Поддршката од професорите е клучна за успехот на NEXT студентите

Мајката на нашата студентка Марија, Весна Котеска ни ракажа колку е горда на својата ќерка што ја гледа мотивирана да си ги оствари сите амбиции.
sei-roditeli-vesna-koteska | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next
Share

Секој студент е посебен. Ние Во Brainster Next College многу добро го знаеме ова и сакаме, покрај квалитетното образование што му го овозможуваме, да го разбереме и да ги поддржиме неговите уникатни потреби и интереси.

Марија Котеска која годинава успешно ја заврши втората година од студиите и летово ќе го поминува на пракса во IT-компанија ги надмина сите предизвици и веќе со сигурни чекори влегува во IT-светот. Нејзината мајка, Весна Котеска ни ракажа колку е горда на својата ќерка и среќна што ја гледа мотивирана и поддржана од професорите да си ги оствари сите амбиции.

Марија успешно презентира веб-апликација за клиентот Cineplexx

Зошто NEXT?

Весна вели дека на почетокот била изненадена од одлуката на Марија да студира на Brainster Next College.

„Во тој момент не бев доволно запознаена со факултетот, но сепак тоа беше нејзин избор. Она што го забележав како голема предност во тој момент беше индивидуалниот пристап, што знам дека најмногу ќе ѝ помогнеше на Марија да се адаптира“, вели Весна.


Ако вашето дете сака да стане најдобро во полето на програмирањето со помош на практично учење, проверете достапност за последниот уписен рок на Brainster Next College. Ја пополнуваме последната група!


Марија е многу задоволна од поддршката и менторството што ги добива од професорите и тимот на Brainster Next College. 

„Ми раскажува дека професорите се трудат на секој можен начин да им пренесат знаење и да им дадат поддршка на студентите,“ споделува нејзината мајка. Ова менторство и поддршка играат клучна улога во нејзиниот успех.

Промени и развој

Од почетокот на студиите, Марија се има многу променето, вели нејзината мајка. Таа научила како подобро да се соочува со предизвиците и потешкотиите што ја очекуваат во иднината. 

„Околу самите вештини и знаења покрај многу други, таа научи како да работи во тим што е многу корисно за нејзината иднина“.

Но да се дојде до одредена точка во која ќе се чувствуваме комотни и сигурни потребно е да се надминат предизвиците. Весна ни раскажа дека кога Марија се соочувала со предизвици за време на студирањето, секогаш била покрај неа да не ѝ дозволи да се откаже.

„Како родител, секогаш бев и сум покрај неа да не ѝ дозволам да се откаже само затоа што станало потешко и се чувствува дека не може да успее во нешто“.

Придобивките од Brainster Next College

Најголемите придобивки што Brainster Next College ги нуди за студентите се практичното учење и доброто менторство.


„Практичното учење и доброто менторство од професорите што Марија го добива на Brainster Next College, секој еден студент во земјава треба да го добие за време на студиите,“ вели мајката на Марија. Овие аспекти се клучни за успешно образование и подготовка за реалниот свет.

Како совет за сите родители што во моментов се исправени пред одлуката што понатаму, им порачува да им остават доволно време на своите деца сами да размислат за својата одлука околу факултетот без да им вршат притисок и наметнуваат мислења.

„Се разбира, и да им дадат совети што ќе им помогнат во одлуката“.


Ако вашето дете сака да стане најдобро во полето на програмирањето со помош на практично учење, проверете достапност за последниот уписен рок на Brainster Next College. Ја пополнуваме последната група!


Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!