Петар Ниновски: Зошто воведувањето на еден вид „данок на таленти“од ФИНКИ е погрешно

Со еден потег ФИНКИ го попречува патот на индустријата да дојде до таленти, a им прави сопка на своите студенти да дојдат до вработување и пракса.
Share

Секој студент од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од септември, задолжителната пракса ќе може да ја има само во компаниите што на факултетот му платиле годишно спонзорство. 

Ова се предвидува во новиот Правилник за засновање годишен партнерски пакет со ФИНКИ, наменет за ИТ-компаниите. 

Зошто оваа одлука на ФИНКИ е погрешна и штетна најмногу за студентите и за компаниите, споделив веќе на LinkedIn. Но, сакам малку подолго да образложам како овој потег ќе влијае на целата заедница, бидејќи од мене изјави за случајот побараа и повеќе медиуми, но и поради пораките што ги добивам од загрижени колеги, вработени во ИТ-индустријата и луѓе што многу добро го познаваат пазарот. 

За оние што не се информирани, во новиот Правилник на ФИНКИ се предвидува раскинување на сите договори со компаниите од 30 септември годинава. Секоја компанија што сака соработка, ќе мора да избере еден од понудените пакети за партнерство кои чинат од 500 до 8.000 евра годишно и премиум пакетот, кој чини 20.000 евра годишно. Најпроблематично во целата приказна е тоа што се воведува една нова категорија „призната пракса“ врз база на спонзорство. Не станува збор за некакви подигнати критериуми за квалитетна пракса. Задолжителната пракса ќе биде призната од страна на факултетот САМО ако е одржана во компанија партнер на факултетот, односно онаа што платила најмалку 500 евра.

Пријатели, колеги, студенти, иноватори, родители… оваа одлука на ФИНКИ има потенцијал да го задуши самиот раст и партнерствата меѓу образовните институции и стопанството, што свесните веќе со години го негуваат. Воведувањето на еден вид на „данок на таленти“ за компаниите што сакаат да понудат практикантски програми е погрешен чекор што создава непотребни пречки за нашата идна работна сила.

Иако може да набројам десетици причини зошто оваа одлука е штетна за целиот образовен систем и сите сме засегнати, а најмногу студентите, ќе се осврнам само на неколку:

Одлуката на ФИНКИ создава двоен систем


Таа ги става во неповолна положба студентите што нема да се снајдат да обезбедат практикантска програма кај компаниите партнери на ФИНКИ. Што ќе се случи ако само мал број компании прифатат ваков тип на соработка? Каде ќе имаат пракса илјадниците студенти на ФИНКИ? Ова не само што го ограничува нивното практично искуство, туку и испраќа порака дека талентот се цени само ако доаѓа со висока цена. Дали е ова пораката што сакаме да им ја испратиме на нашите идни иноватори? Друго прашање е и како овој систем, базиран на плаќање, ќе создаде квалитетна практикантска програма?
Компаниите пак, што сакаат да понудат студентска пракса сега се предмет на финансиска бариера. Овој систем на нивоа, со пакети кои се движат од скромни до екстравагантни цени, создава загрижувачка стратификација. Замена, на еден систем базиран на соработка со систем кој дава приоритет на финансиските мускули, наспроти суровиот потенцијал.

Времето на оваа одлука не може да биде полошо


Глобалната технолошка индустрија се соочува со несигурно време. И овде, во Македонија, ИТ-компаниите веќе ја чувствуваат кризата. Воведувањето дополнителна финансиска бариера во овој критичен момент ќе ги обесхрабри компаниите да примаат практиканти. Системот „ќе ти дадам студенти за пракса ако платиш“, гарантирам дека нема да успее. Компаниите, кои веќе се движат низ предизвикувачка економска клима, може да бидат принудени да ги преиспитаат своите програми за пракса. Резултатот од сето ова може да бидецкомпании лишени од квалификуваната работна сила и студенти без можноси за пракса и вработување.

Ова не е само прашање на трошоци


ФИНКИ како јавен универзитет исто така веќе добива државно финансирање. Компаниите придонесуваат со плаќањето даноци токму и во тој фонд. Ова создава ситуација на двојно оданочување за компаниите.
Прочитав коментари за одлукава и дека 500 евра годишно е симболична сума за компаниите. Но, тука, веќе не станува збор за сумата, туку за уцената. Не може да постои партнерство во систем базиран на ваква „соработка“. Што ако по истиов пат тргнат сите факултети во Македонија? Секоја компанија без оглед на тоа од кој сектор доаѓа, да мора да плати за да прими практикатни-студенти и да им обезбеди ментори, услови за таа пракса? Нама да има друг епилог, освен тотален колапс на системот на практикантски програми за студентите во земјава. 

Праксата е цврст мост помеѓу училницата и реалниот свет


Каде ќе одиме на пракса летово, во која компанија? Ова е прашањето што го добиваме од нашите студенти во последниве неколку месеци. Неуморни се! Прашуваат додека се трудат да ги положат последните испити, работат на реални проекти за компании и се спремаат за голем хакатон во јуни на кој ќе градат нов продукт за клиент. Не прашуваат дали и како ќе најдат пракса, туку КАДЕ ние ќе ги пратиме на пракса?

Многу би сакал да сум на местото на нашите студенти од Braintster Next College и да имам вакви можности и предизвици додека студирам.

Од друга страна, замислувам како е да сум студент на факултет кој САМ ме пушта да барам задолжителна пракса и тоа САМО во компании што му платиле годишно спонзорство. Не сакам да сум на нивното место!

Токму затоа, апелирам ФИНКИ да ја преиспита оваа одлука. Ги советувам, веднаш да ја повлечат. Со еден потег ѝ го попречуваат патот на индустријата да дојде до таленти, a им прават сопка на своите студенти да дојдат до вработување и пракса. 

Изберете соработка наместо конкуренција, пристапност наместо исклучување.

Пишува: Петар Ниновски, основач на Brainster и Brainster Next College

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!