Научи математичка логика со бесплатниот курс Математика во Python

Онлајн курсот Математика во Python е со вредност од 700 евра, но Brainster Next College го нуди целосно бесплатно. Дознајте што ќе научите во четвртиот модул.
matematika-vo-python | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Курсот Математика во Python го создаде Петар Јолакоски, професор на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) и помлад истражувач во Центарот за компјутерски науки и информатички технологии во МАНУ.

„Овој курс е наменет за средношколци и сите заинтересирани кои имаат основно разбирање од математиката научена во средно образование и сите оние кои сакаат да го користат Python како алатка за продлабочување на нивното разбирање на математички концепти“, ни сподели Петар Јолакоски.

Четвртиот дел од курсот се однесува на Математичка логика. Фокусот во овој дел ќе биде на теоријата на множества и булова алгебра. Ќе започнете со краток вовед во теоријата на множества и ќе го научите основниот бинарен однос помеѓу елементите и множествата. Ќе се фокусирате на две основни операции – унијата и пресекот.

Унијата е операција која ни овозможува да обединиме две множества и да добиеме ново множество составено од сите елементи што припаѓаат на дадените множества. Со примери и илустрации, ќе разберете како функционира оваа операција и како да ја примените во различни контексти. Пресекот, пак, е операција која ни овозможува да ги најдеме заедничките елементи помеѓу две множества. Ќе го истражите пресекот преку едноставен пример од бази на податоци.

Покрај унијата и пресекот, ќе се запознаете и со други операции од теоријата на множества. Ќе научите за разликата на множества, која ви овозможува да ги идентификувате елементите што припаѓаат на едно множество, но не и на другото. Исто така, ќе се запознаете со симетричната разлика, партитивното множество, комплементарното множество и кардиналноста на множество.

За да ги илустрирате овие операции, ќе користите венови дијаграми. Оваа графичка репрезентација ќе ви помогне да ги визуализирате множествата и операциите што ги изведувате со нив.

Покрај теоријата на множества, ќе го истражите и значењето на Буловата алгебра како основа на модерните програмски јазици. Ќе научите за логичкиот оператор конјункција кој е поврзан со пресекот од теоријата на множества. Ќе учите како овој оператор функционира и како може да се користи во различни програмски ситуации. Дополнително, ќе научите и за другите два логички оператори во Буловата алгебра – дисјункција и негација. Ќе ги разберете нивните функции и како се поврзани со унијата и комплементот од теоријата на множества. Од особен интерес се и Де Моргановите закони, кои ни овозможуваат да ги претвориме изразите на конјункција и дисјункција од еден во друг користејќи ги буловите операции и негацијата. Ќе дознаете за овие закони и ќе ги разберете нивните примени и значење во анализата на логички изрази. За да ги проширите вашите знаења, ќе имате можност да проследите повеќе примери за Де Моргановите закони и да ги примените во конкретен пример.

Во видеата од овој модул ќе имате и неколку вежби кои ќе ви помогнат да ги подобрите теоретските знаењата од модулот.

Бесплатниот онлајн курс Математика во Python е креиран од Петар Јолакоски, професор на Brainster Next College, со цел да им овозможиме на сите идни студенти да добијат подобра математичка основа за на факултет и брзо и лесно совладување на математички предизвици.

Почни со учење сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Приемниот тест е отворен!

      Студирај бесплатно на Brainster Next факултет

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!