Во 2025 прославивме 10 години постоење и 10 години доследност на една идеја: дека образованието мора да оди чекор пред времето, не чекор зад него.
Со јасна цел да ја направиме Македонија препознатлива по квалитетно образование.
2025 беше година во која за прв пат се случија работи, кои до вчера звучеа како далечна иднина, a денес тие се реалност.
Ова е нашата најуспешна година досега, година во која не само што воведовме нови иницијативи, туку суштински го поместивме начинот на кој функционира образованието во Македонија и регионот.

Годинава славиме многу „први нешта“ што сега стануваат новиот стандард:
1. Први генерации и први резултати
Во 2025 го прославивме дипломирањео на првата генерација дипломци на Brainster Next факултетот a резултатите зборуваат сами за себе:
100% вработување на сите дипломирани студенти.
Истовремено, дипломирашње и првата генерација на NU Академиите за амбициозни средношколци – создавајќи мост помеѓу средното образование, практичните вештини и идните професии уште од најрана возраст.
2. Првиот тутор по матемaтика на македонски јазик, а воедно и најдобар во светот! + 100% free
Нашите студенти заедно со менторите и професорите го создадоа првиот AI тутор по математика на македонски јазик „УМНИВЕРЗУМ“, кој стана достапен и на албански и на словенечки.

УМНИВЕРЗУМ на едно место ги има сите задачи за државната матура по математика и покрај тоа што нуди решение на истите, обезбедува и бесплатно туторство и не води низ процесот на решавање од почеток до крај.
УМНИВЕРЗУМ е доказ дека младите не се само корисници на технологија и вештачката интелигенција, туку доколко правилно се менторирани тие можат да станат и нејзини креатори.
3. AI@Work
Ја лансиравме платформата AI@Work – eдинствена иновативна платформа што комбинира 8 специјализирани AI курсеви, ексклузивна AI Академија + AI алатки на едно место, со предавачи од Spotify, Meta, Google, Airbnb, Tesla и други.За само неколку месеци платформата има:
• +120 компании
• ~5.000 корисници
• +30 врвни предавачи од целиот свет
4. Извезовме македонски образовен модел во Европската Унија

2025 беше и година кога извезовме македонско образование во ЕУ, нешто на кое не му успеало на ниту една образована институција до сега. NU академиите за амбициозни средношколци станаа достапни во Словенија преку партнерство со Erudio Education Group. За првпат, млади во ЕУ учат по стандарди создадени во Македонија.
5. Станавме прва и единствена високо образовна институција од Македонија членка на EURASHE
EURASHE e најголемата европска мрежа на практични универзитети, а нашето членство не е само формално признание, туку и долгорочна стратешка определба на Brainster Next суштински да биде дел од европскиот образовен простор преку квалитет, иновации и реална вредност за студентите. Знаењето, искуствата и соработките стекнати преку EURASHE ќе бидат директно имплементирани во програмите на Brainster Next.

6. Станавме членка на ALL DIGITAL
Европските успеси ги нижиме во низа – NU Академиите за амбициозни средношколци, како дел од Brainster Group, заедно со целата Групација стануваат членка на All Digital – водечка пан-европска мрежа со седиште во Брисел, која ја движи агендата за дигитални вештини, дигитална писменост и инклузија низ Европа.
7. Соработка МОН + АИ во училница
Потпишавме меморандум за соработка со Министерството за образование и наука со што се приклучивме кон институционалните заложби за воведување на вештачката интелигенција во националниот образовен систем во Македонија.

Така го стартувавме и револуционерниот проект АИ ВО УЧИЛНИЦА – преку кој ќе едуцираме 200 наставнци од сите средни училишта во Македонија, кои ќе имаат можност да стекнат AI вештини и знаења од водечките светски експерти за вештачка интелигенција а потоа своето знаење да го пренесат на учениците. Проектот започна во октомври и ќе трае цела година, а знаењата вложени во младите – засекогаш.
8. Првиот „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“
-1500 ученици.
-438 бизнис идеи.
-1.000.000 денари награда.
Тимот Stay Be со идејата Систем 4 го освои милионот, а инвеститорите одлучија да вложат сретства и менторство во уште една идеја, идејата на тимот Академија Разлика со својот производ Памет пакет.

Натпреварот резултираше со многу иницијативи и иновативни бизнис идеи и заложба од нас дека догодина повторно ќе го организираме натпреварот.
9. Од средношколци за средношколци – Првиот поткаст за тинејџери: NUstarz
Со фокус на темите кои директно ги засегаат младите, нашите средношколци поставуваат прашања и бараат одговори од своите врсници, но и од нивните идоли, ментори, професори.
Погледнете ги тука епизодите. И кликнете subscribe.
10. Ги организиравме најголемите хакатони за DINERS и Златен Даб
Стотици студенти и средношколци работеа 48 часа на реални предизвици од едни од најголемите брендови во земјата: DINERS и Златен Даб..
Еднаква шанса за студентите на Brainster Next и средношколците на NU да создаваат реални решенија, да работат под притисок, со рокови, бриф и јасни критериуми за квалитет.
Резултатот: идеи со реална пазарна вредност, портфолио уште за време на срудиите и директен контакт со индустријата.

На што уште сме горди?
На нашите студенти кои ги дигитализираа државните институции:
- Кривичен суд
- Државен завод за статистика
- Комисија за заштита од дискриминација
- Собрание
- Театар Комедија

На Владимир Гелов кој својата дипломска работа ја продаде како продукт во Хрвастка.

На Мартин Цветковски кој е првиот и единствениот AI Graduate вработен во Џонсон Мети.
На студентите на Некст кои ја создадоа првата платформа за бесплатно исучување на ИТ Вештини за средношколци OUTLEARN.
На реализирани +70 пракси за нашите студенти во време кога ИТ индустирјата се соочуваше со масовни отпуштања. И на нашите средношколци кои беа дел од тие пракси.
На +10 хакатони и реални уникатни продукти создадени од нашите студенти и средношколци за Diners, Златен Даб, Холандска амбасада, Приватна крафт пивара, Smidgin….

На повеќе од 200 домашни и странски компании и институции кои се дел од нашата партнерска мрежа со кои го менуваме образованието во Македонија и вложуваме во младите за кои знаме дека имаат огромен потенцијал.
На тоа што Brainster оваа година беше AI Partner на Ecommerce Conference, носејќи ја платформата AI@Work во срцето на е-трговијата во Македонија.

На повеќе од 10 бесплатни настани, отворени денови и secret events, наменети за средношколи и родители, на кои можеа одблиску да се запонзаат со нашиот образовeн модел, од прва рака да ги чујат успешните приказни на нашите студенти, да стекнат лесно применливи вештини но и да си освојат стипендии и финансиски поволности за Next и NU.
Годинава поставивме нови стандарди. Но уште повеќе, си поставивме повисоки цели и одговорност кон младите, кон општеството и кон иднината.
Затоа, фала на тимот што не се плаши од големи идеи.
Фала на студентите што нè мотивираат да бидеме подобри.
Фала на партнерите кои веруваат во нас и во нашите студенти.
Фала на родителите што ни ја доверуваат највредната работа: иднината на нивните деца.
Ние ќе продолжиме да ги поместуваме границите на тоа што значи образование, можност и поддршка и ќе продолжиме да градиме системи кој го препознава, го поттикнува и го развива најдоброто во младите.
Уписот за Brainster Next College е официјално отворен!
🎓 Доделуваме факултетски ваучери до 1000 евра за намалување на школарината. Аплицирај https://brainsterhiring.typeform.com/scholarships