Brainster Next College студенти изработуваат платформа за Театар Комедија

Share

Како изгледа кога студентите добиваат можност да работат на проект што ќе се користи од реален клиент? Во Brainster Next College, ова е суштински дел од начинот на кој го организираме образованието, преку практична настава заснована на реални бизнис предизвици.

Во време кога голем дел од студентите поминуваат три до четири години на студии без вистински допир со реалната работна средина, Brainster Next College покажува дека постои поинаков пристап. 

Студентите од програмата за Софтверско инженерство и иновации неодамна работеа на развој на целосно дигитално решение за еден од највлијателните културни институти во земјата – Театар Комедија.

Резултатот е современа и технолошки напредна веб-платформа која целосно ги адресира потребите на публиката и организацискиот тим на театарот. Студентите, во неколку тимови, работеа на решенија кои даваат јасен интуитивен преглед на тековниот репертоар, овозможуваат брзо и сигурно онлајн купување на билети, како и пристап до детални информации за секоја претстава и актерскиот ансамбл. 


Ако си амбициoзна, креативна и иновативна личност АПЛИЦИРАЈ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ МЕСТА на првиот практичен колеџ за Дизајн и Софтверско Инженерство кој те подготвува за високоплатени идни професии и бизнис. 


Студентите не само што ги развиваа решенијата, туку имаа и можност лично да ги презентираат своите идеи и финални продукти пред тимот на Театар Комедија, каде што добија директен фидбек за својата работа. Овој процес не само што ја потврди нивната техничка подготвеност, туку и ја зајакна нивната самодоверба и способност за комуникација со клиенти.

Фидбек и прашања за своите прашања добиваа и од директорот Дарко Спасов, кој истакна:

„Соработката со Бреинстер помина одлично. Како што велат: како ќе тргнат работите, така и ќе се одвиваат. Не се сомневав во квалитетот, и верував дека студентите се многу бистри и истовремено воспитани. Тие се желни да учат и да додадат своја вредност. Сѐ уште трае фазата на финализирање, но јас, во име на Театар Комедија, можам да кажам дека сум презадоволен од нивниот професионален пристап. На сите студенти им посакувам убаво лето и знам дека ќе бидат успешни граѓани и дека еден ден ќе ја водат нашата држава.“

По завршените презентации, следува финалниот чекор и избор на победничкиот тим чие решение ќе се финализира и доработува согласно со фидбекот од клиентите. 

Дополнително, директорот на Театар Комедија, Дарко Спасов, најави дека на неколкумина студенти ќе им понуди пракса, како резултат на нивниот професионален пристап, посветеност и квалитетно изработени решенија. Ова претставува уште една потврда дека со вистинскиот пристап, факултетите можат да бидат директна алка во процесот на вработување и развој на младиот кадар.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Првиот уписен рок наскоро се затвора

      Аплицирај за
      последните места

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!