Родители, не се колебајте! Изборот за IT-факултет е Brainster Next College

Снежана Дамјановска од Битола, мајка на нашиот студент Владимир ни раскажа зошто се среќни со изборот на Brainster Next College
sei-roditeli-snezana | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next
Share

„Како самохран родител на два сина, навистина не е лесно децата да се изведат на „прав пат“. Поддршката е најважна, во секој сегмент од растењето, но особено во периодот кога се избира факултетот. Тоа е идното образование што ќе влијае многу на иднината на секој млад човек. Затоа, јас особено се посветив на овој дел“, вели Снежана Дамјановска од Битола, мајка на нашиот студент Владимир Гелов, кој ја заврши втората година од студиите по Софтверско инженерство и иновации.

Со Снежана разговаравме за трансформацијата на Владимир од средношколец во успешен студент што веќе му се придружи на IT-светот и сите предизвици што ги надмина заедно со поддршката од професорите, колегите студенти и тимот на Brainster Next College.

„За Brainster Next College дознавме од пријатели. Можноста да студира за 0 денари, до вработувањето навистина е огромна поволност и за поздравување е што факултетот ја нуди“, вели таа.

Мотивиран да го дава најдоброто од себе

Но, клучно за одлуката да се запише на студиската програма Софтверско инженерство и иновации било кога слушнале дека ќе се учи практично, дека ќе имаат можност за учество на хакатони на кои ќе работат за компании, дека факултетот ќе ги поврзува со компаниите уште во првата година од студиите и ќе работи на нивното вработување.  

„Многу сум задоволна каде е денес. Ги полага испитите редовно, не пропушта хакатон или работа за компанија, буквално ја користи секоја можност што му ја нуди програмата на факултетот. Ми раскажува дека тимот е како семејство, дека има многу поддршка од професорите и од колегите со кои студира“, вели Снежана.


Ако вашето дете, сака да учи од посветени професори и притоа да го применува практично своето знаење додека учи, проверете достапност за последниот уписен рок на IT- факултетот Brainster Next College.


Таа додава дека е најсреќна кога го гледа дека е исполнет, мотивиран да го даде максимумот на факултет.

„Се гледа среќата на него, сам живее, сам се бори со сите предизвици, учи многу и навистина, за мене тоа е и повеќе од доволно“.

Предноста да се учи на практичен IT-факултет

Владимир постојано ѝ раскажува за тоа што прави на факултет, што значи да се работи на проект за компанија, кога оди на пракса…

„Сум во тек со студирањето, како напредува, драго ми е пред сѐ што се пронаоѓа во тоа што одбрал да го учи. Знам дека е задоволен од тоа што воопшто нема административни потешкотии, не чека редови, не се нервира“.

Снежана, на сите родители чии деца се заинтересирани за иднината во IT- сектор, им порачува да не се колебаат во изборот, тоа треба да е Brainster Next College.

Владимир со тимот работеше на апликација за Cineplexx

„Прекрасен тим на професори работи со студентите. И тие гледаат дека од нив се бара да учат, да совладуваат вештини, да се трудат да бидат најдобри. Но имаат поддршка за тоа“.

Brainster Next College се издвојува по својата иновативна и практична образовна програма. Студентите не само што учат теорија, туку и активно работат на  развој на веб-апликации и други продукти за компании. Владимир имаше можност да учествува во неколку вакви проекти, што значително ги подобри нејговите практични вештини и самодоверба. Нашиот пристап кон образованието ги подготвува студентите за вистинскиот свет и динамичните професии во IT-индустријата.


Ако вашето дете, сака да учи од посветени професори и притоа да го применува практично своето знаење додека учи, проверете достапност за последниот уписен рок на IT- факултетот Brainster Next College.


Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!