Најпопуларните вебинари за UX/UI и графички дизајн од предавачите на Brainster Next College

Дознај повеќе за UX/UI и графички дизајн од вебинарите на професорите Горјан Јовановски, Дамјан Обал и Дијана Димитриевска.
najpopularni-vebinari | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Share

Горјан Јовановски

Покрај редовните професори – експерти од индустријата од земјава и од странство, нашите студенти имаат прилика да учат и од гостински предавачи по одредени предмети, кои се докажани професионалци во своите области. Тие на практичен начин им ја приближуваат теоријата на студентите и ги подготвуваат за најбараните вештини на пазарот на труд.

Еден од гостинските предавачи на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), со кој нашите студенти навистина уживаа е Горјан Јовановски, креаторот на познатата апликација Мој воздух, еко-активист и софтверски инженер.

А/Б тестирање во твојот производ

Секој од нас има свое мислење што треба, а што не треба да има во нашите производи. Но, дали навистина знаеме што сакаат нашите корисници?

Ова предавање има за цел да ти одговори на најчестите прашања што се поврзани со областа A/B testing. Ќе добиеш појасна слика за тоа што точно се подразбира под A/B testing и зошто е корисно при додавање на нови можности во производи. Покрај тоа, низ искуствата на Горјан, од прва рака ќе дознаеш како светски компании како Booking.com го применуваат А/Б тестирањето и која е нивната методологија. На крај, ќе се запознаеш со тоа каде НЕ би ти користело А/Б тестирањето и зошто не е решение за сите проблеми.

Дамјан Обал

Дамјан Обал е експерт од индустријата, еден од гостинските интернационални предавачи на Brainster Next College кој своето богато работно и истражувачко искуство од областа на интерактивен графички UX дизајн и компјутерски науки го сподели со студентите од првата генерација на студенти на Brainster Next College. Дамјан Обал живее и работи во Норвешка и има над 20 години работно и истражувачко искуство во Западна Европа, и два докторати од реномирани светски универзитети.

Research. The other half of UX

Целта на секој UX дизајнер е да создаде решенија кои одговараат на потребите на корисниците. За да им помогнеме на корисниците да ги решат проблемите и да ги постигнат своите цели, прво треба да ги разбереме нивните потреби.

Ова предавање е вовед зошто истражувањето е важно и како да го примениш во твојот процес на UX дизајнирање. Во ова видео ќе добиеш вовед во квалитативно и квантитативно истражување со примери на методи и кога е правилното време да користиш секој од нив. Ќе научиш како да примениш различни методи на истражување за да ги откриеш потребите на корисниците и да креираш различни UX дизајни.

Дијана Димитриевска

Дијана Димитриевска е дипломиран машински инженер со специјалност во индустрискиот дизајн. Своето 10+ годишно работно искуство го има стекнато работејќи на голем број кампањи и продукти за најголемите компании од Македонија, меѓу кои Телеком, Пивара, Тиквеш, Ладна, ЕВН, Витаминка, Toyota. Во моментов, Дијана е CDO (chief design officer) на Brainster (Бреинстер), инструктор на Академијата за Графички дизајн во Brainster, експерт од индустријата и гостински предавач на првиот практичен ИТ-факултет кај нас, Brainster Next College.

Креирање на бренд идентитет

Низ анализа на реални проекти – LAIKA & COLONY, ќе можеш да ги научиш основите на создавање на еден бренд. Од креирање на лого, преку избор на бои, до типографија и приказната која стои позади брендот.

Бренд идентитет е клучен дел во графичкиот дизајн и вклучува повеќе елементи чија крајна цел е привлекување на нови потрошувачи кон брендот притоа правејќи постоечките да се чувствуваат како дома. Логото, типографијата, пакувањето и боите се основни елементи кои создаваат еден бренд идентитет. Креирање на еден бренд идентитет подразбира поминување на неопходни чекори како:

  • Дефинирање на целите на брендот и неговото позиционирање;
  • Темелно истражување на пазарот;
  • Креирање на впечатливо лого;
  • Дефинирање на колор палета;
  • Одбирање на типографија.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Местата за двете студиски програми се ограничени, аплицирај сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!