Во време на брзи промени и нови професионални предизвици, сè повеќе млади луѓе бараат образование што не само што пренесува знаење, туку и отвора врати кон реалниот пазар на труд. Денес, факултетот треба да биде повеќе од класична образовна институција-треба да биде мост меѓу академијата и индустријата.
Brainster Next College го поставува новиот стандард. Со фокус на практична настава, работа на реални проекти и директна соработка со компании и институции, студентите не само што учат, туку и се подготвуваат за својата идна кариера уште од првиот ден. Тоа е модел на образование што ги поттикнува младите да бидат активни, самоуверени и подготвени за предизвиците на современиот пазар.
Целата прва генерација на дипломци на Brainster Next College е веќе со работен ангажман.
Еве неколку од приказните кои сакаме да ги споделиме со вас:
1. Атанасија Ѓоргиевски, Куманово, вработена во Таргет Груп

„Преку Brainster Next и проектот за Таргет Груп каде изградивме бета-модел за предвидување на стечај на компаниите со 89% точност, научивме како научените вештини да ги примениме под притисок, во кратки рокови и во вистински контекст. Нашиот краен корисник не е само професор, туку секој еден граѓанин“ – Атанасија Ѓоргиевски

„Со Атанасија, првпат соработувавме на проект каде што веднаш се истакна по сериозниот и одговорен пристап кон задачите, како и по подготвеноста да прифати нови предизвици. Нејзината работа се одликува со темелност, организираност и со јасен фокус на квалитетот на резултатите. Во нашиот тим, Атанасија се вклопи одлично – комуникативна е, пријателски настроена и секогаш подготвена да даде свој придонес“ – Марија Јованоска, оперативна директорка на Таргет Груп
***
2. Кире Јорданов, Велес, вработен во Brainster:

„Brainster Next колеџот целосно го промени начинот на кој гледам кон образованието, работата и сопствениот развој. Од моментот кога зачекорив во оваа заедница, не бев само студент, туку дел од еден иновативен систем каде што знаењето не се учи пасивно, туку се создава, применува и живее“. – Кире Јорданов

„Кире уште од првата година покажа дека е повеќе од програмер – со сериозен интерес и амбиција за UX/UI дизајн. Неговите проекти беа темелно сработени со што демонстрираше сериозна посветеност.
Денес е дел од нашиот тим, како пример за тоа колку е вредно да се негуваат мулти-вештини – особено во ерата на АI, oсобено во tech, design и креативните индустрии, каде улогите се сè помалку дефинирани со строги граници“. – Дијана Димитриевска, Head of Design, Brainster
***
3. Димитриј Петрески, Прилеп – вработен во Johnson Matthey

„Супер се вклопив во тимот на Џонсон Мети, сите ми помагаат и чувствувам дека припаѓам тука. Искрено, не очекував дека веднаш по факултет ќе се вработам, но Brainster Next ме спреми за ова прво работно искуство. Практичното учење, проектите со манипулација на податоци и предиктивни модели, работата со Таргет груп, Синеплекс, предметот за имплементација на решенија… сето тоа ми помогна да бидам спремен уште од првиот ден.“ – Димитриј Петрески

„Димитриј успешно се вклопи во тимот и покажа високо ниво на адаптабилност уште од самиот почеток. Брзо ги совладува и разбира процесите, начините на функционирање и културата на компанијата. Покажува висока посветеност кон своите работни обврски и одговорности, при што поставува промислени и релевантни прашања кои придонесуваат за подобро разбирање и унапредување на процесите. Неговата проактивност и ангажираност го прават вреден член на тимот“. – Јована Јоловиќ Тодоров, Customer Quality Supervisor at Johnson Matthey
***
Десеттата година од почетокот на Бреинстер приказната е одбележана со неколку соработки со државни институции, како што е Собранието, Државниот архив, Кривичниот суд и Министерството за образование, на разни проекти поврзани пред се со имплементирањето на нови технолошки решенија и продукти со вештачка интелигенција. Довербата од државните институции значи потврда за квалитетот и визијата на Бреинстер колективот, а довербата од студентите кои работат на овие реални проекти и за време на нивните студии значи одговорност уште повеќе да се трудиме да го подигаме квалитетот и да создаваме генерации со високи компетенции за кои секогаш ќе има приоритетно место на пазарот на трудот.
На Brainster Next College ќе имаш можност да работиш на реални проекти за време на студирањето кое може да е бесплатно се до првото вработување, кое ние ти го гарантираме. А дел од проектите се работат во партнерство со највисоките институции, со што директно може да го менуваш светот и да учествуваш во трансформацијата на Македонија во држава која ќе биде во чекор со времето, во оваа најнова технолошка револуција и ерата на вештачката интелигенција. Започни ја својата успешна приказна сега и тука и стани незаменлив професионалец во новото време кое доаѓа.