Студентите на Brainster Next College ќе ја редизајнираат веб-платформата на SMIDGIN!

Share

Студентите од втора година на студиската програма UX/UI и графички дизајн при Brainster Next College ќе работат на реален проект за добро познатиот локален бренд – SMIDGIN. Нивната задача за испитот по предметот Имплементација на решение ќе биде редизајн на веб-платформата на оваа македонска компанија, која веќе има забележителен меѓународен успех.

Работата на реални проекти е од огромно значење за студентите, особено кога станува збор за соработка со реномиран бренд како SMIDGIN. Оваа можност ќе им овозможи на студентите од прва рака да се запознаат со процесот на работа со клиенти, да разберат што подразбира еден професионален brief и какви се очекувањата на клиентот. Со тоа, тие ќе стекнат вредни искуства кои ќе ги подготват за нивната идна кариера во динамичниот свет на дизајнот.

Тимот на SMIDGIN гостопримливо ги пречека студентите во нивната дестилерија и им овозможи детална тура. Целта на ова запознавање беше студентите подобро да ја разберат историјата на брендот, нивните производи и начинот на нивна изработка. Ова директно искуство ќе им помогне да создадат поинформирани и покреативни решенија за нивниот веб-сајт.

Силвана Стефаноски, менаџерка на дестилеријата на SMIDGIN, изјави: „За мене беше навистина значајно да ги поканиме студентите овде со цел да им ја доловиме приказната, на начин на којшто им ја покажуваме на нашите посетители и да ги доближиме до нив сите производи за да знаат што ни е нас значајно и што сакаме да доловиме како прв впечаток.“

Главната задача на студентите ќе биде да ја редизајнираат веб-платформата на SMIDGIN со цел да се долови автентичната приказна на џинот и на самиот производ. Покрај тоа, тие треба да овозможат онлајн нарачка на производи, резервација на тури низ дестилеријата и да креираат корпоративен каталог за потенцијални деловни партнери.

Каролина Арменска од маркетинг тимот на SMIDGIN ја истакна својата возбуда за оваа соработка: „Многу се радувам на оваа соработка со Brainster Next College затоа што е прва од ваков тип и сметаме дека студенти што учат и добиваат насоки од ментори за квалитетот на дизајнот можат најсвежо да ни пренесат креативно знаење. Соработките со Brainster Next College се одлична можност за студентите и компаниите да се вмрежат заедно. Компаниите ќе добијат креативни решенија од млади студенти, а студентите ќе имаат можност да соработуваат со големи брендови.“

Кулминација на овој проект ќе биде 48-часовен хакатон кој ќе се одржи овој викенд, на 10 и 11 мај. За време на хакатонот, студентите ќе работат интензивно на креирање на нивните решенија за редизајн на веб-страницата. Ова ќе биде одлична можност за нив да искусат како е да се работи под притисок и во ограничен временски рок за реален клиент.

Дознај повеќе за иновативната програма на Brainster Next – првиот акредитиран практичен ИТ-колеџ каде студентите преку работа на реални клиенти се подготвуваат за претприемништво и иновации.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!