Средношколците и нивните семејства на саемот на универзитети „УниКомпас“ во МКЦ, добија можност да ги истражат студиските програми на првиот практичен IT- факултет во земјава, Brainster Next College. Присутните средношколци открија поинаква програма од очекуваното, бидејќи ние нудиме практично учење, работа на реални проекти за нашите парнерски комопании и учење од професори експерти од tech-индустријата.
Младите луѓе се запознаа со нов тип на високообразовна институција што активно учествува и помага во градењето на професионалниот развој уште за време на студирањето. Со тоа, си дадоа можност да замислат поинаков факултет и поинаква опција за нив, таква каква што одговара во денешното современо време.
Додека студентите од останатите факултети започнуваат со своето работно искуство по завршувањето, средношколците научија дека од факултетот Brainster Next излегуваш како веќе готов продукт: со свое работно портфолио полно со завршени проекти за компании, контаки од индустријата и научени работни вештини.
Не е ваша вина што ви е досадно на факултет
Основачот на Brainster Next, Петар Ниновски имаше инспирирачки говор каде зборуваше за севкупното искуство на секој млад човек со високото образование во земјава:
Мора да најдете што е тоа што го сакате
Во говорот, Ниновски зборуваше за младите, за нивната иднина и како да бидат задоволни од себе понатаму во животот. Тој тргна и од своето искуство, како некогашен ученик, а денешен основач на првиот практичен факултет во регионот. Тој им даде даде 2 главни совети на средношколците при изборот на факултет:
- Да одлучат што е она што сакаат, затоа што факултетот ќе пополни само дел од нивното време во наредните 4 години, а работата голем дел од животот. Затоа, иако е добро да слушаат совети, одлуката за избор на факултет треба да им падне токму нив.
- Да се запрашаат дали навистина им треба традиционално образование и дали навистина ќе им се најдат тие 4 години поминати во 7 часа теорија на ден, 5 дена во неделата. Ако досега ова не фунционирано за нив, тогаш треба да одберат нова, современа образовна институција со фокус на практично учење и каде што се дизајнира и кодира уште од првата недела.
Brainster Next не е за секој
На саемот ги прашавме средношколците за нивниот идеален факултет. Повеќето беа согласни: бараат соработка со колеги, пракса, современи и дигитални програми, факулет отворен кон надворешниот свет и факултет којшто ќе ги подготви за нивните кариери.
Иако Brainster Next College нуди двомесечна пракса за време на летото, реална работа на реални проекти, практично учење и е во чекор со најсовремените методолгии, сепак, основачот на Brainster Next им порача на средношколците да не се запишуваат по секоја цена:
На саемот ги прашавме средношколците за нивниот идеален факултет. Повеќето беа согласни: бараат соработка со колеги, пракса, современи и дигитални програми, факулет отворен кон надворешниот свет и факултет којшто ќе ги подготви за нивните кариери.
Иако Brainster Next College нуди двомесечна пракса за време на летото, работа на реални проекти, практично учење и е во чекор со најсовремените методолгии, сепак, основачот на Brainster Next им порача на средношколците да не се запишуваат по секоја цена:
„Brainster Next не е за секој!
Ние не сме за следачи, ние сме за лидери.
Ние не сме за пасивни набљудувачи, туку за оние кои активно ја градат својата иднина.
Ние сме за сонувачи, иноватори и авантуристи…
Ние сме за оние кои мислат дека можат да го променат светот!“