Brainster Next College – место за развој на студентите и академско докажување на професорите

Ги прашавме професорите и вработените што е NEXT за нив? Прочитај зошто ова е посебно место во кое се развиваат и студентите и професорите.
mesto-razvoj-studenti-profesori | Softversko inzenerstvo i inovacii | UX/UI i graficki | Brainster Next College
Share

„Игралиште за студенти, професори, вработени и компании што сакаат да го променат светот, револуција во македонското високо образование. Kолеџ на кој студентите всушност учат што се случува во реалниот свет, место во кое растат и студентите и професорите, факултетот што го барав кога почнував со студиите“… 

Ова се само дел од интересните одговори што ги добивме од вработените и професорите што предаваат на првиот практичен ИТ-факултет, Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) на прашањето што за нив претставува ова место.

Нашиот факултет функционира сосема различно од типичните традиционални високообразовни институции кај нас. Нема учење само теорија, нема досадни предавања без практична употреба на знаењето. Ние сме сосема поинакви!  

Нашите две студиски програми, Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн се иновативни, up-to-date, уникатни и вистински предизвик за студентите.

Студенти од прва година, презентираат реален проект пред колегите од прва

Фокусот е на праксата со цел студентите да се здобијат со практични вештини кои ги бараат ИТ и технолошките компании. Тоа не значи дека не се учи теорија, туку дека теоријата е во контекст на практичниот дел во кој се изучуваат најновите технологии и се употребува најнова литература.

Работа на реални проекти, пракса во ИТ-компании, целосно имплементиран предмет во соработка со компанија партнер од индустријата, учество на хакатони на кои за 48 часа нашите студенти прават апликации… Потребно е многу, труд и учење, за да се биде во тек со студиите. Овој предизвик не е за сите!


Ако си доволно храбар и мотивиран да учиш на Brainster Next College, реши го приемниот тест за упис!


Што е NEXT за професорите и вработените?

За Петар Ниновски, основачот на Brainster и на Brainster Next College, факултетот е заедница на студенти, професори, вработени и компании што сакаат да го променат светот.

„Ние ги подготвуваме поединците за кариерите на 21 век! Со помош на практично образование со највисок квалитет, помош во процесот на вработување, иновации, истражувања и сервиси им помагаме на студентите да се остварат во посакуваната кариера, додека го поддржуваме напредокот на организациите и државата“, вели Ниновски.

Петар Ниновски

Тој е сигурен во квалитетното образование што го нуди факултетот, поради иновациите што за првпат се имплементираат во високото образование кај нас.


„Преку програмата за соработка со индустријата нашите студенти имаат шанса да работат на проекти за компании уште од прва година. Со Предмет од индустрија нашите студенти добиваат шанса да учат директно од експерти од индустријата. Имаме и практиканска програма со која студентите покрај тоа што се директно изложени пред компаниите, од прва рака гледаат како е да се работи во ИТ-индустријата“.

Покрај ова, нашите студенти имаат и на кого да се потпрат во текот на студиите бидејќи ние немаме класични административни „студентски прашања“, туку Student Sucsess тим што постојано ги следи студентите.

Со помош на програмата за иновации нашите студенти користат најнапредна технологија во процесот за учење во која како партнери ни се вклучени компаниите.


Ако си доволно храбар и мотивиран да учиш на Brainster Next College, реши го приемниот тест за упис!


Професорот Ивица Пешовски, кој е еден од омилените кај нашите студенти, исто така го води и тимот за иновации, заслужен за технолошкиот развој на нашиот основач Brainster, како и на факултетот. За него, покрај тоа што Brainster Next College е место за развој и напредок на студентите, исто така е и место за академско докажување на професорите“.


„Тука имаме слобода за работа на современи едукативни модели и да предизивикаме некои од длабоко вкоренетите неефикасни практики во образовниот процес. Поговорката вели дека светот им останува на младите. Ние работиме на тоа на светот да му оставиме млади, кои со знаењето што го добиваат тука, ќе бидат инженери на нашата колективна иднина. Не само што ја едуцираме идната генерација на академски граѓани, ние соработуваме со нив за заедно да го обликуваме светот во кој ќе живееме. Тоа е за мене Brainster Next College“, вели Пешовски.

Ивица Пешовски

Тука нема најпаметни, сите учиме еден од друг

За професорката Анја М. Макеска, која исто така го води и маркетинг тимот на Brainster и Brainster Next, ова е првиот колеџ на кој студентите всушност учат што се случува во реалниот свет. Тука буквално доживуваат што ги чека кога ќе влезат на работа. Како го правиме тоа?

„Учат од програмери експерти што секој ден пред да стапнат на час всушност кодираат. Учат од дизајнери што секој ден пред да стапнат на час всушност цртаат, брендираат, маркетираат, дизајнираат. Учат од бизнис-менаџери што несебично ги откриваат сите искуства и предизвици од секојдневното водење на бизнис“, вели таа.

Анја.М.Макеска

Но, сепак најважно е што учат едни од други. Еве и зошто:

„Невронауката и истражувањата покажуваат дека peer to peer е докажано нејфикасниот (најдобриот) метод за учење. Ако си најпаметниот во друштво, тогаш си во лошо друштво. Кај нас во Brainster Next нема најпаметни, сите учиме едни од други. Им благодарам на студентите од прва и втора година зашто беа отворени да го споделуваат своето искуство, своите знаења и своите мислења со мене. Ива, Ангела, Наум, Даниел, Драган, Кристијан, Јoван, Атанасија, Давид, Филип… Не можам да ве набројам сите, ќе треба да останеме до утре. Ви благодарам“.



Револуција во високото образование

Со нашата иновативна програма и практично учење, направивме револуција во образованието. Токму вака го доживува факултетот, генералниот менаџер Александар Клашниновски. Тој додадва дека ние функционираме различно од сите други факултети или универзитети кај нас. 

„Во срцевината на колеџот е практичното образование бидејќи целата наша програма е креирана во согласност со потребите на индустријата. Практичното образование го имплементираме со употреба на методологија на учење преку реални проекти каде што нашите студенти цело време решаваат проблеми и имплементираат решенија за реални клиенти или реални ситуации. Тоа изискува посебен тип на професори кои доаѓаат од ИТ- индустријата и кои секојдневно го работат тоа што го предаваат со цел студентите да се стекнат со знаења и вештини директно од професори-практичари“, вели Клашниновски. 

Александар Клашниновски

Покрај стандардните предмети, ние сме единствен факултет со предмети од индустрија каде што директно вработени од ИТ-компаниите во соработка со нашите професори го креираат силабусот на предметот базирано на нивните технологии и работни практики при што студентите работаат во тимови на проект зададен од компанијата.

По завршување на студиската година, за време на летниот период сите студенти кои ги исполнуваат условите добиваат пракса или практична програма организирана од ИТ-компанија. Ова го правиме со цел практичните знаења и вештини кои ги научиле во текот на студиската година, да ги имплементираат во реална средина и компанија. Затоа сме единствена високообразовна институција во Македонија која ги спојува индустријата и образованието со цел креирање на кадри во согласност со потребите на компаниите.

За Јана Тодоровска, која го води тимот Partnerships кој е целосно посветен на парнерствата со компаниите Brainster Next College е она што неа ѝ требало кога ја правела една од најтешките одлуки во животот – изборот на факултет. Но, факултет насочен кон НЕА и НЕЈЗИНИТЕ потреби, гледиштата кон кариерата, нејзините аспирации.

„Најважно факултет кој e во согласност со она што е барано во индустријата, факултет кој ќе ми даде сигурност при барањето на работа. Со целосно практична и industry focused програма, Brainster Next е единствениот колеџ во земјава и подалеку, кој активно соработува со повеќе од 100+ компании, единствениот колеџ кој во академскиот календар има предмет предаван од страна на ТОП 10-ИТ компании во земјава. Со ова, сигурното трасирање на кариернот пат на секој студент што ќе се одлучи да се вложи, да учи и да расте заедно со нас е неминовно“, вели Јана.

Приемниот тест за годинешниот упис на првиот практичен ИТ-факултет Brainster Next College, со кој може да се добие и можноста за бесплатни студии сѐ до вработувањето e достапен до 27 мај.

И оваа година Brainster Next College вложува 1.2 милиони евра во финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработување“, кој им овозможува на идните студенти целосно да го завршат факултетот без да платат ниту денар, а да почнат да плаќаат по вработување или дипломирање на бескаматни рати.


Ако си доволно храбар и мотивиран да учиш на Brainster Next College, реши го приемниот тест за упис!


Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Приемниот тест е отворен!

      Студирај бесплатно на Brainster Next факултет

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!