Search
Контакт

Топ 5 причини зошто да не аплицираш на Brainster Next College!

Приемниот тест за упис на Brainster Next College е отворен. Но, овој предизвик не е за секој. Зошто треба да размислиш, пред да аплицираш
top-5-pricini-da-ne-apliciras | Softversko inzenerstvo i inovacii | UX/UI i graficki
Share

Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), првиот практичен ИТ- факултет не е вообичаена високообразовна институција, ниту сме место за млади кои се задоволуваат со просечното. 

Ова не е факултет за студенти што тежнеат кон конфорт зона и предвидливост. Ако бараш место на кое не треба да покажеш амбиција, талент, посветеност и само ќе чекаш да ги положиш испитите, ќе те разочараме.

Brainster Next College е за оние што размислуваат различно, што сакаат да решаваат проблеми за кои другите сметаат дека се нерешливи. За оние што сакаат да водат, не да следат, што сакаат да менуваат, не да прифаќаат. За оние што сакаат да создаваат. Што се љубопитни!

Brainster Next College не е за сите! 

Прочитај ги 5-те причини зошто не треба да аплицираш, односно да размислиш дали ова е за тебе!


1. Тежок admission процес 

Тоа што сме единствениот практичен ИТ-факултет во земјава и само ние ја нудиме финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“ не се единствените нешта што нѐ прават поинакви. Се разликуваме и по начинот на кој ги запишуваме нашите студенти. За да станеш дел од нашата заедница, потребно е да го решиш приемниот тест онлајн, но со максимална посветеност. 

Тестот ќе биде отворен повторно за последниот уписен рок. До повторно отварање на тестот може да аплицираш за последниот уписен рок. За приемниот, треба да одговориш на вкупно 40 прашања кои ќе ги стават на тест твоите вештини и компетенции, за време од 45 минути.

Потоа, ако добиеш потребен број на бодови, ќе те побараат од нашиот admission тим за да ти закажат интервју на кое ќе треба да покажеш дека си спремен да го прифатиш нашиот начин на едукација за да сме сигурни дека си вистинскиот кандидат за овој предизвик.

Лани, само 42% од апликантите го поминаа admission процесот. Нашиот упис исто така почнува порано, со можност да си резервираш место и да потпишеш договор уште сега.

2. Не е лесно. You gotta keep up! Учење, учење, учење…

„На почетокот беше поинтензивно и пребрзо, но потоа кога се навикнав одеше полесно, сепак беше многу интересно. Совет за сите идни студенти би бил да не се опуштаат, мислејќи дека факултетот е приватен и дека ќе биде лесно“.

Ова е изјава на нашиот студент Марко Велиновски кој е втора година на студиската програма Софтверско инженерство и иновации на прашање како се снаоѓа со интензивниот начин на учење и практичната работа, која кажува на што треба да се спремни нашите идни студенти.

Марко Велиновски со тимот на презентација во Intertec

Атанасија Ѓоргиевски, која прва година успеа да ја заврши со просек 10 и сега продолжува со успеси и во втора година, вели дека сегашниот пејзаж на софтверското инженерство се одликува со брзи технолошки промени кои можат да бидат комплексни, особено кога се вклучувате во интензивни програми како Brainster Next College. 

„Интензивните програми бараат добро организирање и временско менаџирање, негување на креативноста, како и активно учење. Од сеопфатното учење, практичната работа е најважниот дел. На сите идни студенти би им порачала да не остануваат во нивната зона на комфор, да експериментираат со аплицирање знаења на реални проекти кои ги нуди Brainster Next College и секогаш да бидат отворени за нови искуства “, вели таа.


Ако овој начин на образование, ти е предизвик, аплицирај за последниот уписен рок на Brainster Next College. Dare to try!


Дали е јасно во што треба да се впуштиш? Часови и часови поминати во кодирање, многу непроспиени ноќи заради завршување на проекти. Нашата образовна методологија креирана согласно потребите на глобалната ИТ- индустрија бара строги стандарди при нејзината имплементација. 

„Не се запишувајте на Brainster Next College ако не сте подготвени за интензивна и динамична образовна средина која константно ќе ве предизвикува и турка до вашите лимити, која побарува редовно присуство и интеракција со вашите ментори и професори и заради која ќе имате многу непроспиени ноќи поминати во кодирање и дизајнирање“, вели Александар Клашниновски, генерален менаџер на факултетот. 

3. Не гарантираме дека секој ќе добие диплома

Во Brainster Next College не делиме „награди“ само за учество. Ние веруваме во тоа дека оценката треба да се заработи, и тоа со многу труд и да покажете апликативно знаење. За да добиете диплома од Brainster Next College треба да докажете дека го имате она што е потребно за да напредувате во реалниот свет. Ако барате загарантирана диплома, само за да се појавите на факултет, побарајте ја на друго место. Во Brainster Next College, успехoт зависи само од тебе.

„Не дека професорите не може да ни дадат задача колку само да го поминеме испитот. Јас сум им благодарна што го прават спротивното. Секој предизвик е потежок и потежок. На почетокот се нервирав и плачев кога ќе паднев на испит, додека не сфатив дека треба да научам, за мое добро е, за да бидам подобра во работата кога ќе дипломирам, ни раскажа студентката Марија Котеска.  

4. Нема одмор за време на лето

Некои од нашите студенти избрираат да не одмараат ниту во текот на летото. Наместо одмор, оние што ќе исполнат одредени критериуми, одат на летна пракса во компании. Со праксите и практикантските програми, нашите студенти поминуваат од 1 до 3 месеци во ИТ-компаниите кои се партнери на колеџот. Таму се менторираат и работат во тимови од искусни професионалци. 

Стефан Хаџи-Ефтимов и Владимир Гелов лани летото го поминаа на пракса во компанијата „Tabletmenukaart“. 

„За време на праксата имав задача да направам систем за апликација за резервирање. Со праксата сфатив дека можам да направам цела апликација што наскоро ќе биде пуштена во локалните ресторани за тестирање. Секако дека имав потешкотии и несигурност кога ќе се појавеше одреден проблем, но тука беа поискусните програмери што секогаш беа расположени да ни помогнат“, ни сподели Стефан.

Стефан Хаџи-Ефтимов

Ако овој начин на образование, ти е предизвик, аплицирај за последниот уписен рок на Brainster Next College. Dare to try!


5. Ќе мора да играш тимски, за 48 часа да креираш апликации

За да им овозможиме уникатно и неверојатно искуство на нашите студенти употребуваме една од најмоќните „алатки“ за стекнување на знаење, справување со предизвици и решавање на реални проблеми, излегувајќи од традиционалниот амбиент што го нуди училницата, учество на 48-часовен хакатон во живо.

Хакатоните се настани на кои во рок од само 48 часа студентите ги претвораат иновативните идеи во функционални решенија. Brainster Next College е единствениот факултет во Македонија кој им овозможува на своите студенти директно учество во овие предизвици, каде што со тимска работа, под голем стрес и притисок се создаваат решенија кои стануваат дел од нивното портфолио. 

Вакви хакатони досега сме организирале во партнерство со:

  • SCiDEV Албанија – хакатон на кој нашите студенти учествуваа во креирањето веб-платформа преку која сега се организираат најголемите хакатони во регионов.
  • Стартапот AirCare – хакатон на кој нашите студенти ја креираа апликацијата Breathe.mk чија цел е пријавување загадување на воздухот во Скопје.
  • Ways2Help – заедно со Women in Tech Macedonia на кој нашите студенти учествуваа во изработка на апликација за поддршка и помош на социјално загрозени семејства и донации за лекување. 

Дамјан Петрушевски е наш студент за кого Scidev хакатонот беше прво учество на хакатон во живо.

„Ова искуство го сметам како learning curve, многу интензивно и за кратко време научив доста работи што не сум ги знаел. Сакам да им порачам на сите други што сакаат да учествуваат да не се плашат, секогаш ќе имаме поддршка од менторите. Најбитно од сѐ, што се покажа битно за нас, беше да се погодиме и синхронизираме во тимот. QA тестерите на пример, многу ни помогнаа да дојдеме до главни заклучоци за нашиот проект“, ни раскажа тој.

So, are you still with us?

Ако овие 5 причини не те исплашија, тогаш можеби во тебе има решителност и копнеж по извонредното и сакаш да ги поместуваш границите.

Во меѓувреме, прочитај ги и ТОП 5 причините зошто треба да аплицираш на Brainster Next College!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!