Запознај ги Brainster Next студентите што сакаат да решаваат проблеми!

Нашите креативци и иноватори сонуваат да помогнат во решавање на светските проблеми, но и да го подобрат секојдневието на оние на кои најмногу им треба помош
studenti-resavaat-problemi | Softversko inzenerstvo i inovacii | UX/UI i graficki | Brainster Next College
Share

Студентите од Brainster Next College сакаат да создаваат, иновираат и да решаваат општествени проблеми. Ова е место што ја поттикнува креативноста, иновативноста и вештините за решавање проблеми кај своите студенти. 

Нашите креативци и иноватори сонуваат да помогнат во решавање на светските проблеми, но и да го подобрат секојдневието на оние на кои најмногу им треба помош. Тие се и нивна инспирација. 

Запознај ги Ана Марија, Ивана и Кире, студентите што во нашата образовна средина не само што размислуваат како да решаваат проблеми, туку веќе го прават тоа. Со помош на нашата практична образовна методологија тие никогаш нема да престанат да размислуваат критички и да бидат дел од заедницата што нема да се плаши од предизвиците.

Ако размислуваш на овој начин, ако сакаш да решаваш проблеми и да учиш на факултет во кој ќе добиеш употребливо знаење Brainster Next е вистинското место за тебе!


Доколку си спремен да им се придружиш, предизвикај се и реши го приемниот тест за упис на Brainster Next College!


Но, ако сакаш да продолжиш „по старо“, да учиш само теорија, да не бараш ништо од твоите професори и да немаш повисоки очекувања за високото образование, ова не е место за тебе, запиши се на друг факултет.

Како сакаат да помагаат нашите студнети? 

Ана Марија Пластиновска, која е студентка на нашата студиска програма за UX/UI и графички дизајн сонува за свет без глад и жед. Таа верува во користење иницијативи за рециклирање храна и правилно управување со ресурсите за да се одговори на овој глобален предизвик. Нејзиниот иновативен дух се протега на редизајн на секојдневни предмети, а нејзината визија за иднината е да стане лидер во компанија за графички дизајн, користејќи ги своите вештини и знаења за позитивно влијание.

Ана Марија Пластиновска

„Многу би сакала да редизајнирам еден предмет кој е секојдневие на мојата мајка и на секоја медицинска сестра, а тоа е пиличката за сечење на ампули со лекови. Со кршењето на ампули за давање на терапија може да дојде до повреда кај медицинскиот персонал. Пиличката би ја редизајнирала да биде како веќе постоечките електронски острилки за моливи, со таа разлика што ампулата би била долу, острилката горе за да не дојде до истекување на течната содржина од ампулата“, вели Ана Марија.

Нејзината колешка Ивана Илиевска ја нагласува важноста на глобалната меѓусебна поврзаност и заедничката одговорност што сите ја имаме за создавање подобра иднина. Таа верува дека образованието е моќна алатка за поттикнување разбирање и соработка и сака да влијае на создавање образовни платформи кои се достапни за сите ученици.

Според неа предизвик е сите ние да разбереме што навистина значи да постоиш во глобален и целосно меѓусебно зависен свет, во кој личното и индивидуалното здравје, успехот и опстанокот се тесно испреплетени. Свет во кој дури и за едноставното секојдневно преживување зависиме еден од друг, без разлика каде живееме, дали се познаваме, се грижиме еден за друг или не. 

„Токму затоа моето уникатно образование е моето магично стапче, за кое јас лично сум многу среќна што ќе можам да го користам, за да им помогнам на луѓето да разберат дека сите ние во целиот свет не можеме еден без друг. Со него визуелно ќе допрам и до најсиромашните и до најбогатите, до гладните но и до ситите, оние кои војуваат и до оние кои безбедно живеат. До многуте што ја загадуваат природата како и до оние што се стремат да ја зачуваат. Сѐ со цел да ги научам дека сите тие се зависни едни од други, и само доколку се единствени ќе можат да изградат подобра, побезбедна и одржлива иднина“, вели Ивана. 


Доколку си спремен да им се придружиш, предизвикај се и реши го приемниот тест за упис на Brainster Next College!



Кире Јорданов кој е втора година на студиската програма Софтверско инженерство и иновации ја истакнува важноста на стратешкото планирање и соработка при справување со предизвици од големи размери. Тој предвидува развој на образовни платформи и системи за чистење на животната средина за решавање на глобалните проблеми. Досегашното патување на Кире во Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) му ја покажа моќта на тимската работа и важноста од активно учество во дискусии и споделување различни перспективи.

„Доколку се задржиме на решавање на веќе постоечките проблеми, прво што ми паѓа на памет се децата и возрасните во развивачките земји кои немаат пристап до квалитетно образование и развивање поради недостиг на инфраструктура, квалификувани наставници, и образовни материјали, па затоа се спречени да го достигнат својот целосен потенцијал. Во овој контекст би можело да се размислува за развој на образовни платформи (по потреба офлајн достапност и периодично ажурирање) кои би биле лесни за користење и достапни преку мобилни уреди. Овие платформи би можеле да нудат интерактивно учење преку игри и симулации, прилагодени за учење на одредени вештини“, вели тој.

Го прашавме Кире со која историска личност би сакал да работи на решавање на некој глобален проблем? Вели дека тоа дефинитивно би било личност што оставила трага зад себе и била премногу креативнa. 

„Можеби заедно би создале некои виртуелни интерактивни галерии во кои корисниците би можеле да влезат и да истражуваат нереалистични светови, сопствени имагинарни светови и слично, нудејќи уникатно искуство кое ќе ја поттикнува креативноста и самооткривањето. Сепак уметноста и дизајнирањето се области во кои сакам да се надградувам“, вели тој.

Тимска работа за справување со сложени проблеми

Како иден графички и UX/UI дизајнер, разбирливо е значењето на терминот корисничко искуство во светот на Ивана. Таа предлага редизајнирање на платформите за онлајн плаќање за подобро да се задоволат потребите на постарите лица.

„Сликата на долги редици пред банките со која започнува секој месец во нашата земја, каде најголем број тоа се постари лица кои со сметки во рацете без разлика на временските услови изнемоштено чекаат за да ги исполнат своите граѓански обврски, е нешто кое би сакала да го променам и иновирам“, вели таа.

Во нашата земја плаќањето на сметките за вода и струја е овозможено и преку платформите за онлајн плаќање за сите корисници без никаков надоместок и провизија. Но успешноста на дигитализацијата значи и нејзино приспособување за оние кои се соочуваат со потешкотии при нејзино користење. 

Кире полага испит во Intertec

„Мојата иновација би била редизајн на овие платформи кој би вклучил обезбедување на персонализирана услуга за онлајн плаќање за постари лица. Услугата ќе биде креирана според нивните потреби, и меѓудругото ќе вклучува прилагодлив фонт и бои, но и гласовни команди при плаќањето“. 

Соработката е клучна за справување со сложени проблеми. Нашите студенти одлично се справуваат и со овој предзвик, а ние сме особено строги кога станува збор за тимска работа.

Ана Марија смета дека во самата природа на човекот ни е вткаено да сме поврзани со други луѓе. Со секоја нова конекција меѓу луѓето доаѓа до размена на нови знаења, мислења и искуства со што се олеснува решавањето на сложените проблеми. Со тоа што лесно се прилагодува на нова средна и на нови личности, тимската работа за неа претставува задоволство.

„Проектите кои ни се зададени тимски, овозможуваат зближување и зацврстување на меѓу колегијалните односи. Со координација меѓу себе е полесно усвојување на проблемите, па така на крај, за еден проблем се воспоставуваат цели, каде што членовите треба да бидат усогласени во својата работа за да триумфира со успех“.

Ивана пак вели дека во претходното образование се соочувала со изготвување на групен проект, каде едно лице ја врши целата работа додека сите останати се досадуваат и со нетрпение чекаат да си заминат. Но, кога решила нејзината идна професија да биде графички дизајн и UX/UI дизајн тогаш сфатила дека успехот на проектот најмногу ќе зависи од активната соработка на сите во тимот. 


Доколку си спремен да им се придружиш, предизвикај се и реши го приемниот тест за упис на Brainster Next College!


„Тука во Brainster Next College нема место за страв, бидејќи целиот процес на студирање е всушност тимска работа, каде секој предмет и проект меѓудругото ме учи, охрабрува и поттикнува активно да учествувам во дискусиите, да ги споделувам моите идеи, но и слободно да го искажувам моето мислење. Преку моето учество во тимска работа при развивање на апликација, дискусиите и споделувањето на различни мислења во тимот создадоа силна бура од идеи, креативност и иновација“, вели Ивана. 

Brainster Next College е голем предизвик

Brainster Next College е место на кое сакаме да ги охрабруваме студентите храбро да решаваат проблеми, да бидат различни, да не се плашат од предизвици, но истовремено бараме од нив да учат посветено и да бидат најдобрата верзија од себе. Ивана вели дека е различна, сака предизвици и не живее според правила. 

„Brainster Next College е мојот најголем предизвик кој без размислување го прифатив бидејќи како и самата јас, е факултет кој во секоја смисла на зборот е различен од сето она што го искусив на државните универзитети во нашата земја. 

Студенти на хакатон

Но во ниеден момент не зажалив! Не зажалив за многубројните бесконечно долги ноќи измешани со раното утро, бидејќи ваквата моја посветеност е секогаш препознаена и пофалена од моите најголеми мотиватори, професорите на Brainster Next College“.

Токму и во професорите според неа е најголемата разлика меѓу NEXT и другите факултети.

„Разликата започнува после неколкуминутен молк за размислување и истражување на можните решенија на проблемот, по што започнува комбинација на активна дискусија и безбројни прашања, по што следи бура на многубројни креативни решенија. И тука нема застој од ниедна страна, секој обид за решавање на проблемот е несебично проследен со пофалби но и дополнителнителни насоки кои те мотивираат за уште подобро решение. На секое ново и ново прашање или дилема до тебе стои професор кој ти возвраќа со уште поголемо внимание и ти презентира уште повеќе знаење“, вели таа.

Ана Марија додава дека како секој човек и таа си има тешки денови, денови кога не се чувствува мотивирана да даде сѐ од себе за да си ја заврши својата задача. Нејзиното мото за такви денови и општо за секојдневниот живот е: „Твојот успех и среќа лежат во тебе. Надворешните околности се случајности во животот. “


„Професорите секојдневно нѐ мотивираат нас студентите, тоа многу ни помага и во стекнување самодоверба и подобар успех. Трудот што тие го вложуваат во секој од нас, дополнително нѐ охрабрува и мотивира како треба да постапуваме во иднина“, вели Ана Марија.

Дали си подготвен да им се придружиш на овие наши мотивирани студенти? Сакаме само да потенцираме дека Brainster Next College не е за секој, туку за оние што копнеат по извонредното, што прифаќаат предизвици и сонуваат да остават свој белег во светот. 

Покрај иновативните студиски програми за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн, ќе имаш можност да развиваш дигитални продукти на 48-часовни хакатони, да учиш од експерти од ИТ-индустријата, да работиш реални проекти за компании и да одиш на летна пракса кај нив.

Ако ова звучи како тебе, тогаш отфрли го „просечното“. Приемниот тест со кој ќе добиеш шанса да им се придружиш на нашите студенти што прифаќаат да решаваат проблеми e отворен. Процесот на селекција на нашите идни студенти е малку поинаков. И не е лесен!

Само оние што ќе го поминат приемниот тест кој се состои од 40 логички прашања ќе добијат можност да студираат на Brainster Next College и да го искористат финансискиот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“.


Доколку си спремен да им се придружиш, предизвикај се и реши го приемниот тест за упис на Brainster Next College!


Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Приемниот тест е отворен!

      Студирај бесплатно на Brainster Next факултет

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!