустрија веќе нема потреба да ги бараш во странство. Ги имаш ДОМА, на првиот практичен ИТ-факултет, Brainster Next College.
Нашиот факултет функционира сосема различно од типичните традиционални високообразовни институции кај нас. Заборави на учење само теорија, на досадни предавања без практична употреба на знаењето. Ние сме сосема поинакви! Нашите две студиски програми, Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн се иновативни, up-to-date, уникатни и вистински предизвик за студентите.
Што е тоа што ние го правиме различно?
Ние сме првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, и единствениот што функционира како германските, швајцарските и австриските fachhochschules или холандските universities of applied sciences. Односно, ние сме единствениот факултет што нуди дуално образование во високото образование во делот на ИТ.
Што значи ова за студентите, објаснува генералниот менаџер на факултетот Александар Клашниновски:
Ова сигурно ти звучи примамливо, споредено со типичниот начин на изучување ИТ во нашето високо образование кое се состои од многу теорија.
Но, ова е само првиот дел од мозаикот на практичното образование што го нудиме. Како втор важен елемент од нашата практична методологија, е тоа што на крајот на секоја студиска година нашите студенти полагаат предмет – реален проект од индустријата. Тука ги употребуваат сите знаења и практични вештини со кои се стекнале за време на останатите предмети во текот на студиската година.
Изминатата година, нашите студенти работеа на неколку реални проекти за компании. Неколку студенти направија и нови продукти уште по завршувањето на првата година, како на пример платформата BitBite. Оваа апликација со која угостителските објекти сами може да си направат QR код мени и да се дигитализират, веќе се употребува во неколку скопски ресторани и кафулиња.
Пракса во компании за најдобрите
Сите наши студенти што на крајот на студиската година успешно ги положиле испитите од тековната година, им се гарантира пракса или практикантска програма во текот на летните месеци. Со праксите и практикантските програми, нашите студенти поминуваат од 1 до 3 месеци во ИТ-компаниите кои се партнери на колеџот.
Кире Јорданов, Стефан Петров, Давид Петковски, Атанасија Ѓоргиевски, Дамјан Петрушевски, Мартин Цветкоски, Мартина Соколеска, Лео Новкоски, Стефан Хаџи-Ефтимов и Владимир Гелов се студентите што лани поминаа летна пракса во Brainster, Trimark, TontineTrust и Tabletmenukaart.
Експертите од Culturec ги седнавме во студентските клупи
Четврт елемент на нашата методологија кој е целосно уникатен за Brainster Next College се предметите од индустријата (Industry Subjects). Ние сме единствен факултет во државава кој во својот курикулум има предмети што ги предаваат експерти од ИТ-компаниите и чиј силабус е дизајниран врз основа на технологиите и методологијата која овие професионалци ја користат во нивната секојдневна работа.
На овој начин, нашите студенти како дел од редовната програма на студиите се изложени пред компаниите и ги обучуваат нивните идни работодавци кои ги тестираат и ги вработуваат студентите кои покажале најдобри резултати по овој предмет. Нашите студенти овој семестар учат директно од тимот на Culturetec, основан од глобалната ИТ-компанија Intertec која вработува 120+ македонски професионалци во нивната канцеларија во Скопје.
За време на овој предмет, 7 експерти од Culturetec им овозможуваат на студентите сеопфатно разбирање на практиките за софтверското инженерство, методологиите за развој и алатките неопходни за креирање на робусни апликации, како и технологиите кои Culturetec и Intertec ги употребуваат во проектите за нивните глобални клиенти.
Хакатоните како најдобар метод на учење
Петтиот елемент на нашата методологија се базира на хакатони кои ги организираме во соработка со нашиот основач, Brainster (Бреинстер).
Хакатоните се настани (техничката терминологија е спринтови) на кои во рок од само 48 часа студентите ги претвораат иновативните идеи во функционални решенија. Brainster Next College е единствениот факултет во Македонија кој им овозможува на своите студенти директно учество во овие предизвици, каде што со тимска работа, под голем стрес и притисок се создаваат решенија кои стануваат дел од нивното портфолио.
Вакви хакатони досега сме организирале во партнерство со:
- SCiDEV Албанија – хакатон на кој нашите студенти учествуваа во креирањето веб-платформа преку која сега се организираат најголемите хакатони во регионов.
- Стартапот AirCare – хакатон на кој нашите студенти ја креираа апликацијата Breathe.mk чија цел е пријавување загадување на воздухот во Скопје.
- Ways2Help – заедно со Women in Tech Macedonia на кој нашите студенти учествуваа во изработка на апликација за поддршка и помош на социјално загрозени семејства и донации за лекување.
Brainster Next College не е за секој!
Овие 5 елементи што ја сочинуваат нашата практична методологија им овозможува на нашите студенти да студираат дома како во странство. Квалитетот, веќе нема потреба да се бара надвор од Македонија. Сите елементи на методологијата се креирани во соработка со нашите партнери, интернационални ИТ-компании, кои работат глобално за европски и американски клиенти.
Меѓутоа, Brainster Next College не е за секој!
Оваа образовна методологија креирана согласно потребите на глобалната ИТ- индустрија изискува строги стандарди при нејзината имплементација.
Но, ако сметате дека сте up for the challenge, сигурно ќе бидете нашиот следен студент и дипломец на кого ќе му бидат отворени вратите на целиот свет. Првиот уписен рок заврши и веќе ги пополнивме група 1 и група 2 од двете студиски програми. Следните кандидати веќе го решаваат приемниот тест за овој уписен рок.
Ние исто така сакаме нашата квалитетна практична методологија да биде достапна за секој студент што е спремен за нашите предизвици. Затоа и ја нудиме финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“ која им овозможува на студентите да го завршат факултетот без да платат ниту денар, а школарината ја исплаќаат на бескаматни рати по вработувањето или дипломирањето.