Ако си амбициозен/а и бараш високо образование кое ќе те подготви со релевантни вештини за високоплатена работа, Brainster Next College може да биде токму она што ти треба. Самата програма на факултетот е создадена во соработка со лидери од индустријата, нудејќи практична настава од искусни ментори, индивидуален пристап и можности за поврзување за твој кариерен развој. Факултетот нуди современа методологија за учење со цел да те подготви за предизвиците на денешниот пазар на труд. Затоа, разгледај го Brainster Next College како паметна инвестиција во твојата иднина.
Сепак, треба да знаеш дека овој интензивен начин на студирање не е за сите. Иновативниот пристап кон образованието на Brainster Next значително се разликува од традиционалните институции. Пред да донесеш одлука, ти претставуваме 5 клучни причини зошто треба да размислиш за студирање на Brainster Next, но и 3 причини зошто можеби овој факултет не е вистинскиот избор за тебе.

- Учиш преку работа на реални проекти, не само теорија.
Замисли, додека студираш, активно да работиш на реални проекти за локални и интернационални компании и стартапи. Brainster Next ти овозможува да се стекнеш со практични вештини и работно искуство уште пред да дипломираш. Овој начин на учење ќе ти даде огромна предност, затоа што наместо здодевни предавања и меморирање на факти, кај нас учиш преку акција!
- Но, ако преферираш учење само теорија и меморирање на факти, Brainster Next не е за тебе. Тука сме фокусирани на практична работа и решавање на реални проблеми. Нашето искуство покажува дека учењето преку работа на реални проекти за компании дава многу подобри резултати. Ако ти е поудобно да седиш на предавања и да учиш напамет, Brainster NEXT можеби нема да ти одговара.
2. Ги стекнуваш вештините за високоплатените професии на иднината, AI, претприемништво, иновации и современ начин на размислување.
Brainster Next нема да те научи само за денес, туку и ќе те подготви за утре. Тука ќе имаш можност да научиш од експерти за најновите технологии, вештачка интелигенција (AI), претприемништво, иновации и вештини кои ќе ти бидат потребни и во наредните 15 години. Студиските програми се создадени за да ти обезбедиме конкурентска предност и сигурна кариера.
- Ако бараш лесен начин да добиеш диплома, Brainster Next не е за тебе! Нема да можеш да си ја „купиш“ дипломата и нема да ти биде лесно како на некои други факултети. Овој колеџ е наменет само за амбициозни студенти кои се подготвени да работат напорно и да го дадат својот максимум. Овој колеџ е за оние кои не се задоволуваат со просечното и сметаат дека можат да направат повеќе од својот живот.

3. Обезбедено ти е 100% вработување по дипломирање.
Благодарение на нашите врски со повеќе од 200 интернационални и домашни компани и стартапи и учењето преку работа на реални проекти, Brainter Next ти гарантира вработување по дипломирањето. Уште пред да ја земеш дипломата во рака, веќе имаш обезбедена работа!
4. Студираш бесплатно до вработување,
Нашата цел е да ти обезбедиме образование со европски квалитет и стандарди без разлика на твојата финансиска состојба. Brainster Next колеџот е достапен за сите таленти со амбиција. За таа цел, менаџмент тимот на Brainster Next создаде иновативен финансиски модел и ти овозможува да студираш бесплатно, а да плаќаш по вработување.
Буквално 0 денари инвестиција за време на студирањето.
- Ако не си подготвен за процес на селекција – не аплицирај. Бидејќи нудиме бесплатно студирање и гарантирано вработување, имаме строг процес на селекција само на најдобрите кандидати.

5. Се стекнуваш со акредитирана и меѓународно признаена диплома.
Твојата диплома од Brainster NEXT е „Bachelor of Science“, акредитирана од Министерството за Образование и Одборот за Акредитација и признаена во целиот свет. Ова ти овозможува да бидеш видлив на глобалната сцена и да градиш кариера каде и да посакаш.
Ако си амбициозна, креативна и иновативна личност – аплицирај на првиот практичен колеџ за UX/UI и графички дизајн и Софтверско инженерство и иноваци кој ќе те подготви за високоплатени идни професии.