Search
Контакт

Од кошаркарскиот терен во светот на кодирањето

Христина Ристова, матурантка од Радовиш, ја препознава огромната моќ на технологијата во нашиот свет, ги прифаќа можностите за брзо учење и глобалното поврзување што го овозможува дигиталната ера.
zapoznaj-gi-studentite-hristina-ristova | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Запознајте ја Христина, нова студентка на Brainster Next College која едвај чека да го започне своето патување како софтверски инженер! Таа со себе носи цврста основа од средното училиште „Коста Сусинов“ во Радовиш, каде што запознала доживотни пријатели и научила вредни лекции за истрајноста.

Интересот на Христина за технологијата и нејзината постојана развојна природа ја привлекоа кон Brainster Next College. Таа го гледа иновативниот пристап на нашето образование како моќ што ќе и донесе многу успеси. Возбудена е што ќе учи од искусни професори и соработници, а притоа ќе се развива во заедница со истомисленици.

Христина ја препознава огромната моќ на технологијата во нашиот свет, ги прифаќа можностите за брзо учење и глобалното поврзување што го овозможува дигиталната ера. 

Запознајте ја Христина Ристова, наша студентка која во октомври ќе ги започне студиите по Софтверско инженерство и иновации. 

Христина, ни доаѓаш од средното СОУ„Коста Сусинов“ – Радовиш. Со какви спомени си одиш од ова училиште?

– Моето средно образование го започнaв онлајн, останатите три години многу брзо ми поминаа. Од моето средно училиште си заминувам со спомени кои долго ќе ме навраќаат на моите пријатели во средношколски денови, професори кои беа истрајни со нас, трудејќи се да ни го пренесат целото знаење кое ќе не усмери во периодот што следи.  

Како досегашното твое образование влијаше на твојот развој како личност, кои се најважите лекции што ги научи?

– Периодот кога се изградуваме како личности и имаме доста потешкотии во преминувањето од тинејџери во млади возрасни личности, и те како има влијание врз целокупниот развој. Научив дека треба да сум истрајна во нештата, трудејки се да дојдам до посакуваните резултати.


Ако сакаш предизвици, да учиш во средина која негува практично образование, аплицирај за последниот уписен рок на Brainster Next College!


Зошто го избра токму Brainster Next College за твоето идно образование кон софтверското инженерство?

– Отсекогаш сум имала интерес за поразлични кариерни патишта. Иако програмирањето сега е во подем, овој факултет е поразличен од другите во нашата држава и сметам дека можам многу да научам и успеам со помош на професорите и останатите што се дел од Brainster Next College. Очекувам да научам колку што можам повеќе во делот на софтверското инженерство, да напредувам во работната средина што ја нуди овој колеџ. Се разбира и да го завршам образованието со нови познанства и знаења што ќе ми ги нудат идните професори, за да бидам спремна за мојот следен чекор како инженер.

Како гледаш на влијанието на технологијата на твојата идна кариера или образовен пат?

– Технологијата во мојот живот ја ставам помеѓу најбитните фактори за развој генерално. Таа е еден од најглавнте двигатели на целиот свет, па така и за мене е еден од најважните фактори во животот. Технологијата ја гледам не само како моја, туку иднина на сите нас.

Кои се некои од најголемите предности и предизвици на твојата генерација да се биде роден во ова време?

– Најголеми предности да се биде роден во ова време е што живееме во доста дигитализирано време, имаме достапност до многу информации што ни овозможува да бидеме во тек со светот и рапидно да напредуваме. Предизвик ни е што треба да бидеме во тек со сите новости и да одржуваме кондиција во следењето на тие нови нешта што ги добиваме секојдневно пред нашите екрани.

Како одржуваш здрава рамнотежа помеѓу твојот дигитален живот и реалниот свет?

– Многу е тешко да се одржува здрава рамнотежа помеѓу дигиталниот и реалниот свет, особено во Ковид-периодот кадешто бевме изолирани и во постојан контакт со технологијата. Но со добар распоред на времето и желба за спорт ја одржувам таа рамнотежа.

Кои се твоите размислувања за новите технологии како вештачката интелигенција или виртуелната реалност?

– Новите технологии се знак дека светот напредува, не стоиме во место и тоа е добро бидејќи имаме константно нешто ново да учиме не само да го создаваме туку и да го користиме. Според мене тоа е почеток на нешто ново што следува во иднината.

Како ја замислуваш иднината на едукацијата, кои промени сакаш да ги видиш во традиционалниот наш едукативен систем?

– Иднината на едукацијата треба да има баланс помеѓу забавен и лесен начин на добивање на информации и практичен начин на примена на истите. Според мене треба да се стави голем акцент на практични искуства во учењето.

Ни спомна дека спортуваш кошарка. Може ли да ни откриеш на кој начин овој спорт те изгради како личност?

– Спортував многу време, од својата 8-ма година се занимавав со кошарка сѐ до мојата 18-та година и преку тоа добив доста дисциплина и почуствував како е да се има повеќе обврски и како да се балансираат. Но, најважно од сѐ е што научив е како да си лидер на една група соиграчи кои пред сѐ ми беа и другарки и да ги водиш до успех и напредување во и надвор од теренот. Иако ми завршија кошаркарските денови, пак гледам да бидам активна и да одржувам здраво тело како и досега.


Ако сакаш предизвици, да учиш во средина која негува практично образование, аплицирај за последниот уписен рок на Brainster Next College!


Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!