Целосно изработени веб-апликации, учество на хакатони и реални проекти, пракси во ИТ- компании… Иако се само во втора година, портфолијата на нашите студенти од студиската програма Софтверско инженерство и иновации се веќе импресивни.
Запознајте ги Стефан, Атанасија, Петар и Давид…Тие се дел од нашата поголема NEXT заедница која со право можеме да ја наречеме exeptional. Тие се посебни, храбри и амбициозни, бидејќи учат, работат. Секојдневно се трудат да ги завршат сите предизвици зададени од професорите и менторите и да растат секој ден.
Ова се студенти што не се плашат да бидат посебни и ние сме среќни што ги имаме во нашите редови.
Приемниот упис за Brainster Next College e отворен повторно за новиот уписен рок, а со тоа и можноста бесплатно да студираш, сѐ до твоето вработување. Ако сакаш да бидеш во друштво на посебни студенти, пријави се и реши го!
Како беше досега NEXT патувањето?
За Стефан Хаџи-Ефтимов, кој е втора година на Brainster Next College почетоците на студиите му изгледаат како онаа народната: „Ако не го фатиш возот навреме, ќе ти избега“.
„Во овој случај е нешто слично. Aко не го избереш вистинскиот автомобил ќе мора да го поправаш и нема да можеш да го возиш константно и да стигнеш до дестинацијата на која си сакал да пристигнеш за одреденото време. Нормално е дека можеш да стигнеш со повеќе труд, но почетокот на студиите е клучен“.
Неговиот колега Давид Петковски смета дека нивната генерација добила уникатна прилика да биде првата генерација студенти на Brainster Next College. За него, тоа уште од самиот старт значело искуство како ниедно друго.
За неговата колешка Атанасија Ѓеоргиевски првата година од студиите била предизвикувачка, но истовремено и восхитувачка.
„Од учење на нови концепти и технологии, па сѐ до создавање на реални и иновативни проекти – секој ден носеше нови искуства и можности за раст. Почетоците на Brainster Next College-от секогаш ќе ги паметам како период кога ми се отворија вратите кон светот на можностите и новите искуства“.
Петар Ѓорѓиоски пак вели дека успешно пливал во првата година бидејќи според него, најважно е да се има желба и интерес за материјата, а потоа активно следење на наставата, посветеност и многу работа.
„Благодарение на посветеноста на student success тимот и менаџментот на колеџот кои во комуникација со студентите ги согледуваат нивните потреби, делуваат практично и со позитивни промени за почетоците на новите студенти“ вели Петар.
Да се биде успешен студент на овој факултет не е лесно. Brainster Next College не е за секој. Интензивните програми сами по себе бараат добро организирање и временско менаџирање, негување на креативноста и секако активно учење.
Според Атанасија, на NEXT, најважно е да не се биде само пасивен слушател, активното учење вклучува интеракција на часовите, поставување прашања и секако дискусии со професорите.
За Давид, рецептот за успешен студент на нашиот факултет е да се биде редовен, конзистентен, да се даде максимумот во овие години со цел да се извлечат најдобри можни резултати.
„Се наоѓаме во години во кои сме доста зрели за да сфатиме кои се нашите приоритети, а верувам дека учењето би требало да биде блиску до, ако не и на самиот врв на пирамидата“, вели Давид.
Справување со предизвици и решавање проблеми
Знаеме дека ефективното справување со проблеми и предизвици вклучува повеќестран пристап. Смирено и прибрано однесување за да размислувате јасно, дефинирање на проблемот, па собирање информации и идентификување на неговата основна причина. Важно е и да се размислува креативно, земајќи ги предвид различните пристапи и барајќи помош од другите кога е потребно. Ги прашавме нашите студенти како тие се справуваат со предизвици?
Стефан на пример, вели дека практикува само работа и вртење околу проблемот.
„Во случај да не можам да се одглавам подолго време, пробувам да најдам човек што може потенцијално да ми помогне околу проблемот, па најчесто додека го споделувам го наоѓам решението“, вели Стефан.
Петар пак најпрво го разложува проблемот и го решава дел по дел, додека не дојде до една компактна целина.
Првиот чекор за решавање на секаков тип на сложен проблем започнува со детална анализа за да се разбере контекстот на истиот. Разбирањето на сложени проблеми често бара креативно размислување и иновативен пристап. Вака Атанасија почнува со решавање на некој предизвик. Вели дека потребно е и да се размислувa out of the box, истражувајќи алтернативни пристапи за решавање на проблемот и отворање на нови можности за креативни решенија.
„Покрај тоа, неопходно е да се примени концептот на trial and error, преку кој се истажуваат различните начини да се дојде до посакуваниот резултат, препознавајќи ги и елиминирајќи ги причините за неуспех. Исто така, важно е да се користат и други методи за решавање на проблеми како колаборација, искуство од претходни ситуации и секако консултација со експерти во таа област. Со комбинирање на сите овие problem-solving концепти, може да се пронајде креативно и ефикасно решение дури и за најсложените проблеми“, вели таа.
Секојдневно мотивирани да бидат подобри
Во двете години додека учат на Brainster Next College, студентите работеа на реални проекти, хакатони, лични проекти, некои беа на летна пракса, предмет им предаваа експерти од Culturеtec. Многу нешта им помогнаа да почнат да се развиваат во ИТ-професионалци.
За Атанасија е најважно што секојдневно била мотивирана. Но, како најинспиративно искуство го издвојува работата на финалниот проект по предметот Имплементација на решение. Заедно со Давид тие ја направија Bitbite.mk, апликација наменета за угостителски локали што сакаат да го дигитализираат нивното хартиено мени.
„Во тие моменти, знаевме дека успешно сме го исчекориле патот од идеја до реално решение или реализација. Знаевме дека сме ja донеле вистинската одлука и дека само една академска година на Brainster Next College-от нѐ делела од успешно креирање на апликација. Дополнително ја добивме можноста за летна пракса во Brainster, која беше од суштинско значење за нашата професионална еволуција. Секојдневната интеракција со експерти беше извор на голема мотивација и можност за проширување на нашите хоризонти во областа на софтверското инженерство и иновации“, вели таа.
И Давид ги издвојува сличните предизвици како нешто што ќе го памети најмногу од досегашното академско патување.
За Стефан најкорисно досега било учеството на хакатоните бидејќи работејќи со повеќе луѓе на еден проблем, е шанса да се чуе различно гледиште. Така излегуваат различни проблеми, секој помага секому и според него, така најмногу се учи. Исто така, како посебен го издвојува и Предмет од индустрија, кога експертите од стартапот Culturetec, кој е дел од глобалната ИТ-компанија Intertec им предаваа на факултетот.
„Од Culturеtec бев инспириран да прифаќам работа со frameworks, а не ги познавам. Со логиката од претходните frameworks што ја имав стекнато, лесно успеав да се пренасочам со работење на новиот framework“.
Петар кој досега има учествувано на неколку хакатони кои му оставиле голем впечаток поради можноста за тимска работа, креативноста и наоѓање на решенија на реални проблеми. Преку нив научил нови технологии и го проширил знаењето во областа на програмирањето.
Инаку, Петар во моментов работи и како full stack developer и успева да биде добар студент. Според него, со правилното користење на ресурсите и знаењето може да се делува на негативните случувања на глобално ниво.
„Го користам знаењето што го добивам од факултетот, а и обратно“, вели Петар.
Атанасија верува дека работата во ИТ-сферата има голем потенцијал да влијае на подобрување на различни проблеми со кои се соочува денешниот свет и креирање на позитивни промени на глобално ниво.
Дел од проектите на кои работеа нашите студенти се т.н tech for good, што за Давид е сосема различно искуство од некои лични проекти или проекти што ги правеле за оценка/профит и слично.
„Имавме шанса да отидеме на хакатон организиран од Ways2help, и мислам дека кај мене, а и кај останатите колеги кои што учествуваа видов некоја посилна мотивација и поголема желба за работа од вообичаено“.
Интензивните курикулуми на нашите две студиски програми, Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн се вистински предизвик за нашите студенти.
Оваа група студенти, месецов работи на изнаоѓање решение за клиентот Синеплекс како дел од обврските по предметот Имплементација на решение, се подготвува за нов голем хакатон во живо и неуморно ги полагаат испитите за да може летово да одат и на пракса!
Brainster Next College е за оние кои не се плашат да бидат exceptional. Не си еден од нив? Запиши се на друг факултет! Бидејќи ова е образование во кое ќе треба да се потрудиш, да излезеш од конфорната зона и да се бориш сам со себе секој ден со цел да бидеш како Атанасија, Давид, Стефан и Петар!