Нема поголема среќа за еден родител кога го гледа своето дете задоволно, исполнето и притоа го учи она што најмногу го сака. Кога новите студенти влегуваат во NEXT зедницата, тие веќе не се сами. Поддршката што ја добиваат не само од аспект на образование, туку и во севкупниот раст на една млада личност во професионалец, е нешто што најмногу го ценат токму родителите на нашите студенти.
Патувањето на нашиот студент Филип Ѓоргичков од насоката Софтверско инженерство и иновации до Brainster Next College не започнало случајно. Но, повеќе детали за ова ни раскажа неговата мајка Марија Ѓоргичкова. Таа ги забележала информациите за факултетот на социјалните мрежи и веднаш ги споделила со Филип.
„Сакав Филип да добие многу повеќе од само формално образование, а вие сте тоа,“ вели Марија.
Зошто Brainster Next College?
Марија била импресионирана од информациите што ги добила за новиот начин на образование што ги нуди Brainster Next College, можностите за пракса и менторскиот пристап на професорите кон студентите.
„Многу ни беше и битно да нема скриени трошоци за студирањето, за испити, потврди, книги итн… Кога ги добив овие информации, со сопругот бевме сигурни дека тоа е тоа.“ Додава дека, иако Филип се соочил со скептични коментари од околината поради тоа што Brainster Next e нов факултет, сепак заедно ја донеле одлуката за упис.
„За среќа, не ги послуша другите и заедно ја донесовме најдобрата одлука.
Tрансформација во професионалци
Ние во Brainster Next College, веруваме дека секој студент треба да добие поддршка за да си ги оствари целите. Нашите професори се секогаш тука за да им помогнат на студентите, без разлика дали се работи за совети за ефективно учење, кариера или едноставно поддршка во текот на нивното студирање. Од првиот ден, тие се охрабрени да ги следат своите соништа и амбиции, знаејќи дека има тим кој стои зад нив на секој чекор.

Марија ни раскажа дека на почетокот, нејзиниот син се соочил со предизвици додека се прилагодувaл на новиот начин на учење.
„Му требаше време да се навикне на новиот начин на учење, малку теорија, па после тоа да се примени практично на вежбите и проектите на кои работат. Но, мене особено ми се допаѓа пристапот кон учењето. Ова е супер начин на едукација, зашто ако не се поттикнуваат студентите на редовно учење и практично да го применат знаењето, тешко дека ќе ги положат испитите. Тој успешно се вклопи во средината и еве ја заврши и втората година со голем успех“.
Родител што знае што е хакатон, реален проект и сѐ за програмирањето
Иако Марија не работи во ИТ-секторот, туку во стоматолошка ординација, таа е родител кој сака да знае што учи нејзиното дете и активно се интересира за неговото образование.
„Ми објаснува што прават, и сум информирана и што е хакатон, што прават таму, како работат на развој на веб-апликации за компании“.

Нејзиниот постар син Методиј, исто така е дел од нашата задница. Тој завршил на Front-Еnd Академијата на Brainster и сега е вработен во ИТ-компанија, па со Филип си ги надополнуваат знаењата.
„Си помагаат меѓусебно, се консултираат. И двајцата велат дека ова образование не е лесно. Факултетот воопшто не е лесен и браво за тоа колку се бара од студентите, но кај Филип најмногу ми се допаѓа што учи за да научи“.
Марија во иднина го гледа Филип како успешно изградена личност и професионалец.
„За мене како родител најважно ми е да се изгради во добра личност, па потоа и кариера како професионалец. Со знаењето што ќе го добие на Brainster Next College ќе му биде многу лесно во делот на градење на идната кариера.“
Совети за другите родители
Марија им советува на сите родители кои се исправени пред предизвикот, што по средното образование да ги поддржат своите деца во она што го сакаат и да ги следат нивните афинитети.
„Се разбира и да внимаваат каков факултет ќе изберат. Мене ми беше битно да не дозволам да чека во километарска колона за упис, да чека со денови за некаква потврда од факултетот, пријави за испит, семестри, заверки, потписи од професори и слично. Да не доживее професори да не му се појавуваат на предавања, испити. Среќна сум што и тој, но и јас како родител, сме поштедени од овие маки. Од Brainster Next каква било потврда да побарам, добивам на мејл истиот ден кога сум побарала. Знам до каде е моето дете со образованието и знам дека е во сигурни раце“.
Марија на крај додава дека покрај сите пофалби од организираноста на студиите, прeдавањата и професорите, достапноста во секој мoмeнт и помош од целиот тим на факултетот, најбитното е што нејзиниот син се чувствува како дел од NEXT заедницата.