Секој родител сака своето дете да добие образование кое нема да заврши само со диплома, туку со вистинска кариера и професионален развој. Токму тоа се случи со Владимир Гелов, дипломец на Brainster Next College, чија приказна е инспиративен пример за тоа што значи практично и современо образование.
Владимир ја разви својата дипломска работа – Smart Connect, платформа која со помош на вештачка интелигенција ги поврзува CV-јата на студенти со компании што бараат нови кадри. Но, неговиот проект не застана тука. Од идеја на студентска клупа во Brainster Next колеџот, дипломската на Владимир се трансформираше во Croatia Connect – платформа за вработување во угостителската индустрија во Хрватска. Заедно со колешката од смерот за графички дизајн, Ана Марија, Владимир моментално ја ребрендира и развива оваа платформа како дел од летната практикантска програма.
Неговата мајка, Снежана Дамјановска, ја раскажува целата приказна од агол на родител: како изгледа да го гледаш сопственото дете како расте од студент во професионалец, кој уште пред дипломирањето создава производ што се продава и користи на пазарот.
„Би им препорачала на сите родители да не се двоумат. Ако сакаат нивното дете да стекне вистински вештини, практично искуство и подготвеност за работа уште пред да дипломира, Brainster Next е вистинскиот избор. Овде студентите растат и како професионалци, и како личности,“ вели Снежана.

Како првпат дознавте за Brainster Next College и што ве убеди да го разгледате како опција за Владимир?
Првпат за Brainster Next College дознав преку интервју на телевизија каде што беше претставен факултетот. Она што ме убеди да го разгледам како опција за Владимир беше тоа што програмата е многу практично ориентирана, со фокус на реални проекти и соработка со компании, нешто што ретко го нудат традиционалните факултети.
Кои беа вашите мислења и очекувања за дипломската работа на Владимир, платформата за поврзување на работодавци и кандидати?
Бев многу горда уште кога ја слушнав идејата. Очекував да биде нешто креативно и функционално, но резултатот искрено ги надмина моите очекувања. Платформата изгледаше професионално и се гледаше колку труд и знаење вложи Владимир. Бев горда што моето момче израсна во еден многу стручен експерт кој, уште пред да дипломира, создаде производ кој го бараат во земји од Европската унија. И сето тоа благодарение на можностите и условите кои во текот на студирањето ги овозможи Brainster.
Како би го опишале Владимир како студент и како практичната работа на реални проекти се одрази на неговата професионална подготовка?
Владимир отсекогаш бил истраен и љубопитен, но студиите го извадија тоа на едно повисоко ниво. Како студент беше посветен, упорен и подготвен да работи повеќе од очекуваното за да постигне резултати. Практичната работа на реални проекти му даде нешто што традиционалните студии ретко го нудат: директно искуство со вистински предизвици и клиенти. Тоа го научи да биде брз во носење одлуки, да работи во тим и да бара креативни решенија.

Дали Ве импресионира фактот што неговата дипломска работа денес се користи за специфични пазарни потреби како сезонска работа во Хрватска?
Да, тоа е огромен успех. Многу дипломски работи остануваат само на хартија или во компјутер, а оваа се претвори во нешто со реална, комерцијална вредност. Фактот што може да се адаптира за специфични потреби, како сезонска работа во Хрватска, покажува дека идејата е флексибилна и паметно осмислена. Тоа е доказ дека трудот, знаењето и визијата на Владимир, поддржани и насочени од програмата на Brainster Next колеџот, можат да се претворат во вистински производ што им помага на луѓето.
Дали забележавте промени кај Владимир поврзани со неговата самостојност, одговорност или креативност во текот на неговите студии?
Да, и тоа многу. Стана многу посамостоен во носење одлуки, одговорен во завршување на обврските и креативен во наоѓање решенија. Се гледа дека учењето во таква средина го направи зрела личност подготвена за предизвици.
Како реагиравте кога дознавте дека проектот е продаден и дека ќе биде доработуван за реални потреби на клиенти?
Бев пресреќна и горда. Тоа беше момент кога почувствував дека трудот и вложувањето му се исплатиле, и дека тоа што го прави има вистинска пазарна вредност.
Што би им порачале на родителите кои денес размислуваат дали Brainster Next е вистинскиот избор за нивното дете?
Би им рекла да не се двоумат. Ако сакаат нивното дете да стекне вистински вештини, практично искуство и подготвеност за работа уште пред да дипломира, ова е одличен избор. Овде студентите растат и како професионалци и како личности.
Доколку сега е вашиот момент да донесете одлука за студиите на Вашето дете: Последниот уписен рок на Brainster Next – првиот практичен колеџ за дизајн и софтверско инженерство е отворен!
Закажете информативна средба и информирајте се повеќе за нашите современи практични студии со релевантна програма, сектор за вработување и персонална поддршка, како и учење преку работа на реални проекти.