Кога студентите од прва година ќе добијат шанса да работат на вистински проект со реален клиент, не се работи само за дел од наставната програма. Се работи за искуство што ја обликува нивната професионална иднина. На предметот Имплементација на решение, студентите од студиската програма UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College имаа несекојдневна задача: да предложат концепти за нов визуелен идентитет на нивниот факултет. Да, на институцијата каде што тие самите учат.

Оваа финален испит е проверка на нивните аналитички способности, разбирање на бренд, визуелно комуницирање и презентирање на идеи. Од првични истражувања и анализа на постојниот идентитет, па сè до дизајн на логоа, типографија, палети на бои и презентација на концептите – студентите поминаа низ целиот процес кој го следат професионалните дизајнери.
„Да им се довери идентитетот на факултетот на прва година студенти е храбар чекор, но токму вака се гради генерација со кредибилитет уште од самиот старт,“ – изјави Дијана Димитриевска, Head of Design во Brainster и клиент во рамки на проектот.
„Во улога на клиент, имав чест да ги следам студентите како размислуваат стратешки, истражуваат и ги презентираат своите идеи со цел да ни ја доближат нивната перцепција за нашиот бренд. Од анализа до аргументација, нивните предлози беа навистина темелно разработени. Следно e да одбереме потесен круг концепти кои ќе ги користиме како основа за понатамошен развој.“

Проектот, кој беше дел од курикулумот, не само што постави високи очекувања, туку понуди и реален контекст во кој студентите имаа можност да ги применат своите знаења и креативни вештини. Под менторство на Емилија Ланговска, студентите индивидуално, анализирајќи го постојниот бренд идентитет и предлагајќи нови насоки за негов визуелен развој.
„За целите на овој предмет, сметавме дека е исклучително мотивирачки да се работи на креирање на бренд идентитет за институција од која и самите студенти се дел,“ – вели Ланговска.
„Како професор и ментор, мене ми е особено мило дека кај поголемиот дел од студентите согледав огромен прогрес во критичкото размислување и анализа, создавањето на стратегија и процесот на креирање на самите дизајни.“
Проектот беше најавен овде уште на неговиот почеток, а сега резултатите зборуваат сами за себе. Оваа иницијатива не само што ги става студентите во центарот на креативниот процес, туку ја засилува и нивната поврзаност со институцијата, поттикнувајќи чувство на одговорност, самодоверба и припадност.

Во следниот чекор, тимот од Brainster ќе селектира неколку од најразвиените концепти за идниот визуелен идентитет на колеџот, со можност тие да бидат имплементирани во реалната комуникација на брендот.
Овој проект е уште еден пример за тоа како практичната работа, реалните задачи и поддршката од менторите создаваат средина во која младите дизајнери не само што учат, туку и се градат како идни професионалци.







