Теорија или градење на следната голема дигитална плаформа… Каков факултет ќе избереш?

Традиционален факултет VS Brainster Next College! Првиот практичен ИТ- факултет во Македонија, не нуди само алтернатива, туку револуција во образованието.
tradicionalen-fakultet-vs-next | Softversko inzenerstvo i inovacii | UX/UI i graficki | Brainster Next College
Share

Потребите за промени во начинот на едукација денес веќе не треба да се тема на дискусија. Тие се неминовност… Традиционалните методи, иако се вредни, честопати се „борат“ да го задржат чекорот со брзата еволуција на технолошката индустрија. Факултетското искуство водено низ традиционалниот калап знае да биде исполнето со многу непроспиени ноќи поминати над учебници и теорија…знаење базирано само на меморирање факти, без практично да се примени наученото. Но, што ако постои пат што нуди нешто порелевантно, подинамично и бескрајно поприменливо во светот на технологијата кој постојано се менува? 

Brainster Next College, првиот практичен ИТ- факултет во Македонија, не нуди само алтернатива, туку револуција во образованието.

Ние веруваме дека клучот за успехот лежи во учењето водено од љубопитност, во динамична средина за учење што го отсликува реалниот свет, во кој истражувањето, решавањето проблеми и соработката се најважни. 


Ако сакаш да си дел од заедница на иноватори, сонувачи и креативци, аплицирај за последниот уписен рок!


Традиционално образование VS Brainster Next College: Приказна за два света

Традиционалните факултети често следат ригидна структура, обезбедувајќи однапред дефинирани наставни програми, слаба конекција со индустријата што води и кон очекувано пасивно учење. Применетите факултети како Brainster Next College, од друга страна, нудат многу повеќе од само образование, тие нудат инвестиција во твојата иднина. Опремени со вештини, искуство и конекции студентите се подготвени  да „трчаат“ по теренот. Тука, нема само да учиш за градењето веб-апликации и дигитални платформи – туку ќе ги правиш.

  • Традиционално образование: Стандардизирани патеки за учење со ограничена флексибилност.
  • Brainster Next College: Персонализирани патувања за учење кои се прилагодуваат на интересите и целите. 

Теоретска настава VS Практична методологија

Светот на технологијата не работи во вакуум. Нашата силна мрежа со водечките ИТ-компании во земјава и странство ја носи индустријата во нашите училници. Нашите студенти, со помош на применета наука се изложени на најсовремените технологии додека трае нивното студирање.

Добиј искуство од реалниот свет уште пред да дипломираш, со што ќе добиеш конкурентна предност на пазарот на труд.

Brainster Next College е повеќе од обичен колеџ. Ние ги поттикнуваме студентите на љубопитност, вештини и создаваме конекции што им се потребни за да напредуваат во динамичниот свет на технологијата. 

  • Традиционално образование: Фокус на меморирање факти, многу теорија и стандардизирани тестови.
  • Brainster Next College: Учење базирано на реални проекти е во срцевината на нашата наставна програма. Нурни длабоко во предизвиците од реалниот свет со кои се соочува денешната технолошка индустрија, развивајќи практични вештини и градејќи портфолио што ќе ги прикажува твоите способности.

Ако сакаш да си дел од заедница на иноватори, сонувачи и креативци, аплицирај за последниот уписен рок!


Како се поврзуваме со професионалците од индустријата?

Нашиот пристап и наставна методологија е дизајнирана да ја разгори твојата страст за технологијата и да те опреми со вештини и искуства што се најважни за работодавците. Што може да очекуваш од Brainster Next?

Учење базирано на реални проекти: 

Ќе бидеш „потопен“ во реалниот свет преку релевантни проекти за индустријата уште во првата година од студиите. Ќе работиш на градење апликации, решавање на предизвиците при кодирање и справување со проблемите со кои се соочуваат нашите партнерски компании. Ќе ги ребрендираш, ќе дизајнираш за многу познати брендови. Со ова практично искуство ќе изградиш силно портфолио што ги прикаже твоите вештини и способностите за решавање проблеми. Токму овој период сите наши студенти од 1 и 2 година работат на 3 големи проекти:

  • Ребрендирање на фестивалот „Таксират“/Пасворд продукција
  • Градат онлајн платформа/генератор за културни настани/МОБ, Пасворд продукција, Лабораториум
  • Креираат апликација за подобро разбирање на потребите на клиентите/Синеплекс 

Учество на хакатони:

Методологијата на учењето напредува со поместување на границите. Редовно сме домаќини на хакатони и разни предизвици за компании, креирајќи ја брзата средина на работа карактеристична за технолошката индустрија. Ќе соработуваш со студентите и менторите, ќе смислуваш решенија и ќе градиш апликации под притисок. Ќе го усовршиш твоето критичко размислување, тимската работа и приспособливоста – сите основни вештини за просперитетна технолошка кариера.

Летна пракса во компании:

Секој наш студент што ќе исполни соодветни критериуми, добива можност да оди на летна пракса во компании. Имаме успешна соработка со водечки ИТ- компании кои активно ги поддржуваат нашите програми. Ова значи изложеност на најновите трендови и технологии на индустријата, предавања од индустриски професионалци и врвната придобивка-ексклузивни можности за пракса со овие компании. Ќе стекнеш вредно искуство од реалниот свет уште пред да дипломираш, и ќе бидеш изложен пред компаниите уште во првата година од студиите.

Саем за вработување:

Само за студентите на Brainster и на Braisnster Next College организираме голем Саем за вработување на кој ќе учествуваат 50 партнерски домашни и регионални компании и 200 студенти.

  • Традиционално образование: Ограничена интеракција со индустриски професионалци.
  • Brainster Next College: Ние го премостуваме јазот помеѓу академската заедница и реалниот свет. Над 150 компании те чекаат практично да ги примениш знаењата стекнати на факултет.

Технологијата е моќна сила, која го обликува светот околу нас. На Brainster Next College, ние не само што ќе те учиме како да кодираш и дизајнираш, туку ќе ти дадеме моќ да ги користиш твоите вештини за да направиш разлика. 

Придружи се на нашата енергична заедница и стани технолошки иноватор кој ќе го менува светот со помош на технологијата.


Ако сакаш да си дел од заедница на иноватори, сонувачи и креативци, аплицирај за последниот уписен рок!


Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!