Студентите од Brainster Next College ќе работат на проект за дигитална публикација за Државниот завод за статистика

Share

Државниот завод за статистика, една од најстарите институции во нашата земја која годинава одбележува импресивни 80 години постоење, го посети Brainster Next College  за да го презентира проектот на кој ќе работат студентите од студиската програма Софтверско инженерство и иновации.

Оваа соработка не е случајна. Заводот за статистика веќе покажа отвореност кон новите таленти, соработувајќи со студенти од Академијата за графички дизајн и Академијата за дигитален маркетинг по повод нивниот јубилеј. Сега, тие ја прошируваат соработката и со идните софтверски инженери од Brainster Next College за потребите на предметот Имплементација на решение.

„За нас, како Државен завод за статистика, исклучително е важна соработката со академскиот сектор и соработката со младите коишто по дефиниција се иновативни и имаат подобри идеи од нас, административните работници. Во таа насока ја започнавме соработката со студентите на Brainster каде што имаме неколку проекти, а тековниот проект е изработка на дигитална публикација со Brainster Next College. Очекуваме една нова, модерна, иновативна дигитална публикација којашто ќе може да ја презентираме во европски рамки како пример за успешен проект и како пример за добра соработка помеѓу државниот сектор и академската заедница“. – Д-р Станков

Предметот Имплементација на решение и финалниот испит претставуваат одлична можност за нашите студенти да го применат своето знаење во пракса, да ги покажат своите вештини, да ги тестираат презентациските способности и, што е најважно, да го збогатат своето портфолио со работа на реален проект уште за време на студиите. Тимот на Државниот завод за статистика, предводен од д-р Дејан Станков, директорот на заводот, ги презентираше клучните аспекти на нивната работа и очекувањата од оваа соработка. Горан Киранџиски од Секторот за дисеминација детално ја претстави нивната веб-страница, додека Павле Чалоски, веб-администратор, ги запозна студентите со статистичките бази и податочни ќелии, давајќи им релевантни и значајни совети за задачата на студентите.

„Целта на нашата соработка, би требало да биде сите податоци кои студентите на Brainster Next College ќе ги прикажат, ќе ги гледа цел свет. Значи, треба да бидат валидни и да ги прикажат најдобро што можат“. – Павле Чалоски, веб-администратор.

Д-р Станков го истакна ребрендирањето на Заводот, нагласувајќи ги новите принципи кои ќе ги водат: независност, објективност, релевантност и квалитет. Тој го презентираше и визуелното решение на ребрендирањето од Академиите, кое го опиша како пример за успешен проект. Студентите имаа можност да се запознаат со нивната работа, која опфаќа дисеминација на податоци преку веб-страница, социјални медиуми, транскрипција на податоци и метаподатоци.

Но, што конкретно очекува Заводот за статистика од нашите студенти?

  • Визуелизација на податоците на Заводот преку алатката Power BI.
  • Креирање на модерен тип на дигитална публикација.
  • Изработка на интересна, визуелно привлечна и лесно разбирлива статистика за младата публика – статистика која ќе зборува на јазикот на новите генерации.

„Од проектот очекувам младите да го покажат својот потенцијал и да го имплементираат. Мислам дека ова е добра шанса да навлезат во анализата на податоците и користење на статистиката во секојдневната работа. – Горан Киранџиски раководител на Секторот за дисеминација.

Ова не е првпат студентите на Brainster Next College да работат на проекти за државни институции. Нивниот успех на собранискиот хакатон „Дигитален мост“, каде што победија и сега работат на развој на видео-интерактивен систем со автоматска транскрипција и јазичен модел за семантичка анализа на седниците на Собранието, е доказ за веќе препознатливиот квалитет и иновативноста на Brainster Next College.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет чија мисија е да го трансформира образованието преку практично учење реални проекти, поддршка на студентите со пракса и вработување, како и воедување на иновативниот финансиски модел „Студирај сега, плаќај по вработување“. Реши го приемниот тест или закажи инфо сесија за да се информираш за новиот уписен рок.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Приемниот тест е отворен!

      Студирај бесплатно на Brainster Next факултет

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!