Нина Насевска и Матеа Серафимова, матурантки од средното уметничко „Лазар Личеноски“ од Скопје од октомври ја почнуваат новата образовна приказна во Brainster Next College, како студентки на нашата уникатна студиска програма UX/UI и графички дизајн.
Тие не чекаа и навреме си обезбедија место на единствениот факултет во земјава кој ќе им овозможи нивната креативност да ги донесе до успешна кариера во предизвикувачкиот дигитален свет.
На Brainster Next College Нина и Матеа, не само што ќе ги учат вештините за дизајн, туку и уште во првата година од студиите ќе работат на интересни и вредни проекти за компании и ќе искусат како во реалноста работат дизајнерите.
Нивните колеги што ја завршија првата година на Brainster Next работеа на голем предизвик – ребрендирањето на култниот фестивал „Таскират“. Ова е последниот испит, на кој имаа можност практично да ги покажат знаењата, а изработката на бренд идентитет за клиент како што е „Таксират“, ќе им помогне да си го збогатат своето портфолио со одличен проект.
Покрај ова, студентите од прва година исто така имаа шанса да работат за клиентот Сава Осигурување, на хакатон во живо заедно со студентите од креативните академии на Brainster. За 48 часа дизајнираа веб-страница за оваа компанија и почувствуваа како реално со дизајнерски тим се доаѓа до најкреативното решение.
Запознајте ги Нина и Матеа
Најдобри другарки се, заедно ги поминале неславните средношкoлски денови во екот на пандемијата, се поддржувале меѓусебно и постојано работеле на активности поврзани со креативност, цртање и откривање на можностите на дигиталниот свет на уметноста.
Од октомври со полна пареа го започнуваат своето образoвание на Brainster Next College, а во овој блог-пост сакаме подобро да се запознаеме со нив, нивните соништа и плановите поврзани со нивната идна кариера.
За Нина времето поминато во средно e огромно позитивно искуство, а ќе го памети по многу работи.
Кога сме кај опцијата за факултет, ги прашавме дали одлуката да се запишат токму на нашиот, ја донеле заедно и колку се среќни што од старт ќе имаат сигурен study-buddy покрај себе?
„Долго време размислував на опциите за факултет, заедно со сите дома истражувавме и разговаравме за моите потреби, желби и очекувања, па така дојдовме до Brainster Next Collage. Со Матеа актуелна тема на разговор ни беше каде и што понатаму, можеби одлуката не дојде во исто време за двете, но дефинитивно играше улога тоа што постојано меѓусебно ги дискутиравме работите“, вели Нина.
Таа додава дека е полесно кога имаш некој што го познаваш во старт, од аспект на влегување во нова околина со помалку трема, но исто така не смета дека е лошо или страшно да немаш никој.
„Секако верувам дека сите студенти во генерацијата ќе бидат отворени за дужба и соработка“, вели таа.
Матеа пак додава дека Нина ја поттикнала да го избере Brainster Next College.
Како досегашното образование ги подготви за факултет?
Средното образование знае да биде исполнето со многу предизвици, но една од важните улоги на оваа средина е и подготовката за новата фаза во животот – факултетот и изборот на идната професија.
„Конкретно на мојата насока што ја учев, Мултимедиски дизајн, се изучуваа теми и алатки кои што ме воведоа во светот на дигиталната уметност, како типографија, теорија на боја, Photoshop, Illustrator… Преку практични вежби го применувавме тоа што е изучено и за истите добивавме конструктивни критики, затоа и се чувствувам подготвена да продолжам со надоградување на моите вештини и знаења“, вели Нина.
Матеа, пак објаснува дека образованието во средното училиште ја запознало со нови вештини.
Зошто UX/UI и графички дизајн?
Студиската програма на Brainster Next College по UX/UI и графички дизајн е единствената програма во регинов која го комбинира изучувањето на информатичката технологија и дизајнот на корисничкото искуство/интерфејс со принципите на графичкиот дизајн. Оваа програма ги подготува нашите студенти за кариери во ИТ-индустријата кои вклучуваат создавање дигитални производи кои се прифатливи за корисниците и се визуелно привлечни.
Но, што е она што ги привлече Матеа и Нина кон светот на UX/UI или графичкиот дизајн?
Нина ни откри дека отсекогаш ја влечеле активности поврзани со креативност, а уште во основно училиште почнала со скици и цртежи.
Нејзиниот херој, пак кој понатаму ја поддржувал и инспирирал да остане креативна е нејзината сестра.
„Сестра ми ме воведе во дигиталниот свет на уметноста, така и дојдов до насоката Мултимедиски дизајн во средно уметничко, од таму по природен пат ми се јави интерес за графички дизајн и UI/UX. Моjaта цел е да станам успешен и препознатлив дизајнер кој создава практични решенија. Сакам да работам на креативни и иновативни проекти кои ќе имаат позитивно влијание врз корисниците“, вели Нина.
И за Матеа, насоката што ја избрала во средното образование најмногу имало влијание и кон изборот на креативна област и за понатамошното образование.
Таа очекува на факултетот, покрај техничките, да ги развие и меките вештини како комуникација и соработка што се многу важен аспект од работата на дизајнерите.
„Вештините за комуникација и соработка според мене се многу важни. Покрај тоа што во група или тим сум одлична за соработка, понатаму сакам да си ги изградам повеќе комуникативните вештини“, вели таа.
На Brainster Next College, Нина и Матеа ќе имаат многу шанси за да си ги развиваат и техничките и меките вештини практично. За време на 48 часовните хакатони ќе учат за тимската работа и како реално се постигнуваат целите кога се работи под притисок. Од работа на реални проекти како дизајнирање на веб-апликации, ребрендирање за компании и изучување на практични алатки со кои ќе имаат реална шанса да си го остварат сонот и да станат успешни и влијателни дизајнери.
Со вистинскиот избор на образование, соништата може да станат реалност!